Цензура на интернетот - SOPA/PIPA/ACTA/PCIP (Генерална дискусија)

Член од
29 септември 2009
Мислења
15
Поени од реакции
3
Дискусии со различни мислења и толкувања на АКТА;
информации, договори и планови за евентуални протести во Македонија;
место за здружување и насочувањена на заедничката активност во борба против АКТА:
http://www.facebook.com/groups/226087454143431/240497662702410/
Македонска фејсбук група.. придружете се ...
 
D

dystopian

Гостин
Дискусии со различни мислења и толкувања на АКТА;
информации, договори и планови за евентуални протести во Македонија;
место за здружување и насочувањена на заедничката активност во борба против АКТА:
http://www.facebook.com/groups/226087454143431/240497662702410/
Македонска фејсбук група.. придружете се ...
А што би промениле тие протести кога одлуката треба да биде донесена во Европскиот парламент, а Македонија нема никаков удел таму?
 
Член од
29 септември 2009
Мислења
15
Поени од реакции
3
тоа ке важи за европската унија за да важи законот кај нас треба во собранието да се гласа
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
А што би промениле тие протести кога одлуката треба да биде донесена во Европскиот парламент, а Македонија нема никаков удел таму?
и ја тоа се прашувам,али шо сме ние,зрнце во песокот.Ќе ги купат нашиве со една софра :)
Нас бедот ни е за замунда-i guess
 
D

dystopian

Гостин
тоа ке важи за европската унија за да важи законот кај нас треба во собранието да се гласа
Ako pomine vo EU i niz cel svet, nie ke sme najmal problem... Ne deka siram defetizam, ama stom pomine vednas ke ja aktiviraat propagandnata masina i ke ne ubedat deka ovoj zakon e vazen za evropskite integracii... A realno, nemame pravo na zbor dodeka se odlucuva zosto e vo racete na EU a nie sme nadvor.. Jebiga.
 
Член од
29 септември 2009
Мислења
15
Поени од реакции
3
се е можно како шо знаеме колку нашите му лижат газ на европјаните.. наше е да се бориме...
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Како ќе се бориш кога Македонија не е земја-членка на ЕУ, ниту па од нас е побарано да потпишеме некаков договор? Тоа е тоа, немаме глас во целава работа.. како ќе свират, така нашите "драги водачи" ќе играат, а ние само може да дискутираме од страна.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
945
Поени од реакции
1.196
се е можно како шо знаеме колку нашите му лижат газ на европјаните.. наше е да се бориме...
Џабе е другар ако е забрането во цел свет сем Македонија,кој би работел само за 2 милиони народ.Не дека е лошо да се слушне и нашиот глас,ама ретко кој го заболе за тоа што сакаме ние.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Гледајќи што се случува со светов по ова прашање, оваа мисла ми доаѓа на ум:

 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.022
Поени од реакции
12.523
Бугарија го одлага ратификувањето на ACTA, односно гласањето за ACTA во бугарскиот парламент е одложено.

Немојте да се збуните и да дојдете до заклучок дека Бугарија се повлекла од ACTA, бидејќи тоа не е вистина.

Исто како што и SOPA и PIPA не се повлечени од американскиот Конгрес, туку дискусијата и гласањето за истите беа одложени за февруари 2012, само што сеуште не е соопштен конкретен датум, така и дискусијата и гласањето за ACTA во бугарскиот парламент се одложени на неодредено време, но немојте да се двоумите - ACTA и понатаму е на дневниот ред во бугарскиот парламент и еден ден дискусијата и гласањето за ACTA ќе се одржат.

ЕДИНСТВЕНО РЕШЕНИЕ за проблемите наречени SOPA, PIPA, ACTA, TPP, а и неодамна најавениот PCFIPA е НИВНО ЦЕЛОСНО ПОВЛЕКУВАЊЕ, А ЗА ЖАЛ, ТОА ЗАСЕГА СЕ НЕМА СЛУЧЕНО !!!

http://kajgana.com/bugarija-go-zapira-uchestvoto-vo-dogovorot-asta

Засега Zamunda е на сигурно

Бугарија го запира учеството во договорот АСТА

Бугарија нема да презема никакви дејствија за ратификација на договорот за учеството на Бугарија во АСТА, додека не биде јасна позицијата на останатите земји членки на ЕУ.



Ова го објави министерот за економија и туризам, Трајчо Трајков, кој рече дека предложил решение за запирање на учеството на Бугарија во АСТА, јавува БГНЕС. Оваа позиција на Трајков е доста различна од пред две-три седмици.

Првата негова реакција кога јавноста разбра дека владата во Софија го потпишала договорот преку амбасадорот во Токио, беше дека АСТА не ги нарушува човечките права и дека и досега имало вакви норми во бугарското законодавство за регулирање на авторските права.

„Ако ме прашувате за моето лично мислење, јас сум скептичен дека АСТА ќе промени нешто, особено, пак, за Бугарија, која беше во првите редови во промената на законодавството во оваа насока“, рече неодамна министерот за економија Трајчо Трајков.

Договорот беше потпишан во јануари годинава во Токио од ЕК и 22 земји од ЕУ, вклучително и Бугарија. Тогаш овој договор не го потпишаа Кипар, Естонија, Германија, Холандија и Словачка.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.022
Поени од реакции
12.523
Британскиот европратеник Џерард Батен од Партијата за Независност на Обединетото Кралство (United Kingdom Independence Party - UKIP) образложува зошто UKIP ќе гласа против усвојувањето на ACTA во Европскиот Парламент.

 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.022
Поени од реакции
12.523
Ме интересира дали ќе имаат доволно место во британските затвори за да ги затворат сите тие 250 000 луѓе, или ќе мораат да екстрадираат некои од нив за да ги одлежат затворските казни во странство ?

Ова е несомнено, прохибицијата на 21-от век, од ова мафијата на дебело ќе профитира.

Ова време, пред точно 100 години, на сила стапила прохибицијата, односно забраната на алкохолот, но луѓето и понатаму пиеле, само што преминале кон купување на алкохол од нелегални извори, односно од мафијата, која на дебело се збогатила од прохибицијата, такви примери се Ал Капоне, Лаки Лучијано, Мајер Лански и ред други.

По доаѓањето на власт во САД во 1933 година, 32-от претседател на САД, Франклин Делано Рузвелт, почнал со постепено укинување на забраната на алкохолот, а истата била во целост укината на целата територија на САД во 1960-те години.

Очигледно забраната за пиратеријата е новата прохибиција на 21-от век, од која мафијата на дебело ќе профитира, многу побезопасно е во споредба со шверцот со наркотици и секако дека ќе има кој да купува пиратерија.

Бог нека ни е на помош !!!
 
Член од
10 јуни 2008
Мислења
473
Поени од реакции
872
Од што имам ептен многу торенти спуштено ми се чини дека ако го изгласат ова мене дирек ќе ме екстрадират во Гвантанамо :pos::pos:
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Абе шо му се секирате толку многу СОПА ПИПА и остала екипа важат само и секаде каде што има КОМ домејни значи со овој закон само ќе им се овозможи на РИА и други правни Медиски и Компании за заштита на авторско право да почнат постапка на одреден сајт кој објавува содржини со кои се нарушува законски права под уставот на УСА.

Ако да речеме замунда е надвор од КОМ домејн односно има друг поддомејн Америте можат само да ми го пушат.........

Башка торентите и другите материјали можат така добро да се енкриптираат и на пример за 5 усд да членуваш во некоја група и да имаш материјали колку сакаш.Ем брзо ем убаво ем со мерак.

Тешко дека Американците ќе можат да се вратат на тронот Еве го освоија Ирак па сега и ова ли сакаат да ти се мешаат во бракот.

А вие одите им на ВОРК и травел и данок плаќајте им која брука......
 

Kajgana Shop

На врв Bottom