Вчера почна нешо срцето да ме боли кога зимав воздух, не можев да дишам нормално. Па зимав воздух по малце, колку да се рече, за да не ме боли. И порано ова ми се дешавало ама за десетина минути поминувало. Ама не помина, ме болеше со саати. Па после неколку саати, се подобри малце ама не скроз, уште не можам да дишам длабоко, тогаш пак боли.
Пред да почне да ме боли, бев надвор на ладново без јакна, па сеа прашувам дали може да е до тоа т.е не е ништо сериозно, нешто као настинка, или
Ако болката била од срцето и траела толку колку што викаш, тогаш требало до сега да доживееш срцев удар. И дефинитивно не би се јавила при дишење, така да не се секирај, нема шанси да е ос тоа.
Најверојатно се работи за притискање на некој крвен сад, доколку болката е остра, како бодење со нож. Кога нема соодветен крвоток на некое место во телото тоа се манифестира како болка (како таа што ни се јавува во стомакот кога трчаме).
Доколку е тапа и се јавува на крајот од вдишувањето најверојатно се работи за инфекција на белите дробови, при што препорачливо е да посетиш доктор ако е ова случајот.
--- надополнето: 8 февруари 2012 во 13:37 ---
tahikarija ne mora da znaci deka imas problem so srceto ova esto go imaat i skoro site aktivni sportisti
nekoi lekari ili doktori duri velat deka i ne e tolku loso sto imas tahikaridija tuku deka e dobro
taa se pojavuva i pri golem napor i kako sto kazav kaj 90 % od sportistite imaat tahikardija ne e neso opasno ali secka od vreme na vreme:S
a inaku poslednava nedela i kaj mene non stop me pecka onaka nezz dali da idam na lekar valda od vremeto e:S
Ова е целосно погрешно. Спортистите немаат тахикардија. Спортистите имаат брадикардија, што значи забавено чукање на срцето и е спротивно од тахикардија, што означува забрзана срцева работа.
Спортистите имаат бавен срцев ритам заради тоа што нивното срце е поголемо и испумпува поголема количина на крв при секој удар па затоа има потреба од помал број на удари.
И не ми е јасно од каде таа идеја дека тахикардијата предизвикува срцева болка. Таа има други многу поизразени симптоми како што се тресење на рацете, потењем вртоглавица и несвестица, кои ќе се јават многу пред срцевата болка и со многу појак интензитет.
Болката која ја чуствуваме некогаш во пределот на срцете е едноставно болка која потекнува од мускулите на градниот кош и нема никаква врска со срцевиот мускул.