Снег

  • Креатор на темата Креатор на темата CELTIK
  • Време на започнување Време на започнување
Во Кавадарци има снежна покривка од околу 50-60 цм и постојано паѓа снег. Движењето на пешаците и на моторните возила е отежнато. Се препорачува да не се излегува надвор без некоја причина. За кајгана од Кавадарци-Сијка Пиштолова

Ајт поздрав,земам санката и на ридот :vozbud: :vozbud: :vozbud:
 
Све ок, ама вака ако продолжи ќе треба од тераса да излегуваме надвор :eek: Ај чао земав санката и одам :cool:
 
Излгеда само Охрид не падна нов снег.
Ајде мала утеха за Охрид од Куманово.
Ги читам Скопјаниве, на 30км од нас, со "најголемиот снег у последните 10 години" и се чудам.
Кај нас ова е најслабата зима со снег од кога паметам. Сега има само 6-7 цм, не паѓа уште од вчера напладне. Повеќе од 3 сати без престан нема паѓано. Таман ќе почне и бргу престанува.
За најстудена можно е, ама за најснежна зима ноу веј. Секоја зима има барем по еднаш околу 20цм, оваа рекордот е 7-8цм. И ветерот го раздувува така да не е насекаде бело.
 
Кој будала средношколец па и основец од тука планира да оди на школо бе ? :D
 
Излгеда само Охрид не падна нов снег.
чекај бе па ти. на рамаприна е сеа. теба да плати нели за да влезе во охрид :) или можда на ацо му текнало да го царини снегот пошо нели од облаци доаѓа па сеа му наплаќа спорет тежина на квадрат :)

онтопик. незнам дали да му се радувам на снегов или да го колнам. го сакам ептен и сакам да продолжи 3 дена вака да паѓа! од друга страна го колнам зашо теба да бранам дипломска и треба да дојдат моите е арно ама моите се инвалиди и на снегов движење не доаѓа у предвид.

Снегу Мард факр прекини да му **** матер барем на саат време па продолжи со исто темпо!!!
 
Море циции дајте слики
Битола, сабајле околу 7...

430171_376031819090314_100000504979882_1428085_1303784981_n.jpg


Има потреба да кажам дека сношти немаше ништо на колата - беше чиста.
 
Вчера вечер барем на три часа се вратив во моето детство како ми било во зима на снегот...
шетање низ улици,мавање автобуси и борење во снегот,штета што немавме време да направиме лизгалица,ќе наплаќавме влез ( :pos: ) ,пошо како што пиша Ил Нињо на денешнава младина им е поважно да пишат статус за снегот,отколку надвор да се порадуваат на снегот.
Многу се изменети вредностите,ама ако,јас си се вратив во детството со другарите,па вечер ќе биде part two,ама со правење снешко и лизгалица :pos:
 
Е сега ќе одам да ја осетам виулицана надвор, чисто за разонода :vozbud:. Ова сега ваква зима во Скопје, па којзнае кога.
 
Само што се враќам од патешествието од Скопскиот центар, лудница, колите возат со 2 на саат, ветар фуче, снег пршти, ама екстра е нозете ти пропаѓаат во убав брашнаст бел снег, кој филинг црвен нос и образи, мхмхмхмхм

ПС Кој не бил сите гитла надвор малку плуќа да ви се расчисти, ако не отидете ќе зажалите!
 
Дефиниција на студот


+18°C На Хаваите се покриваат со јорган.
+10°C Во зградите во Хелсинки го исклучуваат греењето.
+2°C Италијанските коли не можат да запалат.
0°C Дестилираната вода замрзнува.
-1°C Може да се види здивот. Русите пијат пиво и лижат сладолед.
-4°C Кучето ви се пика во кревет.
-10°C Француските коли не можат да запалат.
-12°C Политичарите почнуваат да зборуваат за бездомниците.
-15°C Американските коли не можат да запалат.
-20°C Може да се слушне здивот.
-24°C Јапонските коли не можат да запалат
-28°C Кучето ви се пика во пижамата.
-29°C Германските коли не можат да запалат.
-30°C Ниедна нормална кола не може да запали.
-36°C Руските коли не можат да запалат.
-39°C Русите ги закопчуваат сите копчиња на бундите.
-50°C Колата ти се пика во кревет.
-60°C Жителите на Хелсинки се смрзнуваат. Во Москва почуваат да носат шубари.
-70°C Се смрзнуваат и во пеколот. Универзитетот во Новосибирск организира крос-кантри.
-72°C Адвокатите ги пикаат рацете во сопствените џебови.
-120°C Алкохолот замрзнува. Русите почнуваат да стануваат нервозни.
-273,15°C Апсолутна нула. Се прекинува движењето на елементарните честички. Русите лижат смрзната вотка.
Линк
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom