Ч Е Н Т О
Методија Андонов
- Член од
- 3 јули 2008
- Мислења
- 1.698
- Поени од реакции
- 1.612
Кон крајот на Втората Светска Војна (ВСВ) на Бугарија и Бугарите непринципиелно и опортунистички им беше дозволена шансата не само такаречи преку ноќ да ја променат страната, туку и да не сносат никакви последици и неказнето да поминат за своето 3 и пол годишно активно фашистичко однесување пред се во Македонија и пошироко на Балканот.
Протоколот со кој Бугарија официјално се придружи кон силите на фашистичката оска во ВСВ
Причината за ваквиот пресврт лежи пред се во генералното слабеење на позициите и веќе јасното губење на војната од страна на бугарскиот ментор Хитлер и наци-фашистичка Германија, но директните заслуги и што се вели "одработувањето на терен" на таквата лесна превртливост на Бугарија и не сносењето никакви последици за 3 и пол годишното фашистичко однесување и го овозможија пред се:
- Бугарските кадри на високи позиции во Коминтерната уште од пред почетокот и за време на првите години на ВСВ меѓу кои најзначајни се Ѓорѓи Димитров и Васил Коларов.
- Политиката и интересите на СССР и неговата потреба, идентично како на царска Русија од времето на 19 век, на Балканот да создаде една држава-сателит под негова директна и целосна контрола (иако во договорот со Черчил, Сталин се сложи на делумно западно влијание во сооднос 90%-10% во полза на СССР)
- Наивната идеја (пред се' последица на влијанието и уверувањата од СССР) на Тито и врхушката на "новата Југославија" која тогаш беше во зародиш (во чии редови нема ниеден Македонец) за некакви добрососедски односи и подобра и поуспешна иднина при што им се дозволува на единиците на бугарската војска која предходно служеше како потрчко на Хитлер да учествува во воените операции за негово сузбивање и протерување од просторот на Балканот, и најеклатантно во едностраното и спротивно на барањето на западните сојузници ОТПИШУВАЊЕ (пак без македонска дозвола или прашање) на репарацијата т.е. долговите предвидени за исплата на штетите од 3 и пол годишното фашистичко однесување.
Во таквата светска констелација и буквално неказнета за своите фашистички злодела од ВСВ се роди и почна да егзистира новата Бугарија на чело со Ѓорѓи Димитров. Во првите години се прават напори за соработка и се бутка идејата за правење "Балканска Федерација" за што првично поддршка дава и Сталин, за потоа изрично да бара да се одложи и заборави таквиот план. Разврската доаѓа во летото 1948 години со резолуцијата на Информбирото за Југославија со која односите се влошуваат до степен на можна воена интервенција од страна на силите на "народните демократии" (земјите од т.н. источен блок) на чело со СССР против Југославија. Внатре пак во Југославија Тито и неговата клика брутално се пресметува со сите свои непријатели по разно-разни основи, пришто страдаат многу македонски патриоти. Во истото време Бугарија која веќе од тогаш го носи епитетот "најверен сателит на СССР" ја дочекува информацијата за смртта (под неразјаснети околности, можно убиство со труење) на својот водач Ѓорѓи Димитров. Уште од тогаш почнуваат никулците на повампирениот бугарски национал-шовинизам спрема Македонија и Македонците, но тоа ќе тлее се до крајот на 50-тите, а ќе експлодира во текот на 60-тите и 70-тите години од 20 век.
За целото време поранешниот поданички статус и верното служење на Хитлеровска наци-фашистичка Германија Бугарија шизофрено си го заменува со станувањето најверен сателит на СССР, епитет што не може да и го одземе ни Источна Германија.
"Дружба сеопфатна, сепрониклива"
Во 1968 година насекаде по светот почнуваат масовни протести против тогашниот естаблишмент на чие чело во најголема мера стојат студентите и прогресивната младина родени после крајот на ВСВ.
Истата година во рамките на источниот блок најдемократски и спонтано во Чехословачка доаѓа до т.н. "Прашка Пролет" со која се предвидуваат сериозни промени и демократизација на нивното општество и се заговара воведување на слободни избори и плурализам.
Еве како Бугарија им "помогна" на Чесите и Словаците во 1968 година:
Следната 1969 година, во издание на Универзитетот во Москва излегува од печат подолго подготвуваната книга со наслов "Историја јужных и западных славјан" на чии страници внимание им е посветено и на Македонија и на Македонците.
Еве да прочитаме што пишува таму:
Историја јужных и западных славјан
Изданието на книгата доведува бугарските национал-шовинистички кругови да збеснат зашто не им се верува како е можно нивните баќушки од Великаја Матушка Русија на кои така верно им служат вака да ги минираат нивните апетити, при што одат дотаму да побараат книгата да се повлече и забрани. За ова дознаваат дури и странските дописници и ги известуваат западните земји, арно ама книгата нема да биде повлечена или забранета.
Набргу епизодата е заборавена и се' си продолжува по старо, при што бугарската пропаганда и изблици на национал-шовинизам во текот на 70-тите си продолжуваат, а односите со СССР стануваат уште поблиски.
Дека си бе бај Тодорче!
Ела ми ваму да се целувнеме!
Еве еден напис во The New York Times од април 1976 година што одлично ја отсликува ситуацијата во Бугарија во тие години:
Превод:
"Бугарските Комунисти го бираат Живков да го продолжи лидерството.
Софија, Бугарија, Април 2.
Тодор Живков, чијшто мандат како лидер на една Комунистичка Партија го надмашува било чиј во рамките на Советскиот блок, денеска беше прогласен за лидер на Бугарската Комунистичка Партија за уште пет нови години.
Г-дин Живков, којшто е на 64 годишна возраст денес го заврши 11-тиот конгрес на неговата партија со пеење на руска песна, фатен рака под рака со Фјодор Д. Кулаков, член на Советското Политбиро којшто ја предводеше делегацијата од Москва на конгресот.
Три членови на владеачкото Политбиро на бугарската партија, Тодор Павлов, Иван Попов и Живко Живков беа неразјаснето отпуштени, намалувајќи го бројот на тоа тело на девет. Бугорки службеници рекоа дека намалувањето на големината ќе придонесе за поголема ефикасност при гласањето во Политбирото.
Без политичко значење
Но отстранувањето на трите члена нема моментално воочливо политичко значење.
Јасно е дека Бугарија ќе остане најверниот сојузник на Москва во Европа. Бугарските домашни политики ќе останат авторитарни како и секогаш, а г-дин Живков буквално останува нивниот национален апсолутен владетел.
Како што е вообичаено, процедурата и гласањата на партискиот конгрес, коишто теоретски се највисок израз на "социјалистичката демократија" беа едногласни.
Излагањето на г-дин Живков на конгресот беше испечатено однапред, во форма на книга, којашто беше поделена откако тој го заврши својот говор. Книгата завршува со назнаката, која е исто така отпечатена предходно, во која се вели: "Излагањето беше често прекинувано од спонтан аплауз, а по неговото завршување беше проследено со громогласен, оддолжен, непрекинат аплауз што се претвори во овација."
Г-дин Живков стана прв секретар на неговата партија во 1954 година, после смртта на Сталин. Тој беше одреден за врвното партиско место од неговиот предходник В'лко Червенков, когошто успеа да го отстрани во чистката што ја спроведе седум години подоцна."
Целиот напис, ама особено болдираното со црвено на најеклатантен начин ја опишува ситуацијата во соседна Бугарија на чело со бај Тодорче Живков.