Рокенрол ѕвездите се мртви?

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.667
Поени од реакции
59.764
А во што е лидер Боно?
Хебеш лидер кој пее на инаугурација на претседател на држава. Тоа то е како овие нашиве тезгаши во изборна кампања. Рокер без бунтовност кој не влегува во ринг со системот не може да биде лидер. U2 си е добра група, имаат добри песнички, исклучиво меинстрим, те-сакам-ме-сакаш пораки итн...
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Јас ви ја разбирам поентата и знам какви вредности барате во овие набројани ѕвезди. Абадон има добра реченица: Рок музиката во основа е критика на општествените вредности. Да, но времето се менува, интересите се менуваат и генерациите се менуваат. Погледнете ја кариерата на Мадона, од бунтовник против предрасудите, преку курвинските елементи стаса до споредба со Лејди Гага. Што би рекла јас флексибилна жена :)
Има добри бендови (muse, radiohead, Skunk Anansie...) и сега но ги немаат елементите кој ги бараме од Нирвана, култните настапи на Фреди или духот на Џон Ленон кој веруваше дека сите луѓе треба да се сакаат. Сега има маркетинг, брзи пари и Аврил панкерки.
Токму тоа ми е поентата. Треба некој да се бори со овој шунд на сцената. Лажни филантропи кои пет пари не даваат за луѓе со проблеми, инстант ѕвезди, жени кои се натпреваруваат која попрво ќе се соблече, капитализам, сиромаштија, има против што да се бори рокенролот. Би требало да ја преземе одговорноста и да свика гласно дека овде нешто не е во ред. Наместо тоа луѓето станаа бизнисмени и таблоидни ѕвезди.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562

Кога почна масовната појава на „ѕвезди“ имаше некоја одбивност од постарите генерации. Кога стаса да пее и Парис Хилтон или Јован Јованов кај нас почна јавно исмејување. Но денес кога Лејди Гага излегува со три кила месо на себе имаме воодушевување и прифање. Борбата од рокенрол песните се префрли во самите општества, погледнете секаде се рушат режими освен онаму каде им е убаво како кај нас. Од една страна се исправи бизнисот, од друга страна сиромашното население. Очигледно профункционира поговорката: Ако неможеш да ги победиш, придружи им се.
 
D

dystopian

Гостин
Скоро сите рокенрол ѕвезди живееле во раскошни вили. Познати се по демолирање на најскапите хотелски соби заради издрогираност со хероин или/и кокаин после оргија со десетина групи-девојки. Сите тие познати рокенрол ѕвезди се исто така вредни милиони милиони долари... и покрај сево ова, тие излегуваат на сцена и го критикуваат општеството, конзумеризмот, капитализмот? Зарем не се и тие дел од таа капиталистичка машина? Зарем тоа не ги прави лицемери?

Empty Spaces и Money од Пинк Флојд на пример, пораката е јасна, песните се убави... Дејвид Гилмур вреди 85 милиони фунти, отприлика, а Роџер 145 (ме мрзеше да барам и за другите). Што правиме со тоа?

Денес е дури полошо, денес ја нема ни таа лицемерна критика...
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
А бе многу го поистоветувате рокот со овие 10 на бенда и артисти кои сите ги знаете и сега муабетов е леле зошто нема нови?
Има тон групи кои не ни знаете дека постојат.
Без никаква навреда кон него, го влечкате тука нирвана и курт како име а најверојатно тоа е единствениот по агресивен бенд што ви е чуен и токму поради комерцијалниот успех.
Има многу не толку искомерјциализирани херои кои во рокметал водите се богови.

Пит Стил од тајп 0 негатив скина конци и еднаш не го видов во темава.
Дио легендата лани или преклани такоџер отиде....

Ама овие луѓе ги нема на топ листи, не ги пуштаат на лајф радио и шо ти знам и ете нема сцена.
Во рок светот се е како што треба, проблемот е со поп, аренби и останатите срања...рокери не се замараат веќе со овие муабети, не пробувјте ни вие....
 
D

dystopian

Гостин
Дио легендата лани или преклани такоџер отиде....
Онтопик, Дио е легенда... Кога Блекмур сакал да го промени правецот на бендот кон љубовни и забавни песни, овој ни а ни бе го напуштил бендот, почит за тоа. Мада не знам колку се совпаѓа со темава, тука се дискутираат рокенрол бунтовници како критичари на општествените вредности итн итн...
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Онтопик, Дио е легенда... Кога Блекмур сакал да го промени правецот на бендот кон љубовни и забавни песни, овој ни а ни бе го напуштил бендот, почит за тоа. Мада не знам колку се совпаѓа со темава, тука се дискутираат рокенрол бунтовници како критичари на општествените вредности итн итн...
Постер лепотани не се единствените бунтовници.
 
D

dystopian

Гостин
Постер лепотани не се единствените бунтовници.
А тие постер лепотани воопшто не се бунтовници.. Некој што оди на одмор на Карибите со јахта од 300-400 стопи и закажува турнеја каде ти наплаќа по 10-20 долари од концерт за да ти пее како конзумеризмот, капитализмот и општеството во целина се срање, не е баш некој бунтовник...
 
Член од
9 ноември 2011
Мислења
15
Поени од реакции
1
Има ли некој што може да ми каже некој Македонски рокенрол бенд што вреди да се чуе? Не зборам дека мора да шири некоја пропаганда, или да има некоја длабока порака.. Него баш она кога ќе ги чуеш на бина има рокенрол во нив. Си кажуваат некоја нивна приказна и пробуваат да ја привлечат публиката со начинот на кој ја изведуваат. Да се гледа дека сакаат да го прават тоа, дека им е убаво таму, дека не го прават само за 2-3 тинејџерки да им дадат број.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.667
Поени од реакции
59.764
Има ли некој што може да ми каже некој Македонски рокенрол бенд што вреди да се чуе? Не зборам дека мора да шири некоја пропаганда, или да има некоја длабока порака.. Него баш она кога ќе ги чуеш на бина има рокенрол во нив. Си кажуваат некоја нивна приказна и пробуваат да ја привлечат публиката со начинот на кој ја изведуваат. Да се гледа дека сакаат да го прават тоа, дека им е убаво таму, дека не го прават само за 2-3 тинејџерки да им дадат број.
Архангел, ама ретко кога можеш да ги слушнеш...
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Има ли некој што може да ми каже некој Македонски рокенрол бенд што вреди да се чуе? Не зборам дека мора да шири некоја пропаганда, или да има некоја длабока порака.. Него баш она кога ќе ги чуеш на бина има рокенрол во нив. Си кажуваат некоја нивна приказна и пробуваат да ја привлечат публиката со начинот на кој ја изведуваат. Да се гледа дека сакаат да го прават тоа, дека им е убаво таму, дека не го прават само за 2-3 тинејџерки да им дадат број.
Архангел, Мизар, и Санаториум....со нагласок на Архангел кој ретко прават концерти ама ко ги прават цел град грми....уживај
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јас мислам дека музиката, културата, исто како и општеството, се подложени на циклуси. Конкретно музиката, секогаш имала варијации и падови. Баш конкретно читам биографија од Боб Дилан кој вели дека во 50тите години, музиката и културата како такви биле на многу ниско ниво и единствено на радио имало лесни песни, кои ја задоволувале пошироката публика. И денес го имаме истото. Јас сум оптимист и верувам дека ова е само дел од циклусот на музиката, лош период, низок степен итн, кои се неопходни за да може повторно да се оди кон погорни скалила. Циклусите се такви, ниско ниво, па имаме напредок, па движење кон врвот, доживување на кулминацијата (според мене 90тите) и повторно паѓање надоле. И овие циклуси цело време се повторуваат по истиот редослед, сега колку време ќе траат тие периоди, т.е делови од циклусите зависи и од други работи, како општата култура, општествените вредности, системот во кој светот фукционира и сл.
Затоа јас сум оптимист и мислам дека иако моментално музиката општо претрпува невидена криза во квалитет, сепак сето ова ќе се промени за неколку години.
 
Член од
9 ноември 2011
Мислења
15
Поени од реакции
1
Архангел, Мизар, и Санаториум....со нагласок на Архангел кој ретко прават концерти ама ко ги прават цел град грми....уживај
Архангел сум ги чул во живо и пеачот се додека не е многу издрогиран свирката е супер, ама ако е лом тоа на ништо не звучи.:)
Мизар.. Не им ја сакам музиката, настапот и така и така. Имаат нешто што го пренесуваат, можеш да ја видиш енергијата, само што мене не ми се допаѓа.
А Санаториум, не сум ги чул во живо никогаш.

Има ли некој помлад бенд, некој кој би го одсликал овој период?
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Архангел сум ги чул во живо и пеачот се додека не е многу издрогиран свирката е супер, ама ако е лом тоа на ништо не звучи.:)
Мизар.. Не им ја сакам музиката, настапот и така и така. Имаат нешто што го пренесуваат, можеш да ја видиш енергијата, само што мене не ми се допаѓа.
А Санаториум, не сум ги чул во живо никогаш.

Има ли некој помлад бенд, некој кој би го одсликал овој период?
Ристо не се дрогира колку што знам и скоро секогаш е на ниво на концерти. Суперхикс се кај нас рокенрол бенд кој може да собере повеќе луѓе во моментов.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom