Ништо не им е, ич да не се секираш

. Инаку да, мртов сериозен сум за ова.
Ај стави се во кожа на родител. Правиш утре свадба, оп за 15 години и ти и твоето сте се соочени со проблемов. За тебе не знам, ама јас ќе ти кажам дека би бил пресреќен доколку син ми се погоди на мене и помине барем пола од она што јас го проживеав низ средно.
Подобро би било доколку на 15-16 г. за прв пат ми се појави на врата во 4 сабајле летва направен, исповраќан, умирисан на цигари. Па онака сочно да го светнам 2-3 шамари (како што татко ми мене ми направи на таа возраст) и да го казнам на месец дена за да размисли за тоа што направил. Мојата казна и шамарите верувај ќе бидат нула, во однос на срамот и напријатноста што ќе ја осеќа спрема неговите врсници, бидејќи муабетите за пијанството негово, за глупостите што ги правел таа вечер, ќе се вртат некое време низ школските ходници, а тој ќе шета со поднаветната глава и нема да му е сеедно.
Многу поужасно би се чувствувал доколку израснам сноб, кој уште во средно ќе опне тегли, ама не од учење (што е уствари жално) туку од тие 6+ часа дневно на ПЦ играјќи WOW или DOTA со виртуелните му пријателчиња од Малезија и Индонезија, без никаков социјален живот надвот од четирите ѕида. Џабе ќе му се петките нему (ако уопште ги има), а и на мене како родител, ако малиот на 2 месеци пред матура дојде и ми каже
'Тато, абе има едно девојче од клас, онака симпатична е, ама незгодно ми е и не знам како да ја прашам да ми биде партнерка на матурата'.

Или подоцна кога ќе излезе од дома на студии (ако и уопште излезе) другарите си играат мајтап бидејќи малиот мој не знае да разликува коњак и вотка. Ќе биде како џукела, како Могли пуштен во реалниот свет после 18 години поминати во џунгла. Бог да чува од вакво сценарио. Јас лично би се осетил како паднат на родителскиот испит.
Така да со две раце прифаќам син/ќерка кој/а уште во средно ќе ги искуси оние неполжелни работи, отколку ова второво - сноб и форевер алоунер на 9гег. Точно е дека секој ја посакува таа златна средина, ама она не се трасира од почеток. Таа се стекнува со текот на годините и проживеаните искуства, некои добри и убави, други лоши и сурови. Така е нели !?