Ја обвиниле, па и се извиниле за крзното што го носела
Здружението за заштита на животни, Анима Мунди јавно и се извини на Каролина Гочева поради обвинувањата кои беа пласирани на нивниот Фејсбук профил. Имено, здружението за заштита на животните откако го виделе крзното кое пејачката го носеше на „Златна Бубамара на популарноста“, јавно ја обвинија пишувајќи го следното: „Жално е кога човек не е свесен за страдањата на оние суштества чие крзно го ставаат на врат“.
По низата обвинувања и коментари на нивната Фејсбук страна, до Анима Мунди пристигнал и официјален одговор од Каролина во врска со обвинувањата. Таа објаснила дека станува збор за вештачко крзно. Веднаш по нејзиниот демант од Анима Мунди изјавија дека жалат што избрзале, но се среќни што згрешиле. На крајот на извинувањето и се заблагодаруваат што направила вистински избор,