Авто новости

S

Shellshock nam67

Гостин

560 коњски сили, 680 Nm, 4.2 секунди – тоа се најважните бројки!
Не постои друг опис за М6 освен супер-купе. Големото купе од Баварија секогаш било привлечно за автомобилските ентузијасти, и секогаш сите со внимание гледаме и слушаме за нешто ново од BMW кое ќе ја носи ознаката M. Да му посакаме добредојде на новиот BMW M6!
Како и кај M5, моторот е со зафатнина од 4.4 литри, но со два турбо полначи. Испорачува 560 коњски сили и импресивни 680 Nm вртежен момент, а со целата таа моќност, M6 Coupe забрзува до 100 километри на час за 4.2 секунди, додека M6 кабриолет за 4.3 секунди. Ќе се нуди со автоматски менувач, а во моментов BMW размислува дали да понуди и мануелен. И купето и кабриолетот се електронски ограничени на 250 километри на на час, но BMW ќе го зголеми лимитот на 305 километри на час доколку го одберете BMW Driver’s Package од списокот на дополнителна опрема.
Покрај мерките кои BMW ги презема за да го направи M6 полесен – како што се алуминиумски врати и кров кој е комбинација од карбонски влакна и пластика, сепак големото купе е прилично тешко – 1850 килограми за купето, и 1980 за кабриолетот.
Иако зборот потрошувачка не е многу важен кога се зборува за М автомобил, мораме да зборуваме и за неа – купето ќе има просечна потрошувачка од само 9.9 литри на 100 изминати километри а ќе испушта 232 грама CO2 на изминат километар, додека кабриолетот ќе има просечна потрошувачка од 10.3 литри и ќе испушта 239 грама CO2 на изминат километар.





izvor http://www.carclub.mk/2012/02/12/bmw-m6/
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
Како што рекоа Топ Гир (Топ Гиир?), најголемиот проблем кај М6 е - М5.
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
Ефтин џип кој би бил идеален за на скијање и за градските дупки. Опрема речиси и да нема во него зборам за поефтините варијанти, затоа што бесмислено е да се лупнат на него дури и 10К. Изгледа како тенк, мада не е лош однадвор, и ако веќе мора да бирам меѓу него и Нива-та, тогаш само заради 5те врати би го избрал токму дастерот :)
Останативе понови дачии не ми оставија впечаток на издржливи коли, eден комшија успеа во 3-4 години речиси и да го уништи Логанот, така да не сум баш сигурен дека дастерот отскокнува од другите модели. :cautious:
Дека е ставана во него некоја напредна технологија за да се "тестира", не се сложвам. Инаку да, Dacia ~ Renault, Skoda ~ VW... Само што многу полошо ми изгледаат дачиите спрема шкодите :)
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Ѕвер кола - мала потрошувачка, супер дизајн, брзина. Само уште да би ја знаеле цената. :)
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Супер е колицево уште сите да иаме пари и да си купиме по едно :)
Малце некако ко долга да ми изгледа,и позадината ко на ауди ми делува..Иначе чената на оваа доле е 50 илјади евра така да за новиов треба малце повеќе :ROFLMAO:


 
Г

ГОЦ-К.О

Гостин
Да ја нема решетката напред,господ знае на што ќе личи...
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.695
Поени од реакции
6.050
Ова ќе чини над 100 000 евра не верувам да биде поефтино
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Уфф, секоја година баварвице се поубави и позгодни за возење.
560 коњски сили....:vozbud:

Лепотанов би било грев да се вози (крши) по нашиве ретард улици мајкуму.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.695
Поени од реакции
6.050
Штом М5 е 40/50.000 евра, рачувај ова минимум 100.000 евра. :D
Ако начекаш на старо м5 тогаш може 40/50 000 евра м3 мислам дека беше 80 000 евра не ме фаќај за збор ама тука негде беше цената а м5 сигурно и таа е над 100ка
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Уфф, секоја година баварвице се поубави и позгодни за возење.
560 коњски сили....:vozbud:

Лепотанов би било грев да се вози (крши) по нашиве ретард улици мајкуму.
e ama i kolku devojki moze da soblece ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom