Дали атеизмот е заснован на вера или на наука?

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Jaс овде гледам само емотивна реакција кон една теорија која од лични причини не ти се допаѓа. .
Верата е својство на духот, како што емотивноста е својство на душата. Да не ги мешаме...
А ТЕ не ми се допаѓа од мал миљон причини, кои веќе ги имам наведено. Таму каде некој ми нуди саде една вистина, која временски гледано, се покажа недоследна на самата себе, таму нешто мириса непријатно...
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 11:48 ---
Но, тоа не ја прави погрешна или невистинита.
Има начини и за докажување и побивање. Таму каде умот човекот раѓа сомнежи, таму нештата секогаш ќе бидат предмет за неприфаќање.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Има начини и за докажување и побивање. Таму каде умот човекот раѓа сомнежи, таму нештата секогаш ќе бидат предмет за неприфаќање.
Колку вистинито. Сега сваќаш зошто има луѓе што не веруваат во бог?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Абе види сега творецот промислил се, дал смисла итн... повлекува еден куп други прашања што содржат во себе еден куп евидентни контрадикции.
.
Контрадикции не постојат, разбира се, доколку имаш вер(б)а и доколку ги имаш точните одговори на личните недоумици. Дали одговорите ќе ги прифатиш или одбиеш, е тоа е веќе друга тема.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 11:52 ---
и.
Болдот зависи како го гледаш. Епитетите што ги наведе како бесконечност и непредвидливост се исто така паушални.
Замени ги со долготрајност и каузалност веќе имаш подлога за размислување.

Играта со зборови или начинот на толкување, не може ништо да смени во природата од објектино дадените нешта.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 11:55 ---
Кога ќе се осознаат каузалните односи на претпоставениот еволутивен тек, ќе имаме подобра слика од птичја перспектива за точност и валидноста на ТЕ.
Принципот на каузалност и принципот на термодинамичка веројатност, се атрибути на овој отпаднат Свет.
Здравиот разум, кој не верува, не се задоволува со каузалноста, која може да не‘ води бесконечно во минатото и бесконечно во иднината. Нашите емпириски сознанија и здравиот разум, ни‘ велат дека нештата морале да имаат свој почеток и мора некогаш и да завршат со своето битисување.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Контрадикции не постојат, разбира се, доколку имаш вер(б)а и доколку ги имаш точните одговори на личните недоумици. Дали одговорите ќе ги прифатиш или одбиеш, е тоа е веќе друга тема.
Точните одговори на личните недоумици се релативна категорија, гледани од аспект различен од оној што го има персоната која сака да ги спознае.

Ето за тебе е точно дека Бог е креатор на се, за Х други луѓе точниот одговор на личната недоумица, која веќе прераснала во апсолутна вистина нели, после осознавањето на точниот одговор само тебе точен и познат, е апсолутно неприфатлив.

Многу философија има во твојот одговор.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Кога ќе се осознаат каузалните односи на претпоставениот еволутивен тек, ќе имаме подобра слика од птичја перспектива за точност и валидноста на ТЕ.
.
Никако не можеш да ја гледаш ТЕ „објективно„, дур и да е точна! Ако си Ти дел од ТЕ и производ од нејзините процеси, тогаш Ти си саде субјективно шрафче во еволутивиот механизам и ТЕ можеш да ја набљудуваш само „од внатре„ а не и „од надвор„.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 12:00 ---
Колку вистинито. Сега сваќаш зошто има луѓе што не веруваат во бог?
Да, јас гледам дека има луѓе кои не веруваат, но и Ти имаш можност да ја видиш и поинкавата ситуација: дека има и луѓе кои веруваат...:icon_lol:
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Принциот на каузалност и принципот на термодинамичка веројатност, се атрибути на овој отпаднат Свет.
Здравиот разум, кој не верува, не се задоволува со каузалноста, која може да не‘ води бесконечно во минатото и бесконечно во иднината. Нашите емпириски сознанија и здравиот разум, ни‘ велат дека нештата морале да имаат свој почеток и мора некогаш и да завршат со своето битисување.
А грешка си пријател. Ниту еден од двата принципа не не води во такви резултати, како што ги наведуваш. Не заебавај сега.

Едно е да с еима скепса заради недокажани работи, друго е да се негира се што досега науката успеала да понуди.

Имам кажано и порано барем науката се труди да овозможи спознание и олеснување на битисувањето на хомосапиенсот, религијата не го прави тоа. БАрем за ова има евидентни докази, од нашава далечна и блиска иднина.

Недоволно докажано нешто не е исто што и неточно нешто.

И обратно.

Претпоставено очекувано здраворазумско и логично нешто не значи дека е апсолутно точно.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Никако не можеш да ја гледаш ТЕ „објективно„, дур и да е точна! Ако си Ти дел од ТЕ и производ од нејзините процеси, тогаш Ти си саде субјективно шрафче во еволутивиот механизам и ТЕ можеш да ја набљудуваш само „од внатре„ а не и „од надвор„.
:icon_lol:
Батка овој твој пост укажува дека целокупната наука која се однесува на делови во кои ние сме штрафчиња (природните процеси, вселеснките законитости итн....) се доведени под знак прашалник?

Дали овде ќе се повикаш навистина на она легендарното невоочување со нашите сетила дека се вртиме околу сонцето?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Едно е да с еима скепса заради недокажани работи, друго е да се негира се што досега науката успеала да понуди.
Недокажани нешта имало, има и ќе има, а науката, било која, до сега не ни‘ докажа ниту една трајна и конечна вистина. Бадијала е трошењето на надежта на такво нешто...
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 12:11 ---
Имам кажано и порано барем науката се труди да овозможи спознание и олеснување на битисувањето на хомосапиенсот, религијата не го прави тоа. БАрем за ова има евидентни докази, од нашава далечна и блиска иднина.
.
Религијата, барем мојата, не ми вели и не ми вети живот и благосостојба во овој Свет.
Науката, т.е. науките, ни‘ ветија брда и долини, а како последица от тие ветувања, имаме саде еколошки кризи и тотална деперсонализација и атомизација на родот човечки.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 12:12 ---
Батка овој твој пост укажува дека целокупната наука која се однесува на делови во кои ние сме штрафчиња (природните процеси, вселеснките законитости итн....) се доведени под знак прашалник?
Да, или како што би рекол Василиј Великиот: да ги оставиме паганите да се побиваат едни со други...
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 12:15 ---
?
Дали овде ќе се повикаш навистина на она легендарното невоочување со нашите сетила дека се вртиме околу сонцето?
Тоа ќе Ти го препуштам како избор на модел за светоглед: лично, се‘уште не можам да видам дека Земјава се „врти„ околу Сонцето, но можам да видам дека Сонцето се „врти„ околу Земјата, и тоа секој Божји ден, а не по исклучок, а тоа го гледам лично, субјективно, без посреднци, без „методи„ и сл...
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 12:21 ---
Е шуќур, прогледа и виде дека има и такви што не веруваат.
Атеист бе,

сос таквија неверници, сардисан сум по цел ден...:icon_lol:...настрана сеќавањето и за моето некогашно неверие. Ништо ново, нели?
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Недокажани нешта имало, има и ќе има, а науката, било која, до сега не ни‘ докажа ниту една трајна и конечна вистина. Бадијала е трошењето на надежта на такво нешто...
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 12:11 ---


Религијата, барем мојата, не ми вели и не ми вети живот и благосостојба во овој Свет.
Науката, т.е. науките, ни‘ ветија брда и долини, а како последица от тие ветувања, имаме саде еколошки кризи и тотална деперсонализација и атомизација на родот човечки.
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 12:12 ---


Да, или како што би рекол Василиј Великиот: да ги оставиме паганите да се побиваат едни со други...
Незнам што да одговорам на ова. Јеби га:(

Очекував дека ќе се појави Дибек или Анитеист со некои податоци или информации околу еволуцијава помеѓу видови, да се продискутира околу истите за да може да се намали или зголеми скептичноста околу истата, а добивам негација на целокупното научно достигнување кое не понудило ниту една конечна вистина.:(

Мики вештачкото оплодување што е?
Нели е тоа трајна вистина која ја осознал човекот да помогне на неговиот вид, онаму каде што Творецот затаил?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
можам да видам дека Сонцето се „врти„ околу Земјата, и тоа секој Божји ден, а не по исклучок, а тоа го гледам лично, субјективно, без посреднци, без „методи„ и сл...
Грешка си, ни тоа не го гледаш. Гледаш движење по 2 прави линии, една нагоре и една надоли, ако веќе зборуваме за субјективно гледање.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Незнам што да одговорам на ова. Јеби га:(

Очекував дека ќе се појави Дибек или Анитеист со некои податоци или информации околу еволуцијава помеѓу видови, да се продискутира околу истите за да може да се намали или зголеми скептичноста околу истата, а добивам негација на целокупното научно достигнување кое не понудило ниту една конечна вистина.:(
Трај си, прашање е само на момент кога ќе „распалат„...:icon_lol:
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 12:24 ---
Мики вештачкото оплодување што е?
Човеково мешање во Божјата промисла...
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Тоа ќе Ти го препуштам како избор на модел за светоглед: лично, се‘уште не можам да видам дека Земјава се „врти„ околу Сонцето, но можам да видам дека Сонцето се „врти„ околу Земјата, и тоа секој Божји ден, а не по исклучок, а тоа го гледам лично, субјективно, без посреднци, без „методи„ и сл...
Не станува збор за избор. Ваквото тврдење се побива со основен доказ кој почнува со зборовите АКО ГО ПРЕТПОСТАВИМЕ СПРОТИВНОТО:( Но го знаеш ти тоа :) Сигурен сум.

Јас ќе го изберам моментот дека се зезаш:)
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 12:26 ---
Човеково мешање во Божјата промисла...
Цитирај ме целосно.

Мики вештачкото оплодување што е?
Нели е тоа трајна вистина која ја осознал човекот да помогне на неговиот вид, онаму каде што Творецот затаил?

Ако е мешање во Божјата промисла, што станува со второто прашање тогаш?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Нели е тоа трајна вистина која ја осознал човекот да помогне на неговиот вид, онаму каде што Творецот затаил?
Човекот не може да си помогне во ништо, оти да беше поинаку, Бог немаше да се симне од Небесата.
А Творецот пак, не затаил, туку разумно промислил: дали некои сопружници треба или не треба да имаат пород. Мешањето човеково во таа промисла, е уште еден од многуте изрази на лична и колективна гордост, во стилот: „...Еве, она кое Бог не го може, ние го можеме....„

Сега, фали уште појавата на стигми, за да биде прикаскава покомплетна...:icon_lol::icon_lol:
--- надополнето: 10 февруари 2012 во 12:29 ---
Не станува збор за избор. Ваквото тврдење се побива со основен доказ кој почнува со зборовите АКО ГО ПРЕТПОСТАВИМЕ СПРОТИВНОТО:( Но го знаеш ти тоа :) Сигурен сум.
Ај вака: наспроти некоја очигледност, јас треба да „претпставам дека има и спротивна можност„? Така? :гик:

Дали овде го читам Хегел, со неговата тријада од „теза-антитеза-синтеза„?

И, од кога тоа, претпоставката е појака од очигледниот доказ?
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Човекот не може да си помогне во ништо, оти да беше поинаку, Бог немаше да се симне од Небесата.
А Творецот пак, не затаил, туку разумно промислил: дали некои сопружници треба или не треба да имаат пород. Мешањето човеково во таа промисла, е уште еден од многуте изрази на лична и колективна гордост, во стилот: „...Еве, она кое Бог не го може, ние го можеме....„

Сега, фали уште појавата на стигми, за да биде прикаскава покомлетна...:icon_lol:
Како бе Мики, вакви фашистички изјави. Ај пак се вративме едно 60 страни уназад.

Зарем е во ред да се оспори од некого првичната функционалност за која постои живиот свет - продолжување на својот вид преку создавање потомство.

Па ако некој што сака да биде верник и ништо не знае за христијанството и почне тебе да те чита, ќе фати магла одма, коа ќе види што го чека од неговиот создател. И те како ќе трча во прегратките на РОгатиот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom