Манчестер наскоро со нов договор за Гигс
Манчестер Јунајтед деновиве ќе му го продолжи договорот на Рајан Гигс на уште една сезона, што значи дека велшкиот ветеран ќе остане на Стемфорд Бриџ до крајот на идната сезона. Преговорите меѓу претставници на клубот и Гигс траеја веќе неколку месеци и според медиумите на Островот с$ е договорено тој да ја продолжи верноста кон Јунајтед за неделна плата од околу 100 илјади евра.
Рајан Гигс ја мина целата професионална кариера во дресот на Манчестер Јунајтед и досега има одиграно 721 натпревари за "Црвените ѓаволи", само 38 помалку од Боби Чарлтон, кој во моментов е рекордер во оваа категорија. Освен тоа, Гигс уште отсега има свое место во англиската фудбалска историја со освоени девет шампионски титули и 141 гол вкупно за Манчестер Јунајтед од кои 98 во Премиер-лигата.
Во јунскиот циклус на квалификации тој го одигра последниот натпревар за репрезентацијата на Велс така што следните десет дена додека траат подготовките за дуелите од терминот на УЕФА ќе биде ослободен од тие обврските и ќе може да се насочи за продолжението од Премиер-лигата.