Дали атеизмот е заснован на вера или на наука?

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Човекот не може да си помогне во ништо, оти да беше поинаку, Бог немаше да се симне од Небесата.
А Творецот пак, не затаил, туку разумно промислил: дали некои сопружници треба или не треба да имаат пород. Мешањето човеково во таа промисла, е уште еден од многуте изрази на лична и колективна гордост, во стилот: „...Еве, она кое Бог не го може, ние го можеме....„
Зошто би бог одлучил дека некои сопружници незаслужуваат пород а други да? Кој му бил критериумот?
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ај вака: наспроти некоја очигледност, јас треба да „претпставам дека има и спротивна можност„? Така? :гик:

Дали овде го читам Хегел, со неговата тријада од „теза-антитеза-синтеза„?

И, од кога тоа, претпоставката е појака од очигледниот доказ?
Епа ако е очигледен доказот, претпоставката на крајот од тријадата на Хегел нема да биде појака нели?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Епа ако е очигледен доказот, претпоставката на крајот од тријадата на Хегел нема да биде појака нели?
Ако Хегеловата тријада е точна, тогаш, гледано ретроспективно, од Хегела ќе се вратиме на Лутера, од Лутера ќе се вратиме на Тома Аквински и кај Тома (Аквински, нели...), ќе го најдеш методов кој и самиот го практикуваш: на веќе позната и откриена вистина, и‘ спротивставуваш неколку поиникви можности, од кои (можности), со логично побивање, доаѓаш до заклучокот дека примарно поставената/откриената вистина е точна!

Е ми ако е така, со леснотија ќе Те обвинам за Твојот личен протестантизам, кој, очигледно, (не)свесно го користиш...:D
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 12:48 ---
Зошто би бог одлучил дека некои сопружници незаслужуваат пород а други да? Кој му бил критериумот?
Критериумот е Он самиот. Мое е дали ќе прифатам или неприфатам она што Он промислил за мене или за другите луѓе, .т.е. мој избор е дали мојата слободна волја ќе ја прилагодам кон Божјата или сам за себе ќе си глумам бог.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 12:50 ---
К
Зарем е во ред да се оспори од некого првичната функционалност за која постои живиот свет - продолжување на својот вид преку создавање потомство.
.
Гледано „сентиметналистички„, во право си.
Гледано духовно, во криво си.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 12:51 ---
Па ако некој што сака да биде верник и ништо не знае за христијанството и почне тебе да те чита, ќе фати магла одма, коа ќе види што го чека од неговиот создател. .
Тоа е една од одликите, кои ја разликуват мојата вера од другите: мојата вера „шамара„, не ласка.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 12:53 ---
И те како ќе трча во прегратките на РОгатиот.
Е тоа е „ствар„ на личен избор: јас тука не можам многу да сторам, понајмалки некого на нешто да го приморам.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ако Хегеловата тријада е точна, тогаш, гледано ретроспективно, од Хегела ќе се вратиме на Лутера, од Лутера ќе се вратиме на Тома Аквински и кај Тома (Аквински, нели...), ќе го најдеш методов кој и самиот го практикуваш: на веќе позната и откриена вистина, и‘ спротивставуваш неколку поиникви можности, од кои (можности), со логично побивање, доаѓаш до заклучокот дека примарно поставената/откриената вистина е точна!

Е ми ако е така, со леснотија ќе Те обвинам за Твојот личен протестантизам, кој, очигледно, (не)свесно го користиш...:D
Ех сеа ме збуни, признавам:P

Тоа што јас до појавата на форумов, читањето тука по темиве, и појавата на Чорбаџија како претставник на протестантите, ги имав истите овие размислувања а појма немав дека за тебе се протестантски, а уште помалку па знаев нешто околку протестантсвото, а никако пак себе си се немав дефинирано како протестант БИ ТРЕБАЛО ТЕБЕ ДА ТЕ ЗАМИСЛИ, ДАЛИ СИ НА ПРАВИТЕ РАЗМИСЛУВАЊА, не мене нели?

Ако надодадеш пак и еден куп други луѓе со сличниве размислувања, а себе си се нарекуваат Атеисти, тогаш ТИ БИ ТРЕБАЛО УШТЕ ПОВЕЌЕ ДА СЕ ПОДЗАМИСЛИШ или грешам?
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Критериумот е Он самиот. Мое е дали ќе прифатам или неприфатам она што Он промислил за мене или за другите луѓе, .т.е. мој избор е дали мојата слободна волја ќе ја прилагодам кон Божјата или сам за себе ќе си глумам бог.
.
Зошто бог ти дал слободна воља? За да ја подчинуваш кон неговата? Зошто кога знаеш што е праведно а што не мораш да трпиш неправиди од Бог? Твојот Бог е неправеден и неморален и незаслужува да се почитува. Подобро би горел вечно во пеколот одколку да му се потчинам на Неправеден и Неморален Бог.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Тоа што јас до појавата на форумов, читањето тука по темиве, и појавата на Чорбаџија како претставник на протестантите, ги имав истите овие размислувања а појма немав дека за тебе се протестантски, а уште помалку па знаев нешто околку протестантсвото, а никако пак себе си се немав дефинирано како протестант БИ ТРЕБАЛО ТЕБЕ ДА ТЕ ЗАМИСЛИ, ДАЛИ СИ НА ПРАВИТЕ РАЗМИСЛУВАЊА, не мене нели?

Ако надодадеш пак и еден куп други луѓе со сличниве размислувања, а себе си се нарекуваат Атеисти, тогаш ТИ БИ ТРЕБАЛО УШТЕ ПОВЕЌЕ ДА СЕ ПОДЗАМИСЛИШ или грешам?
А атеистите и за протестантите, заеднички е рационализмот! Атеистите и протестантите сакаат да знаат, нејќат да веруваат!

Ова го имам напишано мал миљон пати....

Токму ради таа „заедничност„, еден атеист полесно се разбира со еден протестант, отколку еден атеист или еден протестант со еден православен верник...
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
А атеистите и за протестантите, заеднички е рационализмот! Атеистите и протестантите сакаат да знаат, нејќат да веруваат!

Ова го имам напишано мал миљон пати....

Токму ради таа „заедничност„, еден атеист полесно се разбира со еден протестант, отколку еден атеист или еден протестант со еден православен верник...

Зошто секојпат велиш ПРАВОСЛАВЕН ВЕРНИК, а намерно велиш само ПРТЕСТАНТ а не ПРОТЕСТАНТСКИ ВЕРНИК. Та нели се и они верници?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Зошто бог ти дал слободна воља?.
Затоа што има(е) во себе „..образ Божји...„. Створени сме по Неговиот „лик и подобие„.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 13:02 ---
За да ја подчинуваш кон неговата? .
Токму така!
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 13:03 ---
Зошто кога знаеш што е праведно а што не мораш да трпиш неправиди од Бог? .
Она што е „(не)праведно„ според мене, не е истото што и „(не)праведно„ според Бога.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
А атеистите и за протестантите, заеднички е рационализмот! Атеистите и протестантите сакаат да знаат, нејќат да веруваат!

Ова го имам напишано мал миљон пати....

Токму ради таа „заедничност„, еден атеист полесно се разбира со еден протестант, отколку еден атеист или еден протестант со еден православен верник...
Честито Со прво нешто да се согласам со Тебе. Протестантите се предходници на Атеизмот. Рационализмот е најголем непријател на религијата.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Подобро би горел вечно во пеколот одколку да му се потчинам на Неправеден и Неморален Бог.
... а а оваа Твоја желба, кој ќе биде крив? Бог, така? :rolleyes:
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 13:06 ---
Та нели се и они верници?
Да, и тие се верници, или како што би рекле Светиите: „...верници не по разум...„, туку верници по сосема друг основ: по гордост и по суетност.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Честито Со прво нешто да се согласам со Тебе. Протестантите се предходници на Атеизмот. Рационализмот е најголем непријател на религијата.
Хехе прво се појавиле протестантите па после тие еволуирале во Атеисти:confused:

Ја не добив таков впечаток тука на форумов:P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom