Македонците во Австралија повеќе не се “славо-македонци“

  • Креатор на темата Креатор на темата arheolog
  • Време на започнување Време на започнување
Не е баш во склоп со темава но Груевски утре има средба со Меркел во Берлин, се надевам и таму ќе успее да добие нешто.. и така и се стилени Германците во последно време на Грција со ова кредитиве и финансиската криза па може ќе ја притиснат за наш влез барем во НАТО ..

Се извинувам за офф-топикот ама сега ќе има прес конференција еве линк за во живо: https://www.bundesregierung.de/Webs/Breg/DE/Service/Livestream/_node.html
 

Види, мене ми е јасно како си играат големите држави, но некако чудно ми е што баш пред НАТО самитот во Чикаго им текнало на нас. Сите бараат од нас компромисно решение, значи бараат промена на името. Лош компромис, со кој јас никогаш нема да се согласам.
 
Види, мене ми е јасно како си играат големите држави, но некако чудно ми е што баш пред НАТО самитот во Чикаго им текнало на нас. Сите бараат од нас компромисно решение, значи бараат промена на името. Лош компромис, со кој јас никогаш нема да се согласам.
Како и повеќето во државава што нема да дозволат, значи нема од што да се плашиме. И на крајот на краиштата ако стварно беше причина референдумот САД да не признае под уставно име, тогаш ... и тоа е успех.
 
Откако Славомакедонците конечно станаа Македонци во Австралија, се исплашија Грците од дијаспората, па бараа објаснување од австралиското МНР.Портпаролот, за грчкиот весник Неос Космос, што излегува во Австралија, го потврдува истото она што минатат недела го соопшти австралиско-македонскиот комитет за човекови права, повлекување на Директивата -„Славомакедонското административно циркуларно писмо“ од 1994та.

Грците од Австралија повлекувањето а оваа директива веднаш го поврзале со промена на политиката на австралиската влада во однос на нашето уставно име, па побарале од министерството за надворешни работи дополнително објаснување, дали и одлуката од 1994та за употреба на ФИРОМ за нашата земја, ќе се промени.

„Владата е свесна за чувствителноста на заедницата во однос на прашањето за името, но нема промени во политиката. Употребата на името Поранешна Југословенска Република Македонија од страна на Австралија ја следи праксата на Обединетите нации и е привремена мерка додека се чека решение на спорот помеѓу владите на Скопје и Атина.“ - објаснуваат од австралиското МНР, за весникот Неос Космос.

Портпаролот на министерството додава дека Австралија ги охрабрува инволвираните страни да работат конструктивно и да ги надминат разликите со помош на медијаторот Метју Нимиц.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=87365
 
Епа грчкото лоби е во криза и нема веќе кој да лобира во Австралија
 
не е баш муабетов за темава... ама (авс)оштралија се спомиња, па еве еден наш северен сосед во австралија, со јака желба за живот... о да, и не само желба, туку и полн е со живот...
http://www.youtube.com/watch?v=WeTNubAC3PU&feature=player_embedded

да бидеш силен да живееш и да си полн со надеж, желба и воља за живот... плус и југословен е т.е. србин во далечната оштралија... како викаат... надежта последна умира...

човеков на крај и се ожени... и нема намера да му се предаде на животот... АЛАЛ ДА МУ Е!!!!!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom