Авто новости

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.224
Поени од реакции
7.307
одамна ја знам чупава, по моториве сум и имам коментирано на нејзината фан пејџ порано одма ме блокираја од страната. не сум 100% сигурен ама мислам дека е фејк. видеата шо ги има по пат кај шо возела од минхен до струмица мислам дека ги имам видено на еден друг јутуб канал ако го најдам че ви го пратам.
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.431
Поени од реакции
6.078
одамна ја знам чупава, по моториве сум и имам коментирано на нејзината фан пејџ порано одма ме блокираја од страната. не сум 100% сигурен ама мислам дека е фејк. видеата шо ги има по пат кај шо возела од минхен до струмица мислам дека ги имам видено на еден друг јутуб канал ако го најдам че ви го пратам.
шо коментираше бе :pos: ?

иначе , не би ја дејтал , жена со машки манири (n) .
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
1.415
Поени од реакции
962
Французинот Жан Тод, едно од најзвучните имиња во автомобилистичкиот спорт на сите времиња, пладнево треба да допатува во посета на Македонија како главен промотор на глобалната кампања за зголемување на безбедноста во сообраќајот чиј главен покровител е Светската автомобилистичка федерација (ФИА), а на чие чело се наоѓа во последните три години.
Тод е едно од најпознатите имиња од светот на спортот што некогаш биле во нашата држава со оглед на тоа што цели 14 години беше предводник на Скудерија Ферари, една од најтрофејните екипи во формула еден-шампионатот и тоа во периодот кога Михаел Шумахер дури пет пати по ред беше светски првак. Французинот е познато и признато име и во светот на бизнисот со оглед на тоа што во периодот од 2004 до 2008 година беше извршен директор на италијанската компанија за производство на спортски автомобили „Ферари“, која е еден од најголемите светски автомобилистички брендови.
За време на посетата на Македонија, Тод ќе се сретне со неколку високи политичари. Прв ќе го прими претседателот Ѓорѓи Иванов и тоа во неговата вила на Водно, денеска нешто после пладне, а потоа првиот човек на ФИА ќе има средба со министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.
Во текот на утрешниот ден ( 9ти Јануари ) е планирано и официјално потпишување на меморандум за соработка помеѓу ФИА и македонското МВР кое ќе се случи во 12 часот на Скопски саем како и промоција на акциониот план за безбедност на сообраќајот и тоа од страна на самиот Тод.
Првиот човек на светскиот автомобилизам во Македонија доаѓа од албанската престолнина Тирана каде што вчера се сретна со министерот за транспорт на оваа држава. Официјални домаќини на посетата на Тод во наша држава се Автомобилистичката федерација (АФМ) и Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). За време на посетата на Тод ќе биде потврден приемот на АФМ во ФИА и тоа под уставно име.

450%7C300%7C2db60faa272166855395471ff63cfa4b_jean%20todt.jpg
Прашањето ми е,што мислите дека ке смени ова во областа на автомобилизмот во Македонија?Дали ќе се организираат повеќе настани во областа на автомобилизмот ( Рели трки и сл. )
П.С:Дали можеби знаете каде поточно на Скопски саем ке се потпишува меморандумот за соработка?Би сакал да отидам таму :)
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006

Прегледај го приврзокот 39747

Да не дошол да бара патека за F1,па и Македонија да влезе во календарот на FIA
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Да не дошол да бара патека за F1,па и Македонија да влезе во календарот на FIA
Македонија е веќе во календарот на FIA и тоа со минимум две трки (некогаш и три зависи дали организираат круг CEZ)
--- надополнето: 9 февруари 2012 во 02:07 ---
Прашањето ми е,што мислите дека ке смени ова во областа на автомобилизмот во Македонија?Дали ќе се организираат повеќе настани во областа на автомобилизмот ( Рели трки и сл. )
П.С:Дали можеби знаете каде поточно на Скопски саем ке се потпишува меморандумот за соработка?Би сакал да отидам таму :)
За мењавање ке видиме што ке се смени ако успееме да извлечеме некое париче од нив. За сега најпотребна ни е стаза во близина на Скопје.
Можам да дознаам каде поточно ке биде потпишувањето ама џабе ке прашувам зошто нема да може кој сака да влезе. :)
--- надополнето: 9 февруари 2012 во 02:12 ---
Еве го и календарот за CEZ 2012
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Фиќото од Крагуевац со ознака 500L

Промоцијата на првиот модел што ќе излезе од погоните на фабриката на Fiat во Крагуевац е закажана за саемот во Женева, но веќе сега се познати официјалните фотографии на моделот што ќе ја носи ознаката 500L (L-Large).
Со новиот модел се проширува гамата на 500, после верзиите Abarth и canbrio.

Овој модел изминатите месеци беше познат под работното име со ознака LO (Ellezero), а се работи за автомобил со должина од 414 см, ширина 178 см и висина од 166 см. Сериското производство би требало да почне кон крајот на мај, a продажбата се најавува за септември.

Fiat 500L треба да биде конкурент на моделите како што се Citroen C3 Picasso, Opel Meriva, Kia Venga, Hyundai ix20 и Ford B-Max.

Моделот Fiat 500L ќе се произведува во верзии со 5 и 7 седишта, со тоа што оваа верзија за повеќе патници ќе биде долга 425 см, и доаѓа за неколку месеци, и тоа веројатно под името Fiat 500XL.

Во понудата на мотори ќе биде 0,9 L двоцилиндричен TwinAir турбо бензински агрегат со 85 КС и четирицилиндричен 1,4L бензинец со 77 КС и 105 КС, како и 1,3 Multijet дизелски мотор со 75 КС и со 95 КС.

S

Shellshock nam67

Гостин

Возниот парк на Kim Schmitz

Погледнете го возниот парк на Kim Schmitz (Kim Dotcom), сопственикот на MegaUpload.

Сопственикот на MegaUpload, контроверзниот Kim Schmitz или по ново Kim Dotcom е исклучително актуелен во последно време поради неговото апсење и неговиот хедонистички начин на живот, како и големата љубов кон автомобилите.

Kim Schmitz често беше учесник на нелегални трки, а забележливи се и неговите учества во Gumball 3000 каде според некои информации дури трипати успеал да победи. Неговиот возен парк е составен од триесетина различни автомобили и моторцикли, меѓу кои преовладуваат моделите на Mercedes-Benz.

Погледенете неколку од неговите омилени автомобили, со симболично име на таблиците. Неговата колекција вклучува два Mercedes-Benz CLK DTM модели од кои едниот е опремен со NOS систем (регистрации GOOD и EVIL), Mercedes-Benz CL63 AMG (HACKER), Mercedes-Benz G55 AMG (POLICE), Mercedes-Benz E63 AMG (STONED), Mercedes-Benz ML63 AMG (MAFIA), CL65 AMG (KIM.COM), Mercedes S65 AMG (CEO), Cadillac Eldorado од 1959 година, Cadillac Series 62 Convertible од 1959 година, ултрареткиот теренец Lamborghini LM002, Rolls-Royce Phantom Drop Head Coupe (GOD) итн.

Сите овие автомобили ќе бидат запленети, исто како и целиот имот и банкараски сметки на Kim Schmitz, кој се очекува да биде екстрадиран во САД, каде се очекува да добие 50-ет годишна казна.

izvor http://www.brzina.mk/content.php?cat=1&id=410
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Има копија од шкода јети,цитроен дс4.........На кого му се допаѓа нека си го купи
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Не би требало да е наречено Фиќо... повеќе би одговарало Пегличка...
Затоа што оваа 500-ка е воскреснување на моделот 500 од 50-тите со двоцилиндричен мотор, воздушно ладен, чиј наследник е 126 т.н. Пегличка.
Фиќото е италијанскиот ФИАТ 600, кај нас во екс -ЈУ произведуван од Застава како Застава 750, познат како Фиќо.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom