Факт е дека Грција, секогаш била милениче на Европа. Секогаш била, секогаш и ќе биде. И даваа се, ја разгалија максимално и сега они биле “изненаЃени и увреЃени“. Ма немој да ме ј. бре! Па уште Французите, “ултимејт фејл нација“ најдоа да се јавуваат, онаа нивната министерка за здравство пред неколку дена изјави дека поради временскит услови им се препорачува на “... старите луѓе и
бездомниците“ да не излагале од дома и да не ги напуштале своите домови.

Цела Европска Унија говори за некои демократски вредности од типот на “признавање на различностите и малцинствата“, а Грција, Бугарија, Франција и сл. тврдат дека сите се Грци, Французи и Бугари и не признаваат малцинства. Ма немој да ме ј. бре vol. 2.
Грција во рок од малку повеќе од 100 години - два пати банкротира, а и сега е на добар пат, и демек сите се шокирани што овие се мрзи и не работат.
Демек никој ништо не знаел, сите се шокирани, а бе изненадени, а бе што да ти кажам... ме потсеќаат на оние трите мајмунчиња, муабетот би бил: Ништо не гледам, ништо не слушам, ама затоа само зборам, друго и не знам.
Од друга страна, овие место да си ја подвикаат опашката, уште се расправаат еј, па и палат Германско знаме.

Па уште и репарации ги барале, господата, како тоа на нив да им се скратела 14 плата. Пред некој ден прочитав, полицискиот синдикат, сакал да издаде налог за апсење на претставници на ММФ и ЕУ.



Хистерија ми се. Права хистерија. Какви политичари имаат, тоа е чудо едно. Две фамилии владеат со земјана од секогаш, ама битно Французите отидоа први да ја бомбардираат Либија, затоа што немало демократија.
Народот е размазен - факт. Политичарите им го овозможија тоа за да ги џапаат нивните гласови, а притоа ја крадеа ЕУ и переа пари од фондовите и имале запишано дека даваат пензии на луѓе од 110 години кои умреле пред 30- 50 години.
И нека каже некој дека не е ова смешно. Да не беше смешно, ќе се убиев од плачење од што е патетично. Како синхрозираните серии се.
Ама битно Германија и Франција не знаеле нешто, не виделе ништо и они се страшно изненадени... а како толку економски развиени држави кои што се вика ја држат ЕУ во раце кои водат сметка за секое евро и кои се тоооолку посветени на ЕУ не успеале да го приметат ова може да влезе во најголемите мистерии на сите времиња.
Пошто ако го тргнеме очигледниот факт дека со текот на годините им е замижувано максимално - испаѓа дека или Грците биле многу паметни или овие многу глупи. А не ми се верува дека е едното, а ниту пак дека е другото.
Запрепастени биле они ееееј! Запрепастени.

Грците се движеле како нинџи низ европските фондови.
Боже ме сачувај од глупоста на ЕУ. Бар нека не лажат и нека не глумат - не ги бива ни за едното, ни за другото.