Задоволен. Нема што друго да се каже, се стекнува некој впечаток дека можеме кога да постигнеме гол. Баш со другари глеавме, и Реал губи, и им викам абе и 0 - 3 да биде на полувреме Реал пак ќе ја сврти. Ни во еден момент не се посомневав во победата и +10.
Да ни требаше повеќе, ќе беше и подобро и поубаво, али едноставно нема потреба од повеќе. Пресилни сме.
Не сакам да го расипам впечатокот со судиите и со наводните црвени картони.
За играчите, најдобар поединец дефинитивно Роналдо, таков гол ретко се гледа. Честитки за новиот и кој знае кој хет-трик во Реал Мадрид, многу блиску до Пичичи. Остатокот од екипата одигра солидно, Озил повторно феноменален, веќе 5-6 натпревари по ред, нема среќа никако, пречка против Барселона, вечерва статива, нејќе и нејќе. Чаби полека и тој се враќа во форма, најбитно е што оваа тројка игра добро во најважниот дел од сезоната. Она што е лошо е секако нашата одбрана, меѓутоа сигурен сум дека Мурињо ќе го поправи тоа затоа што не смее да се случува Рамос и Пепе да одат на еден човек и да оставаат празен простор.
И уште нешто. Голема е разликата помеѓу Реал и Барса кога треба да бркаат резултат, бар оваа сезона. Реал едноставно става во шеста брзина и почнува да го игра најдобриот фудбал

додека Барса се мачат. Тоа и го одлучува шампионот, затоа што лигата не е само Реал и Барселона, тука постојат уште 18 тимови против кои треба да се најде мотивација и желба за успех, и така прават шампионите.
То је то, убаво е да се биде навивач на Реал Мадрид.