Се мислев дали да чекам да дојде и теоретски, ама изгледа нема потреба. 97,4% од работата ви е завршена. Затоа, честито титула на фановите на Реал! Не дискутрирам дали е заслужена, незаслужена, колку е заслужена.... Прво, немам никаква корист од тоа и второ, тоа е најмалку битно. Дури и да не е воопшто заслужена, кога Икер ќе го крева трофејот на него не пишува '74% заслужена' и за неколку години сезоната 2011-12 ќе ја паметите како сезона во која сте освоиле титула(а не колку е заслужена).
И да, искрено не посакувам да се сретнеме во ЛШ. Не, не се плашам дека ќе не елиминирате или нешто слично. Ел Класико стана досадно веќе, искрено. Секој месец по 2 пати гледаме тепање, глумење, картони, судии, плачки, тепачки, играчки..... Нека си играат екипите по 2 пати во сезона и мирна глава на сите.
