„СТОП АКТА“ Протест во Македонија?

Статус
Затворена за нови мислења.
Не на СДСМ ја прочитав. Зашто кењаш? Ако ти си овца и ги следиш другите не ми натурај на мене таков принцип на живеење.
Јас се извинувам ако погрешив, единствено не знаев што точно си читал чим си толку дезинформиран, па првата претпоставка ми беше блогот на правната комисија...

;)
 
Ех тоа е актуелно од кога постои човекот :) Шала на страна по мое мислење потребан е некаква регулација, затоа што работава отиде предалеку (иако нормално уживам во гага филмовите, програмите, музиката и тн. и по некој анонимен коментар). Е сега дали овие договори се претерани или не...не сум многу навлезен се работи за страници материјали а два анимирани клипови не знам зашто ама мислам дека се пропагандистички. Секогаш пали оној филм уау влагаме во тоталитаризам ама знам дека во позадина некој друг влече свои интереси.
Едно повлекува друго. Можеби си проаѓал аеродромска граница по падот на кулите близначки во САД, знаеш дека оттогаш не е дозволено носење колоњска, течности или паста поголема од 50 или 100 мл, на царина ти ги запленуваат. Треба да се простиш од нешто кое си го купил за партнерката, а никој не те прашува дали чини 10 или 110 евра. Имаше воведено и други ригорозни мерки...со други зборови секој ваков акт или мерка можат и го злоупотребуваат до крајни граници.
Според овие информации
Newspapers reported that the draft agreement would empower security officials at airports and other international borders to conduct random ex officio searches of laptops, MP3 players, and cellular phones for illegally downloaded or "ripped" music and movies. Travellers with infringing content would be subject to a fine and may have their devices confiscated or destroyed.
ќе имаат право да ти ги пребаруваат на граница мп3 плеерот, мобилниот, лаптопот...и ако најдат нешто сомнително ќе те измалтретираат, ако најдат гага песна, уредот може и да ти го уништат. А во пеналтис е предвидена и казна затвор па ти види сега дали смееш да имаш во мобилниот рингтон макар и од Шабан Шаулиќ :)
Новинарските написи, портали, весници...овие акти има шанси да влијаат на целокупниот твој живот, не само на windows или музика на пц-то.
 
Јас се извинувам ако погрешив, единствено не знаев што точно си читал чим си толку дезинформиран, па првата претпоставка ми беше блогот на правната комисија...

;)
Е на пример да се имплементирана АКТА ќе можам ли ваков серко што лепи етикети преку интернет да барам да му го дознаам идентитетот? Па нека ми го каже тоа во живо.
 
Го можеш тоа и без акта... постои пп...
 
Мене нешто ме интересира, ако може некој едноставно да ми објасни, бидејќи едноставно ќе прашам.

Како и сите на Балканов, и јас симнувам гага песни, филмови, игри, и се што ќе ми падне на памет.
Но, за таа песна да стигне на интернет, некој требало да ја плати, сними и на крајот, треба да живее од тоа - тоа му е професија.
Ако овој закон не постои - на кој начин изведувачите или др. ,,креатори,, на нешто - ќе си ги заштитат своите права, и на кој начин ќе заработат?
 
Ех тоа е актуелно од кога постои човекот :) Шала на страна по мое мислење потребан е некаква регулација, затоа што работава отиде предалеку (иако нормално уживам во гага филмовите, програмите, музиката и тн. и по некој анонимен коментар). Е сега дали овие договори се претерани или не...не сум многу навлезен се работи за страници материјали а два анимирани клипови не знам зашто ама мислам дека се пропагандистички. Секогаш пали оној филм уау влагаме во тоталитаризам ама знам дека во позадина некој друг влече свои интереси.
.
Добро и ти како интернет корисник што бенифиции ќе извлечеш ако ја изгласат АКТА? Може за тебе нетот е пристап до бесплатни филмови и музика, но за другите е нешто повеќе. Не се зборува овде дека нема да можеш да си го симнеш последниот дел од Twilight, туку за цензура и замолчување ако на некои не им се допаѓа тоа што си го напишал на интернет.
Еве пример, зошто гледам не ти е јасно...
Некој автор вели дека реченицата Сонцето грее, а цвеќињата цветат, е негова идеа и има копирајт врз истата. Ти си во некоја тешка инспирација и баш таа реченица ти текнува и ја пишуваш и ја постираш на нет (како твоја поезија). Со Акта, имаат право цела твоја поезија да ја избришат, и да јадеш казна или да му платиш на првичниот автор на реченицата сума (само поради тоа што нему прв му текнало). Со ова ќе се намали иновативноста кај луѓето и ќе имаат страв да бидат креативни. Или пак ќе бидат креативни, но нивните креации ќе останат затворени во некои фиоки, само од страв да не постои некој кој може да ги обвини дека ја прекршуваат АКТА.
 
Едно повлекува друго. Можеби си проаѓал аеродромска граница по падот на кулите близначки во САД, знаеш дека оттогаш не е дозволено носење колоњска, течности или паста поголема од 50 или 100 мл, на царина ти ги запленуваат. Имаше воведено и други ригорозни мерки...со други зборови секој ваков акт или мерка можат и го злоупотребуваат до крајни граници.
Според овие информации
ќе имаат право да ти ги пребаруваат на граница мп3 плеерите, лаптопот...и ако најдат ешто сомнително ќе те измалтретираат, ако најдат гага песна, уредот може и да ти го уништат.
не ме разбирај погрешно ама муабетот ми е дека за волја на вистината сега владее огромно беззаконие преку интернет. Со два клика имаш филм, албум и тн. Не можам на пример да осудувам доколку некој артист се залага за тоа неговите дела, креации бара да бидат наплатени. Компромисот би бил во тоа што цената за вакви работи треба драстично да се намали, законите да се стегнат и применуваат и решен проблем. А тоа за претресите...секој пат кога има закони кои на овој или оној начин задираат во човекови права има реакции и тоа е нормално. Па за прислушување уште има дебати смее не смее, во кои случаи со чија дозвола дали ќе се злоупотреби...тоа зависи од капацитетот на институциите. А обичните претреси може секогаш да бидат извршени ама не мислам дека се злоупотребуваат (барем не често), а да ми кажеш дека на аеродром во Лондон со илјадници патници дневно дека некој ќе ги проверува сите лаптопи да бара фолдери дали имаш некое Mp3 фајлче илегално ми е малку Sci-Fi. Во секој случај и надлежните кои ги носат овие закони треба малку повеќе да објаснат за целиов случај.
 
Мене нешто ме интересира, ако може некој едноставно да ми објасни, бидејќи едноставно ќе прашам.

Како и сите на Балканов, и јас симнувам гага песни, филмови, игри, и се што ќе ми падне на памет.
Но, за таа песна да стигне на интернет, некој требало да ја плати, сними и на крајот, треба да живее од тоа - тоа му е професија.
Ако овој закон не постои - на кој начин изведувачите или др. ,,креатори,, на нешто - ќе си ги заштитат своите права, и на кој начин ќе заработат?
Треба да се сожалиме, навистина се мачат, едвај живеачка вадат...
Lil-Wayne-Money.jpg

Веќе постојат закони кои ги заштитуваат авторските права, она што АКТА ќе овозможи ако помине е затворање на вебсајтови без претходен судски процес. Тука е најголемиот проблем... That, и еден куп други работи кои беа веќе набројани.
 
Бидете покреативни тие шо ќе одете. Не со истите финти како да досегашните протести од типот "Y U NO STOP ACTA" или "One does not simply pass ACTA "

Јас сум ЗА Акта! Да се врати стариот живот. Помалце интернет, повеќе дружење. :)
 
Добро и ти како интернет корисник што бенифиции ќе извлечеш ако ја изгласат АКТА? Може за тебе нетот е пристап до бесплатни филмови и музика, но за другите е нешто повеќе. Не се зборува овде дека нема да можеш да си го симнеш последниот дел од Twilight, туку за цензура и замолчување ако на некои не им се допаѓа тоа што си го напишал на интернет.
Еве пример, зошто гледам не ти е јасно...
Некој автор вели дека реченицата Сонцето грее, а цвеќињата цветат, е негова идеа и има копирајт врз истата. Ти си во некоја тешка инспирација и баш таа реченица ти текнува и ја пишуваш и ја постираш на нет (како твоја поезија). Со Акта, имаат право цела твоја поезија да ја избришат, и да јадеш казна или да му платиш на првичниот автор на реченицата сума (само поради тоа што нему прв му текнало). Со ова ќе се намали иновативноста кај луѓето и ќе имаат страв да бидат креативни. Или пак ќе бидат креативни, но нивните креации ќе останат затворени во некои фиоки, само од страв да не постои некој кој може да ги обвини дека ја прекршуваат АКТА.
Пријателе ова што го зборуваш ми е бесмислено. За такво нешто не може да стане збор. И до сега постои закон за авторски права само што не беше регулиран делот со интернет (не доволно). Се знае точно што е слобода на говор и изразување а што е авторско право. Така да мислам дека многу грешиш ако мислиш дека некој ќе ти го ограничи правото на слободно изразување на мислата за сметка на авторски права. И јас сигурно нема да имам корист од АКТА, ама ако веќе нешто се протестира барем морално да имам основа да го правам тоа. Ако некој рапер трпа пари за глупи текстови нема да му го купам албумот и тоа е тоа.
--- надополнето: 13 февруари 2012 во 16:20 ---
Бидете покреативни тие шо ќе одете. Јас сум ЗА Акта! Да се врати стариот живот. Помалце интернет, повеќе дружење. :)
Хаха да. Луѓево ќе немаат фејсбук и нема да може да играат игри, ќе мора да искочат на улица и да си разменуваат лице во лице идеи и ете ти бам улични протести паѓање на власти.... :)
 
Треба да се сожалиме, навистина се мачат, едвај живеачка вадат...
Lil-Wayne-Money.jpg

Веќе постојат закони кои ги заштитуваат авторските права, она што АКТА ќе овозможи ако помине, е затворање на вебсајтови без претходен судски процес. Тука е најголемиот проблем... Тоа, и еден куп други работи кои беа веќе набројани.

Сосема е неважно дали изведувачот е билионер или крпи за песна да сними. Важно е дека направил нешто, и тоа нешто не е бесплатно.

Мене како корисник на интернет не ми одговара да не можам да симнувам од пиратбеј, ама на сопствениот на песната, му одговара, зошто на тој начин ќе бидам принудена да ја купам песната ако сакам да ја имам во компјутер или на мп3.

Со тоа, пак прашувам, што друго губиме ние - освен гага песнички, филмчиња, игрички?
 
не ме разбирај погрешно ама муабетот ми е дека за волја на вистината сега владее огромно беззаконие преку интернет. Со два клика имаш филм, албум и тн. Не можам на пример да осудувам доколку некој артист се залага за тоа неговите дела, креации бара да бидат наплатени. Компромисот би бил во тоа што цената за вакви работи треба драстично да се намали, законите да се стегнат и применуваат и решен проблем. А тоа за претресите...секој пат кога има закони кои на овој или оној начин задираат во човекови права има реакции и тоа е нормално. Па за прислушување уште има дебати смее не смее, во кои случаи со чија дозвола дали ќе се злоупотреби...тоа зависи од капацитетот на институциите. А обичните претреси може секогаш да бидат извршени ама не мислам дека се злоупотребуваат (барем не често), а да ми кажеш дека на аеродром во Лондон со илјадници патници дневно дека некој ќе ги проверува сите лаптопи да бара фолдери дали имаш некое Mp3 фајлче илегално ми е малку Sci-Fi. Во секој случај и надлежните кои ги носат овие закони треба малку повеќе да објаснат за целиов случај.
Ако не ти чини не симнувај. Ако навистина си против тоа блокирај ги сите страници каде што можеш да симнеш торент. Чекај си ги филмовите да дојдат во кино Милениум или кино Рамстор за некои 3-4 години. Чекај си ја омилената песна да ти ја пуштат на радио, но не смееш да ја снимиш од радиото Акта може да те шпиунира и отиде јабана. Зошто сите зборите за филмови и музика. Јас до сега не сум видела ни еден режисер, пеач, актер и т.н., баш поради фајл/шеринг да е без леб. Ај отворете очи ви се молам. АКТА не е само за музика и филмови, за било која идеа што ќе ти дојде напамет е. Сакаат да воведат контрола во начинот на размислување, не во тоа кои филмови ги гледаш.
 
Не сакаат...мижењето е добро, го празни умот :)
 
Колку што знам на поголемиот дел од пејачите (не наши, секако) можеш да ги симнуваш нивните песни од нивните интернет страници, или од др. овластени страници (itunes на пример). Со тоа што нормално си плаќаш преку интернет сметка.
Исто така, постојат и страни кои овозможуваат гледање легално филмови на нет - барем за Шведска знам дека постојат, купуваш - симнуваш, односно купуваш-гледаш.

Не би рекла дека на форумов ќе дојде некој, и ќе ме казни зашто сум напишала иста реченица како и ти.

А друго, во поглед на семинарски, есеи и сл. ОПРАВДУВАМ милион посто таква забрана, па смешно е кога ќе донесат сите иста семинарска симната од интернет.
 
Со тоа, пак прашувам, што друго губиме ние - освен гага песнички, филмчиња, игрички?
Се уништува слободата на изразување кога можат да затворат сајтови без никаков судски процес, се уништува слободниот проток на информации. Комплетно се губи приватноста... ииии ред други работи. Има цела тема на подфорумот интернет, таму е нашироко пишувано.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom