Незаборавна програма од Македонска продукција?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Maкедонски приказни,Бушава азбука,Во светот на бајките,Опстанок(најдобрата серија било кога снимена во Македонија)
 
Македонски Народни приказни и Бушава Азбука
 
Без посебен редослед:
Досие Скопје - евергрин на македонската продукција се гледа дека серијата е направена со љубов
Македонски народни приказни (аман, дајте ми линк за најавната мелодија, онаа од 80-тите:smir:)
Бушава азбука,
К15 на почетокот,
Волшебното самарче,
Втората смена,
Солунски патрдии,
Викенд на мртовци,
Тетовирање...
Како низ магла се сеќавам на Автограм, Шарам барам, Случки од животот (играна серија) - ако се сеќава некој на нив нека ја расветли мистеријата околу нивниот квалитет
Неодминливи за мене се и Трст виа Скопје,
Тврдокорни,
Најдолгиот пат.....
 
Досие Скопје - најдобра македонска документарна серија
 
Ко мал обожавав да гледам Во Светот на Баjките, Бушава Азбука, Македонски Народни Приказни наjчесто кога ке одев каj баба ми изутрина и таа зелник ке имаше направено и си jадев зелниче гледаjќи jа сериjата..хахахаха убави времиња беа тоа..после омилен канал ми беше Канал Троjче...зашто го укинаа баш беше закон : ) ) Сакам пак да сум во тоа време
 
Ех убави времиња беа тоа кога имаше доста македонски серии. Еве некои кои ги гледав како мал и кои со задоволство би ги погледнал и сега: Македонски народни приказни, Во светот на бајките, Опстанок (дефинитивно најубава ствар што е снимена кај нас), Бушава азбука, Наше мало и имаше една хумористична серија што одеше во недела на МТВ ама не ми текнува како се викаше.
 
Како и мн луѓе од претходно така и јас се сложувам дека ОПСТАНОк е најдобрата серија која излегла од нашиве простори. Како мал мн плачев на некои сцени од серијата:vozbud: После НАРОДНИТЕ ПРИКАЗНИ, СВЕТОТ НА БАЈКИТЕ, БУШАВА АЗБУКА, ДАЈТЕ МУЗИКА, ЗДРАВО ГЕНИЈАЛЦИ, ГОЛЕМИ И МАЛИ, НАШЕ МААЛО, ПУЛСИ КВИЗОТ и др.
 
Погрешно време е една од најнезаборавните серии, која имаше и своја тежина, памтам дека многу ја сакав и одвај ја чекав на тв. Македонски народни приказни и Бушава азбука се емисии кои едноставно се легендарни, кои надминуваат се што се давало на нашите телевизии и за кои едноставно нема доволно пофални зборови. Големи и мали беше добра серија, Наше маало, Дајте музика, Во светот на бајките...
К-15, ама порано, сега намалија на квалитетот ептен. И еднооки се едно од пооригиналните работи меѓу морето кич што го нудат нашите телевизии.
 
Дајте некое видео од квизот пулсирање ако има ....
 
Горе долу скоро сите ги набројавте добрите серии, мене еден квиз многу ми се свигаше како помал, го водеше Тони Михајловски и учествуваат ученици од 7-8 оделение ми се чини се викаше Досетко, беше доста забавен и интересен, после Тони имаше некоја пауза, па почна да го води еден тогаш дипломиран актер личи на циган и нормално немаше смек повеќе квизот.
Одеше на Ѕвон и тоа кај 11.30 или 12 баш кога треба да се оди на школо. Ех тоа беа времиња
 
дајте бе напишете како изгледаше програма на мтв во најдобрите времиња..ние помалите не знајме
ако можи некој нека се потруди.. :)
 
Покрај веќе неколку пати спомнатите антологиски емисии/серии како Бушава азбука ( убедливо надоброто нешто што е направено кај нас од страна на образовната програма ) и Македонските народни приказни ( кои што после смртта на Колозов се далеку од тоа што беа предходно ) , би ги спомнал и мини серијата во три епизоди Солунски патрдии ( која што според мене е најдобрата театарска комедија напишана од домашен автор , кој што нормално дека е прилепчанец :) ) , потоа Пулсирања ( која беше надобрата младинска забавна емисија ) и Уа шнајдери ( која е снимена и прикажана во 1995 г . по повод 100 годишнината од почетокот на филмот , и која што ептен ми е криво што никогаш не е повторно репризирана ) ... исто така добри серии беа и Тврдокорни , Белото циганче , Булки крај шините , Опстанок , а од детските емисии тука е Шарам - Барам ( сигурно постарите членови се сеќаваат на неа ) .
 
За сите љубители на Монти Пајтон на Сител 3 почнува манифестацијата Асовите бираат асови со неповторливиот Бошко Трпевски.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom