Македонците во Австралија повеќе не се “славо-македонци“

  • Креатор на темата Креатор на темата arheolog
  • Време на започнување Време на започнување
Што би рекла AnFem "Напалени фашизоидни националисти" :pos:

Алелуја за потегот на Австралија....и се надевам дека конечно македонците нема веќе да одат со наведната глава....време е за позитивни промени,кои некој душмани како Гејлада ни ги кочеа.
 
Да не има некој
Сега,следен чекор очекувам признавање од Австралија.И ова со 80.000 Маќедонци во Австралија,некако ми е малку.
Како и да е супер вест.

Овцијалната проценка е 48577, што јас сметам дека и тоа не е точно
 
Конечно. Еден чекор поблиску до признавање под уставното име.

Не знам како ќе бидам сфатена, многу ме радува оваа вест, ама мене нешто ми смрди овде...
Да потсетам дека пред да се гласа на референдумот против територијалната поделба, САД не „признаа“ како Македонија. Се плашам да не ни спремаат и сега нешто. Барам низ нетов, ама се` уште нема никаква реакција од јужниве. Не ми мириса на нешто арно. Знаејќи колку е силно јужново лоби таму - тишинава ме убива! Само нека е на арно!
 
Ова е навистина убава вест, бидејќи имам семејство таму многу ме радува. Огромен проблем е што степенот на образование на Македонците во Австралија е многу мал, треба да се поработи повеќе на образованието.

Семејство имаш таму?
Колку семејства имаш ти, ако не е тајна?
 
Чекор по чекор... Се ке си дојде на место , вистината е тука само време треба дур ја осознаат сите! Честитки за македонските здруженија од Австралија , и нека е за арно :D
 
Одличен чекор и ептен позитивна вест. Иако, јас искрено очекував ова кога - тогаш да се случи. Факт е дека во Австралија има многу Македонци и македонската заедница е можеби и најбројна таму, барем според она што јас го имам прочитано наваму-натаму. Тоа е она што нам ни е потребно. Јако лоби. Се додека имаме јако лоби и постојано, нападно и успешно лобирање, нема да ги имаме зафрканциите што ги имаме на меѓународен план. Според мене, до сега македонската дијаспора и македонското лоби беа прилично безгласни и отсутни од меѓународната сцена т.е јавност. Не велам дека ништо не се правело, само велам го немало тоа застапено во медиумите. Ова е она што ни е потребно, сега кога грчкото лоби е моментално во застој (а сите знаеме дека нивното лоби е екстремно јако и влијателно), ова треба да го искористиме и да лобираме максимално и да искористиме се што може да се искористи. Доколку и Австралија нe' признае под Уставно име, тоа би било одличен успех на меѓународен план и би бил значителен чекор нанапред за Македонија во меѓународните односи. Чекор по чекор, градиме меѓународен кредибилитет. Тоа е она што ни е потребно. Кога имаш кредибилитет и пари (а ние ова второво сега за сега го немаме), меѓународната политичка сцена има многу “повеќе разбирање“.
 
Не е баш во склоп со темава но Груевски утре има средба со Меркел во Берлин, се надевам и таму ќе успее да добие нешто.. и така и се стилени Германците во последно време на Грција со ова кредитиве и финансиската криза па може ќе ја притиснат за наш влез барем во НАТО ..
 
Spepenot na obrazovanie ili t.n intelekt na naselenieto so makedonska krv/poteklo ne e nizok
Dovolen dokaz e strukturat na emigracijata od negde sredinata na 90-tite do denes
Se razbira kako i vo sekoja statistika segde ima islkuchoci sho samo go potvrduvaat praviloto
 
Не знам како ќе бидам сфатена, многу ме радува оваа вест, ама мене нешто ми смрди овде...
Да потсетам дека пред да се гласа на референдумот против територијалната поделба, САД не „признаа“ како Македонија. Се плашам да не ни спремаат и сега нешто. Барам низ нетов, ама се` уште нема никаква реакција од јужниве. Не ми мириса на нешто арно. Знаејќи колку е силно јужново лоби таму - тишинава ме убива! Само нека е на арно!
Види, ај размисли малце дали збориме за некоја банана држава која ги прави чекорите до денес за утре. Мене САД не ми личи на држава која превзема чекори без пред тоа добро да ги обработи можностите. Јас рака ставам, дека признавањето на Македонија било на дневен ред уште пред Македонија да биде независна.
Тајмингот е можеби симптоматичен, но имај во предвид дека во тие моменти Буш доби нов мандат и тоа беше негов прв чекор, со кој требаше да се заблагодари на Македонската дијаспора за подршката.
И на крајот на краиштата, мене признавањето на САД пред референдумот, не ме предомисли да одам да гласам. Тие што имаа ниет да гласаат, гласаа.

Така да не се секирај и за новава вест. Малку по малку ќе се научиме и да победуваме и да бидеме горди на тоа, слично како во спортот.
 
Австралиската влада одлучила да го повлече терминот “славо-македонски“ од употреба и отсега во официјална употреба ќе биде терминот “македонски“, соопшти Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) повикувајќи се на изјава од вршителот на должност шеф на кабинет на Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија.
Во писмото до АМКЧП од деветти јануари од австралиското МНР напишале:
“Јас можам да потврдам дека ’Славо-македонското’ Административно циркуларно писмо повеќе не е на сила во Министерството за надворешни паботи и трговија (ДФАТ). Како што е вообичајната пратика што се однесува до неважечки Аднминистративни циркуларни писма, тоа е поништено и докуметот е ставен во архива. Исто така, ДФАТ ми има ставено до знаење дека ’Славо-македонската Директива’ не се применува во други владини служби, влучувајќи ги и Министреството за имиграција и државјанство и Австралискиот завод за статистика.”
За АМКЧП ова е резултат на долготрајна кампања на лобирање за австралиската влада кончено да ја повлече “својата дискриминаторска и растистичка славо – македонска директива“.
“Со ова победа се одбележува крајот на една значајна и долготрајна кампања водена од Австралиско-македонскиот комитет за човекови права, чија цел беше владата да се согласи да го прифати правото на македонската заедница на самоидентификација. Кампањата започна во 1994 г. и вкулучуваше сослушувања во Високиот суд на Австралија, Комисијата за човекови права и еднакви можности и Парламентарниот комитет за надворешни работи и трговија“, велат од Комитетот.
Во Австралија живеат повеќе од 80.000 Македонци или граѓани кои имаат македонски потекло.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/makedoncite-vo-avstralija-poveke-ne-se-“slavo-makedonci“

Сега,следен чекор очекувам признавање од Австралија.И ова со 80.000 Маќедонци во Австралија,некако ми е малку.
Како и да е супер вест.

Супер,ама малку се плашам да не биде како со САД, првин се признавме,па после инсистираа да се најде компромис со Грција, како и сите други држави што се во светот, така да незнам дали да се радувам или не.???!!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom