Патриотизам - вродено чувство, наметната пропаганда или...?

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Па ти си бил анархист! :)
Не баш. :)
--- надополнето: 14 февруари 2012 во 02:18 ---
Не е борбата за човештвото имагинарен идеал?
Незнам што преставува за тебе "борбата за човештвото", за мене глобализацијата е очигледниот и присутен тренд, со кој културите и нациите се повеќе и повеќе се асимилираат, и тоа не е никаков идеал, туку реален тренд кој може да се види.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Незнам што преставува за тебе "борбата за човештвото", за мене глобализацијата е очигледниот и присутен тренд, со кој културите и нациите се повеќе и повеќе се асимилираат, и тоа не е никаков идеал, туку реален тренд кој може да се види.
Не би се согласил. Странците се прифатливи се додека не почнат да ги земаат „убавите“ работни места. Во тој момент стануваат мета за отстрел, доколку во меѓувреме не се асимилираат кон доминантната заедница, нормално.
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Значи да повториме
Нацијата е дефинирана со јазикот, религијата, обичаите и традициите.
Државата не создава нации, нациите создаваат држави.
Тоа што ги држи луѓето заедно не се политичките права, туку заедничките етнички карактеристики.
Носител на општествениот напредок па и судбината на една држава е нацијата која ја создала таа држава и другите граѓани во таа држава кои ја почитуваат и сакаат да живеат со нацијата-основач.
Колективните малцински права се повеќе се злоупотребуваат и ги уништуваат темелите на државата, тоа е видливо и на Запад и кај нас. Според мене конфликт е многу веројатен во иднина.
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Не може никогаш да се врати концептот на национални држави. Тие се дури неповолни и за доминантната етничка заедница. Во моментов владее капитализмот и не е возможно со меѓуетничка омраза поради доманинација на една заедница, да опстои капитализмот, демократијата и сите човекови права кон кои се води светот денес. Се што велиш е спротивно на човековите права и насоката кон која се движи меѓународното право и заедница и целата глобализација. Глобализацијата е отидена предалеку за да се врати на такво нешто како што велиш. Нема ни потреба од создавање повторно национални држави. Денес дури и ќе биде потешко да се воспостават таков вид држави кои ќе треба да ги одземат веќе дадените права на помалите етнички заедници, замисли ја појава и процедурата. Светот ќе се запали.
Тоа како се јас осеќам како македонец во Македонија е друго. Нашата состојба во државата може да се реши и на друг начин освен тој што го предлагаш и што мислиш дека е правилен.
Теориите кои ги излагам се теории во кои верувам и кои мислам дека се правилни и нормално е тоа со тоа што сум правник. Тоа се концепции и теории општоприфатени во правото и политиката.
Според твојава теорија државите не ни треба да постојат. Која е смислата на државите? Ако во неа има збир на нации кои имаат неограничени да не речам исти права. Да земеме сите слушалки и да се разбираме меѓу себе? А иначе ништо не е отидено предалеку расположението на луѓето се менува многу често.
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89

Смислата на државите е да бидат во функција на заштита на човековите права и слободи и истите да ги унапредуваат. Сите граѓани без разлика од која етничка заедница се потребно е да имаат исти права, без унапредување на оние на малцинствата под име дека ги заштитуваат од дискриминација. Нема потреба од слушалки државите си имаат официјални јазици во кои сите се разбираат. Како функционираат државите до денес така ќе функционираат и во иднина.

Ајде да се вратиме на темата на патриотизамот, ако сакаш да дискутираме за ова отвори нова.
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Која нација ги создала Соединетите Американски Држави?
САД не е национална држава. Кога споменав дека нациите создаваат држави го споделував мислењето на етничкиот националист. Во САД има повеќе расен национализам(приоритет на расата во однос на нацијата) токму поради историските прилики во кој се создала САД.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Според твојава теорија државите не ни треба да постојат. Која е смислата на државите? Ако во неа има збир на нации кои имаат неограничени да не речам исти права. Да земеме сите слушалки и да се разбираме меѓу себе? А иначе ништо не е отидено предалеку расположението на луѓето се менува многу често.
Зошто тогаш толку многу се залагат сите за безвизни режими, за отвореност на границите, за слободна трговија, за заедничка европска валута?
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Смислата на државите е да бидат во функција на заштита на човековите права и слободи и истите да ги унапредуваат. Сите граѓани без разлика од која етничка заедница се потребно е да имаат исти права, без унапредување на оние на малцинствата под име дека ги заштитуваат од дискриминација. Нема потреба од слушалки државите си имаат официјални јазици во кои сите се разбираат. Како функционираат државите до денес така ќе функционираат и во иднина.

Ајде да се вратиме на темата на патриотизамот, ако сакаш да дискутираме за ова отвори нова.
Можеби утре и националистите мораат да спијат! Добра ноќ...брат :)
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Која нација ги создала Соединетите Американски Држави?
Ајде чим ги наведе САД да се навратиме на патриотизмот, темата е поставена затоа, да не ја утнеме за џабе, добра е.
Интересен пример се САД, дали мислиш дека САД се возвишија во име на патриотизмот на граѓаните поради тоа што оваа федерација успеа да создаде мултиетничка држава?
За нациите мислам дека завршивме, еве типичен пример ти е Mijolnir, еве тој благодарејќи на неговото силно чувство на единство, солидарност и заедничка припадност силно го изразува чувството на патриотизам и националност.
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Зошто тогаш толку многу се залагат сите за безвизни режими, за отвореност на границите, за слободна трговија, за заедничка европска валута?
Едно е туризам и бизнис друго е мешање култури на ист простор.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.927
Поени од реакции
12.499
Можеби утре и националистите мораат да спијат! Добра ноќ...брат :)
Ти не си националист, да беше таков сега ќе клеветеше, навредуваше, пцуеше на сите страни.:)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
САД не е национална држава. Кога споменав дека нациите создаваат држави го споделував мислењето на етничкиот националист. Во САД има повеќе расен национализам(приоритет на расата во однос на нацијата) токму поради историските прилики во кој се создала САД.
Епа тоа ми беше поентата, дека не е нацијата клучна за создавање на држава.
Америка е создадена од повеќе нации, и има граѓанско уредување, и затоа и е најсвлијателна и најмоќна сила во светот.
--- надополнето: 14 февруари 2012 во 02:42 ---
Ајде чим ги наведе САД да се навратиме на патриотизмот, темата е поставена затоа, да не ја утнеме за џабе, добра е.
Интересен пример се САД, дали мислиш дека САД се возвишија во име на патриотизмот на граѓаните поради тоа што оваа федерација успеа да создаде мултиетничка држава?
За нациите мислам дека завршивме, еве типичен пример ти е Mijolnir, еве тој благодарејќи на неговото силно чувство на единство, солидарност и заедничка припадност силно го изразува чувството на патриотизам и националност.
Не, САД се возвишија затоа секој си ја гледаше својата работа, патриотизмот само им донесе конфликт со остатокот на светот. Некој успеа да им го наметне, за да добие од просечниот граѓанин согласност да почне војна.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
САД не е национална држава. Кога споменав дека нациите создаваат држави го споделував мислењето на етничкиот националист. Во САД има повеќе расен национализам(приоритет на расата во однос на нацијата) токму поради историските прилики во кој се создала САД.
Како може да не е национална држава кога има националност Американец? Тоа е пример само како се создава нацијата многуте доселеници во САД делеле слична историја, слични маки, имале ист непријател, малку маркетинг од Вашингтон и нацијата Американец се создала. Така се создале претходно и останатите нации. Колку за твоја информација нацијата се оформува некаде во 18 век претходно се идентификувале со племенски заедници кои биле во помал број. Ти вака како што ја идентификуваш нацијата етничка како што викаш излегува дека ние сме сите чеда на големиот Македон и неговата жена односно плод на инцест.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom