Гоце Делчев

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Само на вас Бугарите, доволно ви е што некој учел во бугарско училиште, за веднаш да го направите Бугар.

Ајде сега ќе ви поставам ново прашање во Квизот, самите ме инспириравте. :)
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
На денешниот ден 4 февруари 1872 година или точно пред 140 години, во градот Кукуш, во егејскиот дел на Македонија се роди еден од најголемите синови на македонскиот народ Гоце Делчев.

Вечна слава на македонскиот великан којшто целиот свој живот работеше и загина за Македонија на Македонците, без туѓи манџи и замешателства во македонското ослободително движење.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.619
Поени од реакции
715
Само на вас Бугарите, доволно ви е што некој учел во бугарско училиште, за веднаш да го направите Бугар.

Ајде сега ќе ви поставам ново прашање во Квизот, самите ме инспириравте. :)
Не беше ли токму Гоце, кој беше напишал "Што да направиме, како сме си Бугари и сите страдаме од една иста болест"?

Не само учел во бугарско училиште учел и во бугарското Военото училиште - да станува бугарски царски офицер и предавал во бугарското училиште на бугарски јазик по бугарски учебници.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
ЕКСКЛУЗИВНО: ВЕЧЕР ЗА НОВАТА ПОСТАВКА СО 1.000 ЕКСПОНАТИ ВО ШТИП

Македонија чува свидетелства потпишани од Гоце Делчев!

Гоце и напишал дури четири шестки на ученичката Трпчева Тана. Во тоа време шестките биле одличен - се оценувало од еден до шест



Свидетелства потпишани лично од Гоце Делчев се чуваат во штипскиот Музеј! Едно од свидетелствата датира од далечната 1895 година, кога Делчев предавал француски јазик, историја, географија и геометрија во штипското училиште. Неговиот потпис стои на дури 4 шестки, наменети за ученичката Трпчева Тана. Во тоа време шестките биле одличен - се оценувало од еден до шест. Во богатата Историска поставка со 1.000 експонати, се чува и писмо од Делчев.

"Во писмото е потпишан како Ахил, а името на Штип е Приштина. Значи кореспонденцијата е конспиративна, а писмото гласи до Никола Зографски. Пишувано е во 1896 година", ни открива директорот на Музејот, Зоран Читкушев.
Тој ги набројува и бројните артефакти.

"Тука имаме ретки примероци на оружје од 17, 18 век, пиштоли, пушки, ножеви, јатагани, сабји. Ги чуваме оригиналните ноти од Сергеј Михајлов - човек кој дошол прогонет од Русија, а тука е основоположник на музичката култура во Штип. Ордените на штипски народни херои, нивно лично оружје. Имаме дипломи од штипските ополченици, луѓе кои учествувале како "доброволци" во балканските војни, па оригинални фотографии од посетите на крал Александар, цар Борис...", вели Читкушев за поставката во која се опфатени сите случувања и личности кои оставиле белег на историјата во Штип.
Во Историската поставка има 500 предмети и 500 фотографии. Кустосот Емилија Коруновска вели дека поставката ја почнуваат од периодот кога се споменува старото име на градот "Астибо", потоа опфаќајќи го Средниот век, детален преглед за османлискиот период, преродбата, учителската дејност до 20 век.
Историската поставка вчера попладне требаше свечено да ја отвори министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.



Спомен-плоча на штипски масон
Во Музејот се чува и спомен-плочата на познат штипјанец, кој важел за масон,
"Се работи за надгробната плоча на штипски војвода и масон. Се викал Мише Развигоров, а на надгробна плоча ги има и знаците на масонеријата", ни објасни директорот Читкушев.

(Де.Т.)

http://vecer.com.mk/?ItemID=C375EFE17476294EB7A90ED5041E929B

.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Хехеее, на денот на Гоцевото раѓање турко-монголчетата упорно си продолжуваат со својата смеша и ефтина пропагнда.

Една од главните цели на М.Р.О. и на Гоце Делчев е дејците и луѓето од доверба на организацијата да ги ПРЕВЗЕМААТ местата на учителите и свештените лица поставувани од Егзархијата.

Гоце и неговите приврзаници во поголем дел од својот живот се борел токму против врховизмот и мешањето на Бугарите во ВНАТРЕШНИТЕ работи и ослободителното дело во Македонија.

Не за џабе според неговиот аманет неговите коски почиваат "ВО СТОЛИЦАТА НА НЕЗАВИСНА И СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА" т.е. Скопје.

И аман со глупоста наречена "учел бугарско воено училиште"!

И Михајло Апостолски учел југословенска воена школа и станал офицер и што од тоа?
И дедо му на Никола Груевски, сегашниот наш премиер бил регрутиран и загинал носејќи грчка униформа (загинал од граната додека бил во шатор, а не во некаков јуриш како што лажеше дебилот Васко Ефтов), и што од тоа?

И едниот, и другиот и третиот си биле и се МАКЕДОНЦИ!
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.619
Поени од реакции
715
Гоце Делчев сам се определил за Бугарин. Нема потреба ти да му менуваш посмртно идентитетот.

Предавал е природна историја. Чија историја поточно предавал знаеш ли?

Прочитај и добро сведоштво "... Бугарка родена во Штипско Ново село ...".
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Гоце Делчев сам се определил за Бугарин. Нема потреба ти да му менуваш посмртно идентитетот.
Абе шо да ти расправам, демек "Бугарин", а животот го поминал во БОРБА со врховисти и Бугари кои сакале да ја припојат Македонија на Бугарија.

Демек "Бугарин", а си го дал животот и оставил аманет на идните генерации коските да му почиваат "ВО СТОЛИЦАТА НА СЛОБОДНА И НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА".

Ја го дедо Ефтим од Владимирово нека ти објасни за што се борел тој под водството на Гоце Делчев, а за што врховистите, исчисти ушите и слушај од 4:30 мин. натака:


Сега појасно ли ти е за што се борел и за што го дал својот живот Гоце Делчев?


штипјанец' напиша:
Предавал е природна историја. Чија историја поточно предавал знаеш ли?
Хаха, сега ќе ти објаснам.
Гоце Делчев во преписките за себе го зема псевдонимот "Ахил".
Вашите бугарски револуциониери пред Русите да тргнат во војна со Турците и да си измислуваат некаква си "Сан-Стефанска Бугарија" во своите преписки се именуваат со псевдоними како "Кубрат", "Асеневци" и слично.

Сега појасно е?

штипјанец' напиша:
Прочитај и добро сведоштво "... Бугарка родена во Штипско Ново село ...".
Така де, во рамките на документите на Егзархијата и Турскиот Милет систем се терало така.

Да пронајдеме и постираме тука свидетелства издадени од Прличев или од Миладинов па да видиме како стои за учениците сакаш ли?

Или од времето на српската окупација во вардарскиов дел на Македонија, и таму предавале учители Македонци на деца Македонци, ама во свидетелствата стојат некакви си "Срби", и сега што од тоа?
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.619
Поени од реакции
715
Дедо Ефтим не кажува ништо ново. Види му го jазикот на дедо Ефтим... "самостоjна" ли кажа или "самостоjателна" и т.н. "бугаризми".

Татарчев многу добро обjаснил за што се бара Автономност и што ке стане после оваа "Автономност".

Револуционерите се именуват секак си. А ревопуционерот Дедо Ильо бил на подпишуването на Санстефанскиот договор како Бугарски преставник.

Даj да видиме Прличев и Миладинов. Прличев бил во Солунската бугарска машка гимназиjа, ми е интересно какви дипломи "давал" од таму. На Бугари или на некакви други. Даj да ги видиме и овие "Срби" во дипломите.

Не разбрав кажал ли Гоце Делчев дека е Бугарин (нели сме си Бугари) или не кажал? Бегаш нешто со централисти, врховисти и т.н. кои се двете страни на една и иста монета. То и во Солунската гимназиjа имало бунотови на "Екзархисти" и "Реоволуционеристи", ама за едно и исто се бореле, само методите им биле други.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Дедо Ефтим не кажува ништо ново. Види му го jазикот на дедо Ефтим... "самостоjна" ли кажа или "самостоjателна" и т.н. "бугаризми".
Хаха, работава "не можам по коњот, па ќе удрам по самарот".
Сега демек јазикот кај дедо Ефтим бил "проблематичен"?!? :pos:

Жал ми е, ама стариот јасно и гласно си кажал кој за што се борел и против кого.

штипјанец' напиша:
Татарчев многу добро обjаснил за што се бара Автономност и што ке стане после оваа "Автономност".
Хаха, сега и Цончев или кнез Фердинанд да не го бутнеш, нели за Гоце збориме, или нешто не ти одговара.?

штипјанец' напиша:
Револуционерите се именуват секак си. А ревопуционерот Дедо Ильо бил на подпишуването на Санстефанскиот договор како Бугарски преставник.
Ајде бе?!?

Братот на темата за Квизот те прашал нешто, ама ти по обичај си пелтечиш.

Овој овде чија униформа носел, и за кого ЛАВОВСКИ се борел па да го добие прекарот "Левски", српска ли е?!?



штипјанец' напиша:
Даj да видиме Прличев и Миладинов. Прличев бил во Солунската бугарска машка гимназиjа, ми е интересно какви дипломи "давал" од таму. На Бугари или на некакви други. Даj да ги видиме и овие "Срби" во дипломите.
- И Прличев и Миладинов предавале на ГРЧКИ јазик и во Охрид и на други места. Вистина ли е или не?

- Во периодот помеѓу 1918 - 1941 г. како гласеле свидетелствата на децата од Македонија која била под власт на Кралството СХС т.е. Југославија од 1929 година?!?

штипјанец' напиша:
Не разбрав кажал ли Гоце Делчев дека е Бугарин (нели сме си Бугари) или не кажал? Бегаш нешто со централисти, врховисти и т.н. кои се двете страни на една и иста монета. То и во Солунската гимназиjа имало бунотови на "Екзархисти" и "Реоволуционеристи", ама за едно и исто се бореле, само методите им биле други.
- Тоа е ЕДИНСТВЕНОТО писмо во кое наводно Гоце сам се пишал "бугарин". Велам "наводно" зашто колку што ми е познато до истиот човек има повеќе писма, ама само тоа е насловено со "Кољо", а сите други со "Никола". o_O

- Во друго писмо истиот тој Гоце збори за некаков МАКЕДОНСКИ НАРОД којшто пати од своите синови изроди (слушни го пак дедо Ефтим погоре за да разбереш кои се тие изродите). Така е или не?

- Нема јас што да бегам никаде, дедо Ефтим е мошне јасен и гласен. Тоа што на тебе не ти одговара што кажува е твој проблем, не мој.

Да повториме пак, Гоце Делчев целиот свој живот се бори за ВНАТРЕШНА, САМОСТОЈНА борба за Македонија и не сака никакво мешање од надвор. Истиот Гоце оставил аманет вечно да почива "ВО СТОЛИЦАТА НА СЛОБОДНА И НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА", и тој таму и почива.

Па сега ти види, кој и каков бил Гоце и кому припаѓа. ;)
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.619
Поени од реакции
715
На се сум му отговорол на Братот.

Првично предаваат на грчки јазик, потоа тие самите ставаат бугарскиот јазик во училиштата.

Е како гласеле? Даj да видиме документите ти кажах...

За македонски народ зборуват сите, ова е народот на Македониjа во географска смисла. И денев во Бугариjа се користи терминот "македонски народ" и "македонски револуционери" но во географска смисла.

Дедо Ефтим ништо не кажува, туку споменува двете страни на ВМРО, кои работеле по различни методи. Целта била иста и создателите на ВМРО jасно кажуват каква е таа.

Почива таму ид 1991 година, од кога е "независна" Македониjа. Нели скоро беше 20 години независност. А тоа дека комунистите ви направиа подарок после Втората светска воjна е друга тема. И роднините на Гоце не сакаа тогаш да го дадат.

Даj да видиме сите други, во кои го нарекува "Никола"...

Што вели натписот на плочата на општиот гроб каj Баница, поставена од сестрите му?

Што вели Лазар Колишевски за Гоце?

А униформите горе се бугарски униформи, од бугарската легиjа во Белград.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
На се сум му отговорол на Братот.

Првично предаваат на грчки јазик, потоа тие самите ставаат бугарскиот јазик во училиштата.

Е како гласеле? Даj да видиме документите ти кажах...
:facepalm:
Tвојата шизофренија продолжува, ама што да се очекува од припадници на народ кои во рок од неколку години прво се најверни потрчковци на Хитлер, за после да му станат најверни сателити на Сталин?

Одговори си самиот: Како гласеле свидетелствата за учениците кога Прличев или Миладинов предавале на ГРЧКИ јазик..?

штипјанец' напиша:
За македонски народ зборуват сите, ова е народот на Македониjа во географска смисла. И денев во Бугариjа се користи терминот "македонски народ" и "македонски револуционери" но во географска смисла.
Епа тогаш и твојот и секој друг народ на светот е "географски" по таа логика.
Со таа разлика што твојата географија се протега од централна Азија. ;)

штипјанец' напиша:
Дедо Ефтим ништо не кажува, туку споменува двете страни на ВМРО, кои работеле по различни методи. Целта била иста и создателите на ВМРО jасно кажуват каква е таа.
:facepalm:
Врховистите не биле "страна од ВМРО", немој да тресеш зелени.
Дедо Ефтим мошне јасно и гласно во една минутка ти објасни за што и како се борел тој под водството на Гоце Делчев.

штипјанец' напиша:
Почива таму ид 1991 година, од кога е "независна" Македониjа. Нели скоро беше 20 години независност. А тоа дека комунистите ви направиа подарок после Втората светска воjна е друга тема.
- Што е тоа што "почива" од 1991 година..?!?
Ако не ти е јасно Македонија уште од 1944 година е држава со свој претеседател = Методија Андонов-ЧЕНТО, која е во федерација наречена СФРЈ.
СО уставот од 1974 година мошне јасно се кажува дека федералните единици т.е. републиките се самостојни.
- За разлика од вас (и тоа неколку пати ;)) , на нас никој никогаш не ни дал никаков подарок. Се што имаме е дело на МАКЕДОНСКИОТ народ.

штипјанец' напиша:
И роднините на Гоце не сакаа тогаш да го дадат.


Како? Рече нешто..?!?

штипјанец' напиша:
Даj да видиме сите други, во кои го нарекува "Никола"...
Си дошол да ми дрочиш овде за Гоце Делчев, а демек не ги знаеш наводните писма..? :icon_lol:
штипјанец' напиша:
Што вели натписот на плочата на општиот гроб каj Баница, поставена од сестрите му?
Еве што вели гробот, читај:



штипјанец' напиша:
Што вели Лазар Колишевски за Гоце?
Многу луѓе изнакажале секакви работи за секого.
Таа инсинуација за Колишевски одамна ја верглате по интернетов, ама никако да видиме потврда или доказ за тоа.

Само за да ја видат сите твојата глупост ќе ти кажам дека прилепскиот македонски партизански одред (тој истиот по чии акции против бугарските фашистички окупатори се слави 11 октомври како државен празник во Македонија) го носел името "Гоце Делчев". ;)

Па сега ти види што е и како е...

штипјанец' напиша:
А униформите горе се бугарски униформи, од бугарската легиjа во Белград.
Ааааа, не така. (n)
Тие лажги за мали дечиња на друг да му ги кажуваш.

Господинчето Васил Иванов Кунчев си носи СРПСКА униформа и ЛАВОВСКИ се борел против Турците на СРПСКА страна во Белград, СРБИЈА!

Еве воени кадети СРБИ од истото време со истата униформа:



Арно ама ние не сме абдали како вас па според тоа да го правиме Србин, ниту па Србите го присвојуваат како вие што сакате да си ги присвојувате нашите македонски револуционери.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.619
Поени од реакции
715
Или имаш доказ (документ) или молчи. Документ за Бугарката од Штип видам. Дај сега да го видиме другиот документ.

Епа тогаш и твојот и секој друг народ на светот е "географски" по таа логика.
Со таа разлика што твојата географија се протега од централна Азија. ;)
Само што никогаш не сум видел да се користи во географска смисла "бугарски револуционер" и "бугарски народ".

:facepalm:
Врховистите не биле "страна од ВМРО", немој да тресеш зелени.
Дедо Ефтим мошне јасно и гласно во една минутка ти објасни за што и како се борел тој под водството на Гоце Делчев.
Ајде ајде, половина дејци на ВМОК се и дејци на ВМОРО и обратно.

- Што е тоа што "почива" од 1991 година..?!?
Ако не ти е јасно Македонија уште од 1944 година е држава со свој претеседател = Методија Андонов-ЧЕНТО, која е во федерација наречена СФРЈ.
СО уставот од 1974 година мошне јасно се кажува дека федералните единици т.е. републиките се самостојни.
- За разлика од вас (и тоа неколку пати ;)) , на нас никој никогаш не ни дал никаков подарок. Се што имаме е дело на МАКЕДОНСКИОТ народ.
Од кога е независна Македонија? Од 1944 или од 1991?
Независност од Југославија
- Објавена независност 8 септември 1991
- Официјално призната 8 април 1993
И Гоце не е напишал во "самостојна" и во "независна". Правиш ли разлика меѓу зборовите?
Самостојноста во 1944 воопшто не е дело на македонскиот народ, а на загубата на Германија на војната.

Си дошол да ми дрочиш овде за Гоце Делчев, а демек не ги знаеш наводните писма..? :icon_lol:
Еве што вели гробот, читај:

Пишува на Бугарски "Тук' почива Гоце Дѣлчев' легенрарнијат' борец' за свободата на Македонија 1903.
Знаеш ли кога е поставен овој крст на гробот и од кого?
Не е случајно дека Лазар Колишевски пишува за Гоце Делчев: ".. еден Бугарин без значење за ослободителните борби"
"Фашистите" му поставиле крст на гробот, а "комунист'т" Колишевски напишал дека е без значење за ослободителните борби. Чиј е Гоце?

На плочата каj село Баница сестрите на Гоце поставиле плоча:
"В памет на падналите бојци в с. Баница на 4 мај 1903 г. за обединението на Македонија к'м мајката родина-Б'лгарија и за вечен спомен на поколенијата: Гоце Делчев от гр. Кукуш, апостол и војвода; Димит'р Гуштанов от с. Крушово-војвода. Стефан Духов от с. Т'рлис-четник; Стојан Захариев от с. Баница-револјуционер; Димит'р Палјанков от с. Броди-револјуционер. Завет'т им бе - Свобода или см'рт!"

Многу луѓе изнакажале секакви работи за секого.
Таа инсинуација за Колишевски одамна ја верглате по интернетов, ама никако да видиме потврда или доказ за тоа.
Само за да ја видат сите твојата глупост ќе ти кажам дека прилепскиот македонски партизански одред (тој истиот по чии акции против бугарските фашистички окупатори се слави 11 октомври како државен празник во Македонија) го носел името "Гоце Делчев". ;)
И што докажува ова?


Па сега ти види што е и како е...


Ааааа, не така. (n)
Тие лажги за мали дечиња на друг да му ги кажуваш.

Господинчето Васил Иванов Кунчев си носи СРПСКА униформа и ЛАВОВСКИ се борел против Турците на СРПСКА страна во Белград, СРБИЈА!

Еве воени кадети СРБИ од истото време со истата униформа:



Арно ама ние не сме абдали како вас па според тоа да го правиме Србин, ниту па Србите го присвојуваат како вие што сакате да си ги присвојувате нашите македонски револуционери.
Стандардни униформи од тоа време (руски модел) кои се користат од империска Русија многу пред Србите. Сум видел дури фотографии на руски возачи со иста униформа. :) Истите се и униформите кои Русите избираат за jункероте од Военото училиште во Софија.
Се користат и за сите други државни службеници, како регионални гувернери, полицајци, шумски чувари и др.;)
--- надополнето: 4 февруари 2012 во 23:32 ---
Покрај овие црните, општи унформи имале и специјални униформи направени специјално за Легиите:
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
На плочата каj село Баница сестрите на Гоце поставиле плоча:
"В памет на падналите бојци в с. Баница на 4 мај 1903 г. за обединението на Македонија к'м мајката родина-Б'лгарија и за вечен спомен на поколенијата: Гоце Делчев от гр. Кукуш, апостол и војвода; Димит'р Гуштанов от с. Крушово-војвода. Стефан Духов от с. Т'рлис-четник; Стојан Захариев от с. Баница-револјуционер; Димит'р Палјанков от с. Броди-револјуционер. Завет'т им бе - Свобода или см'рт!"
А да видевме слика барем или тешко, а?
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Бугар што цел имаш ти овде на форумов? Кажи ми што корист имаш да тропаш глупости? Те плаќа некој? Немаш своја историја? Немаш свои херои?

Стварно не ве сваќам како народ...толкави комплекси имате со Македонија што неможете да си ги излечете.

Ај иди на бугарски форум и лупај главата од маса за твои херои не расипувај расположение со прости работи.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Не само "тогаш" и денес во бугарските школа највисоката оценка е шестката (Одличен 6).


Гоце Делчев сам се определил за Бугарин. Нема потреба ти да му менуваш посмртно идентитетот.

Предавал е природна историја. Чија историја поточно предавал знаеш ли?

Прочитај и добро сведоштво "... Бугарка родена во Штипско Ново село ...".
Абе читај историја и ќе видиш дека цела "западна бугарија" (Пиринска Македонија) е Македонска територија, а имаме и дел кај гејците(Егејска Македонија).

Сега со истекувањето на букурешкиот договор треба да ги вратите Македонските територии па затоа толку скокате, ама глејте да не скокнете у скут на некој Турчин па они да си го земат останатиот дел од вашата позајмена и измислена држава со голема помош од Русија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom