Дали го почитувате животот и делото на Јосип Броз-Тито

Дали го почитувате животот и делото на Јосип Броз-Тито


  • Вкупно гласачи
    153
Статус
Затворена за нови мислења.
S

Sheldon Cooper

Гостин
Komunizmot/Socijalizmot e nikakov i sranje sistem !!!
Lenin i kompanija, zele citnale nekoe stranice od Marksovite knigi i ajde hopa revolucija se dize ........ drn-drn jarinja .........
No zasto gi postovam Jugoslavija i Tito do den denes ?!!
Tito bese zakon covek, svetska faca, site go primaa i precekuvaa ko da e bog, a ne pretsedatel na edna drzava ......... mudro igrase toplo-ladno-istok-zapad, za vreme na studenata vojna, on bese gazda na tretiot pakt(pakt na nevrzanite) i lapase se i sesto i od sovetskite komunjari i od zapadnjackite kapitalisti !!!
Site go postovaa i istokot i zapadot i sekade bese dobredojden ko car, denesnive belosvetski vladeteli/lideri mozat da mu se fatam samo !!!
Isto i Jugoslavija bese zakon, megju prvite deset najjaki drzavi vo svet(voeno), no isto taka i ekonomski i politicki jaka drzava, a da si priznaeme deneska nitu edna drzava sto proizleze od bivsata S.F.R.J. ne e jaka drzava, site se propalici i toa na sekoe pole .......................................
СФРЈ се распадна поради фактот што се појави национализам а воедно и се појавија слабости во социјалистичкиот режим. Тито можеби бил голем и респектиран човек во странство но размислувал слично како Сталин. Можеби немало сиромашни како денес но тој тип на социјализам не бил наменет за тоа време - прерано се случил и затоа пропаднал. Можеби се живеело подобро но и тоа имало свои слабости. Ресурсите во Македонија биле немилосрдно искористувани за туѓи потреби (ние сме биле одвај 6% од цела популација и најмалку сме добивале). Од национална основа не можам да го сакам поради тоа што не дозволил Пиринска и Егејска Македонија да се поврзат со Вардарска и ги манипулирал македонците како што сакал. Да не зборуваме што им правел на оние кои сакале независност од калибарот на Ченто - Голи Оток не им бегал. Тоа можеби го прави голем човек (за србите/хрватите) но не и за македонците. Ти на сите работи за кои му се воодушевуваш не спомена ниту една позитивна работа за Македонија. Да сметам дека е голем човек само затоа што го сакале сите? Фактички ти го почитуваш и сакаш твојот потчинител.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
-прво треба да разјасниме што имаше Македонија пред Тито
значи би рекол пред АВНОЈ.или еве ај до 1941 година.
која беше ,како се викаше,под кого беше,колкава беше,
образование имаше ли,мајчин јазик како се третираше,
дневни и други списанија имаше ли,индустрија имаше ли,
патна и друга инфраструктура каква беше,колку семејства
имаа електрична енергија,колкав процент беше неписмен
од населението,земјоделството какво беше и колкав процент
беше земјоделско селско население,механизација имаше ли,
национална слобода имаше ли, и многу други сегменти.
кратко-после турско Македонија беше пак под ропство до 1944г.
де под српско де под бугарско,не успеа да направи држава а
овие гледава само да земат и да однесат што можат.
све беше - 0 - тс. забрането дури и името и јазикот.
после 2с.в. Македонија е веќе признаена држава.Е сега за тоа
се изборија самите Македонци ама Тито го прифати тоа
и тоа се успеа само во еден дел од Македонија.
-второ што имаше Македонија со Тито.(или што доби)
значи после 1944година па до 1980г.или ај до 1990г.
во одност на она претходно наброено.
Е после треба да се оди на гласањево за темава.
Кој го интересира нека прочита повеќе на пр. во темата за
Македонија под српска окупација.( каква беше и др.)
или во многуте теми за “бугарските ослободители“
ова е така општо за почетници,што не го доживеале тоа време,
а историчариве ќе напишат повеќе а и знаат многу повеќе,
па младиве и нека прашуваат што треба и што не е јасно.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
1. Се молат запенавените титови пионерчиња како овој што ја отворил "тамава" прво да прочепкаат по предходно отворените и ако имаат нешто да кажат да го направат тоа на веќе објавените, а не да отвараат нови, па уште и со некакви си "гласања за почит" и слични глупости.

Јосип Броз - Тито

Тито и Македонија

2. Како што гледам се затерало до 7 страни, а ни трага ни глас од барем еден единствен ДОКУМЕНТ или изворно сведоштво за вашиот омилен Јоже (ова се однесува на верните љубители на Јоже кои кога тој цркна не биле ни во план, а камоли родени ама овде се утепале од шкрабање рекла-казала муабети)..??!

Или научете се што значи ИСТОРИЈА или ваквите темички и дрочењето на нив терајте си го на друго место, а не тука.

3. Ајде ќе постирам неколку работи тука, со молба модераторите да ги префрлат или спојат со другите теми, зашто оваа е полна со дрн-дрн-јариња.

Пред извесно време еден српски новинар по име Перо Симиќ објави некои работи за другарот Јоже од Кумровец коишто мошне бегло и површно ги пренесоа и некои од нашите т.н. медиуми.

http://www.dnevno.hr/vijesti/hrvatska/tito__egzekutor_u_spanjolskoj_vojsci/373817.html

http://www.plusinfo.mk/vest/12859/Tito-ubil-povekje-komunisti-od-Franko-vo-Shpanija

Еве го и видеото, па да видиме и слушнеме што кажува тука Перо Симиќ:



Сега појасно ли е што мустра беше "другарот" Тито..?

Има многу што допрва да се открива за вистинското лице, делото и улогата на мистер Јосип Броз-Тито општо за Балканот и поранешна Југославија, ама посебно во врска со наша Македонија и нас Македонците.

Само тоа не се прави, ниту па некогаш ќе се направи ако со денови и месеци некои верни и збудалени титови пионерчиња дрочат на ангро како што тргнале овде да прават.

Таквите појави најубаво ги отсликуваат стиховите на Ристо Вртев од македонската група Архангел во песната "Војна":

"Гледам идол на ѕидот
Гледам насмеан крвник
Во неговата прегратка
ќе заспиеме сите"
 

--HEIDERN--

The Iron Fist
Член од
18 декември 2011
Мислења
638
Поени од реакции
378
Jas si go kazav moeto mislenje, vo prethodnite moi postovi !!!
Mozebi sum vo pravo, a mozebi i gresam, no toa e moeto konecno mislenje !!!
Komunizam/Socijalizam YOK i pupu skraja neka e, nikogas da ne se povtori ovoj glup sistem !!!
No za mene Jugoslavija(kako drzava) i Tito(kako nejzin dolgogodisen lider) vecno kje gi pamtam i kje gi pocituvam(do odredena mera) i jas otsekogas pravam distinkcija pomegju rabotite, sekoja cest za starite komunisti, no ovie nivnive demek naslednici(komunjari) se gola voda i nula za niv !!!
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
- Ченто,убаво кажа дај нека се спојат сите теми во една
и пред би поставил гласање што мислите за делото на “Ченто“
отколку ова.Ама многимина освен името Ченто дгуго и незнаат
за него.А дека тито ќе остане поврзан со историјата на
Македонија тоа е факт бар во тој приод од 1941 -1991год.
и народов треба да ја знае таа вистина за него.Но понекогаш
таа доцна доаѓа во позитивна или негативна насока.
Еве ова за “Шпанија“- прв пат го слушаме-читаме.
Само не е забрането секој да го каже своето мислење.
Иако повеќето овде новините ги отвараат од позади и
ги читаат само задните страни.
Арно вика Ченто земете една книга прочитајте од початок до крај.
Веќе и јас не знам со прашањето Што понатаму.
Сега се одлучив нема (зо)што да го сакам или почитувам.
Ја сакам само Македонија
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.239
Ај да не сум превише офтопик, но изворот на информации Перо Симиќ иако познат новинар, сепак е далеку од извор кој заслужува цитати. Имено радиоизвестувањата на Симиќ 1992 директно беа повод за упад на аркановата паравојска и убиство на над 1000 цивили во Бијелина (североисточна Босна) и во други места за време југословенската војна. Како новинар на Милошевичевите гласила, норрмално дека имал негативни импликации во војната и одредена сомнителна улога во зголемување на тежината на одредени "факти" за бившата СФРЈ.
На темата...Тито во одредени постапки бил контроверзна личност, но на вага треба да се стават и некои други факти. Како народ и територија нешто сме добиле, нешто изгубиле (ликвидации, национализации, Падинска, Идризово)...многу повеќе сме добиле, а најбитно држава со сите стопански нестопански нишани, инфраструктура, станбен фонд, индустрија, јазик. Не сум учел на српски, не сум гледал филм во кино на бугарски...а сме можеле и понатаму да фигурираме како територија без држава без црква, јазик, школи и македонски јавни установи, гласила.... од кога...од времето на коњаникот на плоштад? У секој случај за мене бил ок пошто сето ова тогаш сме го изградиле.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Ај да не сум превише офтопик, но изворот на информации Перо Симиќ иако познат новинар, сепак е далеку од извор кој заслужува цитати. Имено радиоизвестувањата на Симиќ 1992 директно беа повод за упад на аркановата паравојска и убиство на над 1000 цивили во Бијелина (североисточна Босна) и во други места за време југословенската војна. Како новинар на Милошевичевите гласила, норрмално дека имал негативни импликации во војната и одредена сомнителна улога во зголемување на тежината на одредени "факти" за бившата СФРЈ.
Не сум запознаен со предходните "заслуги" на новинарот Перо Симиќ, ама ми се чини дека ако веќе него го дисквалификуваме како "матен" или "сомнителен" што останува за главниот субјект мистер Тито..?
Да споменам само дека 45 години Југославија со неверојатни слетови и манифестации (што по ништо не се разликуваат од оние во Северна Кореја на кои целиот свет гледа со потсмев и сожалување) му го славеше наводниот "роденден" на 25 мај, иако до ден денешен никој жив не знае да каже кога точно е роден тој господин Тито..?!?
И да не се лажеме, тоа е само еден од стотиците, ако не и иљадници матни детали околу човекот.

Гледам овој Симиќ издал и книга, а во видеото се фали и дека му бил дозволен пристап во архивата на Коминтерната. Ако е така, и ако во книгата уредно има наведено извори со архивски броеви на документите на кои се повикува за тврдењата (ако воопшто има такви во книгата, јас не знам), тогаш тешко ќе биде некој да го дисквалификува како извор, освен ако не покаже апла дека таквите документи не постојат, или дека во нив не пишува такви работи, или сл.

Lurtz напиша:
На темата...Тито во одредени постапки бил контроверзна личност, но на вага треба да се стават и некои други факти. Како народ и територија нешто сме добиле, нешто изгубиле (ликвидации, национализации, Падинска, Идризово)...многу повеќе сме добиле, а најбитно држава со сите стопански нестопански нишани, инфраструктура, станбен фонд, индустрија, јазик. Не сум учел на српски, не сум гледал филм во кино на бугарски....
Ете ова обопштено верглање (извини ама тоа е најмекиот израз што ми паѓа на памет) кое се протура од луѓето коишто живееле додека бил жив и делувал "другарот" Јоже и им се натура на помладите генерации кои поим си немаат од основни работи, а камоли детали за дејствувањето на човеков е тоа што ептен ми смета.

- Ако за тебе сме биле "територија" а не земја со истото име повеќе од 2500 години тогаш не знам што да кажам...
- Аман со таа смешна фраза дека демек ние нешто сме "добиле" од Тито како на тацна!
Сите заслуги за "добивката" се на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и неговите жртви, а не на некојси Тито, којшто за целото време се бореше и успеа да ги спречи, изјалови и уништи сите легитимни движења и планови на патриотските Македонци кои се залагаа и бореа за ЦЕЛОКУПНА и ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА како посебна држава со можност како таква да стапи во федерација или конфедерација со некои од соседите!
- Сите "стопански нестопански нишани и инфраструктура, станбен фонд, индустрија, јазик" се исто така заслуга на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, а не на некојси Тито!
- Српско-хрватскиот беше официјален јазик и ЗАДОЛЖИТЕЛНО се учеше во основно училиште, а да не зборам за војската.
- Сме гледале филмови не само на бугарски, туку и на сите други јазици, се разбира со превод на македонски.

Lurtz напиша:
а сме можеле и понатаму да фигурираме како територија без држава без црква, јазик, школи и македонски јавни установи, гласила.... од кога...од времето на коњаникот на плоштад? У секој случај за мене бил ок пошто сето ова тогаш сме го изградиле.
- Ова последново целото е нејасно, што сакаш да кажеш, дека демек без Тито немало да има воопшто Македонија ли..?!?

На 99% од тие што "позитивно" гледаат на времето на Тито едноставно им фали младоста. Тоа не значи дека не треба да има споредби и да се влечат некои заклучоци и да се издвојат добрите работи кои треба и сега да ги има, ама да се глорифицира нешто и некој како без него да не било ништо можно е смешно и несериозно.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.239
Гледам овој Симиќ издал и книга, а во видеото се фали и дека му бил дозволен пристап во архивата на Коминтерната. Ако е така, и ако во книгата уредно има наведено извори со архивски броеви на документите на кои се повикува за тврдењата (ако воопшто има такви во книгата, јас не знам), тогаш тешко ќе биде некој да го дисквалификува како извор, освен ако не покаже апла дека таквите документи не постојат, или дека во нив не пишува такви работи, или сл.
.
Како и други "историчари" од соседството...дали на едните да им веруваме, а на другите не? Овој човек работел за режимот на Милошевиќ, а ваков тип луѓе кои просперирале на што пошокантни информации од тоа време има многу. Затоа, ако веќе вагам, гледам што сме добиле како народ, а ги игнорирам "фактите" дали во Шпанската граѓанска војна Јосип бил ликвидатор или не. Тоа се излишни и сомнителни информации кои мене и нас како народ не знам колку не засегаат.

- Ова последново целото е нејасно, што сакаш да кажеш, дека демек без Тито немало да има воопшто Македонија ли..?!?
Па не знам кога македонците ги имале сите наведени институции на македонски, каде можеле слободно да се наречат македонци, со јазик, црква и институции каде не требало да се пишат бугари, срби за да се вработат. Мене македонска држава со сите нишани пред 45 не ми е познато дека постоела. Индустријализација, електрификација, снабденост со вода и канализација, патишта, земјоделство, индустрија, станови за скоро секое семејство... Амбуланти и школи и други објекти од јавен интерес на кои најголем % застанавме по осамостојувањето.
...на македонски од македонски учебници запишани како Станковски а не како Станков или Станковиќ. Македонски научни институти, МАНУ, Македонски Универзитети...институции и добра кои претходно не постоеле.
Еден случаен пример од нет...за селото Елшани, кој ја отсликува состојбата со македонските населби

-Раниот 13-ти век се среќава првата писмена трага за Елшани.
-1395: Елшани паѓа под власт на Османлиите.
-1408: изградена (обновена) е црквата "Св. Илија".
-Kраj на XIX век: Елшани има 240 жители.
-1903: во Илинденското востание жителите на Елшани учествуваат со своја чета, при што се дадени и жртви во човечки животи; во борбите посебно се истакнал војводата Никола Митрев - Езерски.
-1912: крај на османлиската власт во Македонија; во текот на Првата балканска војна Елшани е окупирано од Србите кои вршат воена мобилизација на машкото население - 13 души се убиени на военото поле.
-1915: селото е под бугарската воена окупација во текот на Првата светска војна.
-1918: Елшани под власт на новото Кралство на Србите, Хрватите и Словенците (подоцна преименувано во Кралство Југославија).
-1941: италијанска фашистичка окупација.
-1943: бугарска окупација; многумина елшанци се приклучуваат на НОАВ, од кои седуммина се убиени во борба.
-1944: крај на туѓата власт и сега Елшани е во (Социјалистичка) Република Македонија, која во тоа време е една од шестте републики на Социјалистичка Федеративна Република Југославија; селото го постигнува најголемиот напредок во својата повеќевековна историја, кога за прв пат се изградени патишта, водовод, електрична и телефонска мрежа.
-1991: Елшани ја дочекува независността на Република Македонија, како едно од најзачуваните села, со сите неопходни услови за опстанок и можности за понатамошен развој.

Сметам дека историјата на Елшани е историја на скоро сите населби во Македонија...освен ако немаш некои споредбени податоци за стопанството, инфраструктурата и станбениот фонд пред создавање на НРМ, за време периодот до 90-та година и во независна Македонија. Да видиме што сме имале и добиле пред, за време СФРЈ и сега.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Како и други "историчари" од соседството...дали на едните да им веруваме, а на другите не? Овој човек работел за режимот на Милошевиќ, а ваков тип луѓе кои просперирале на што пошокантни информации од тоа време има многу. Затоа, ако веќе вагам, гледам што сме добиле како народ, а ги игнорирам "фактите" дали во Шпанската граѓанска војна Јосип бил ликвидатор или не. Тоа се излишни и сомнителни информации кои мене и нас како народ не знам колку не засегаат.
Lurtz, ај без потреба да не се вртиме во круг сега.
Реков веќе еднаш, можеби Перо Симиќ е "матен тип", ама може да бил и десна рака на сотоната лично, тоа е ирелевантно во случајов. Мене ме интересира дали има трунка вистина во тоа што го збори или не? Постојат ли такви документи за Тито или не, тоа е тоа.
И темата е општо за Тито, ете решил некој да му изразува почит, а како ќе изразиме "почит" кон човек за кого имаме само дезинформации и лепење обланди наместо да се потрудиме да дознаеме некои релевантни ФАКТИ..?!?

Lurtz напиша:
Па не знам кога македонците ги имале сите наведени институции на македонски, каде можеле слободно да се наречат македонци, со јазик, црква и институции каде не требало да се пишат бугари, срби за да се вработат. Мене македонска држава со сите нишани пред 45 не ми е познато дека постоела. Индустријализација, електрификација, снабденост со вода и канализација, патишта, земјоделство, индустрија, станови за скоро секое семејство... Амбуланти и школи и други објекти од јавен интерес на кои најголем % застанавме по осамостојувањето.
...на македонски од македонски учебници запишани како Станковски а не како Станков или Станковиќ. Македонски научни институти, МАНУ, Македонски Универзитети...институции и добра кои претходно не постоеле.
Еден случаен пример од нет...за селото Елшани, кој ја отсликува состојбата со македонските населби

-Раниот 13-ти век се среќава првата писмена трага за Елшани.
-1395: Елшани паѓа под власт на Османлиите.
-1408: изградена (обновена) е црквата "Св. Илија".
-Kраj на XIX век: Елшани има 240 жители.
-1903: во Илинденското востание жителите на Елшани учествуваат со своја чета, при што се дадени и жртви во човечки животи; во борбите посебно се истакнал војводата Никола Митрев - Езерски.
-1912: крај на османлиската власт во Македонија; во текот на Првата балканска војна Елшани е окупирано од Србите кои вршат воена мобилизација на машкото население - 13 души се убиени на военото поле.
-1915: селото е под бугарската воена окупација во текот на Првата светска војна.
-1918: Елшани под власт на новото Кралство на Србите, Хрватите и Словенците (подоцна преименувано во Кралство Југославија).
-1941: италијанска фашистичка окупација.
-1943: бугарска окупација; многумина елшанци се приклучуваат на НОАВ, од кои седуммина се убиени во борба.
-1944: крај на туѓата власт и сега Елшани е во (Социјалистичка) Република Македонија, која во тоа време е една од шестте републики на Социјалистичка Федеративна Република Југославија; селото го постигнува најголемиот напредок во својата повеќевековна историја, кога за прв пат се изградени патишта, водовод, електрична и телефонска мрежа.
-1991: Елшани ја дочекува независността на Република Македонија, како едно од најзачуваните села, со сите неопходни услови за опстанок и можности за понатамошен развој.

Сметам дека историјата на Елшани е историја на скоро сите населби во Македонија...освен ако немаш некои споредбени податоци за стопанството, инфраструктурата и станбениот фонд пред создавање на НРМ, за време периодот до 90-та година и во независна Македонија. Да видиме што сме имале и добиле пред, за време СФРЈ и сега.
Ете сега пак истиот муабет и свесно ставање на розеви наочари, само и само да не се погледне објективно на работите и дотичнава личност и неговата дејност, а со тоа и искривување на претставата за него што се пренесува на помладите.

Сето тоа што си го навел е точно, ама тоа кој го направи?
Да не дојде Тито да ги направи сите тие работи додека нашиот народ стоел по страна со скрстени раце, или тој МАКЕДОНСКИ НАРОД си ги изгради и направи сите тие работи со огромни жртви..?!?

А за политиката на градење фабрики и индустрија во северо-западот т.е. Словенија и Хрватска ич да не зборам...

За улогата на Јоже во градењето на односите со јужниве врз грбот на Македонците исто така не треба да се спомне, нели, прибидејќи без неговото величество ништо немало да има, така ли..?

Тоа што свесно си изгради култ на личност и стана небаре некое божество, и за тоа не треба да се каже нели..? Па ќе имаме сега вакви како овој што ја отворил темава да го сметаат за "цар" госпон Тито и слични моронштини...
Не за џабе јужнине успеваат токму заради таквите како тој што ја отворил темава да го убедуваат светот дека ние не заслужуваме да имаме свое име, туку дека треба да си останеме "бивша југословенска..."

Реков, и пак ќе повторам, ако ви се прави рекла-казала муабет за Тито или за било кој има соодветни подфоруми за тоа овде.
Ако сакаме стварно да разговараме за ИСТОРИЈА, тогаш редно е да престанеме со замачкување на работите.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.239
И темата е општо за Тито, ете решил некој да му изразува почит, а како ќе изразиме "почит" кон човек за кого имаме само дезинформации и лепење обланди наместо да се потрудиме да дознаеме некои релевантни ФАКТИ..?!?
Тоа и јас велам, што говорат фактите за македонците...дали ќе наведеш кога претходно постоела македонска држава со химна, знаме, Устав, јазик, црква, институции, како и споредбени податоци пред СФРЈ, за време НРМ и СРМ и сега во стопанството, станбениот фонд, услугите и инфраструктурата. Без факти, јас пишувам тоа што сум го гледал и живеел...од извоз на различни производи, станбено обезбедени работници до раб. места за сите. Дали ќе бил Тито или Кардељ или Бакариќ...во даден момент бил Тито.
За улогата на Јоже во градењето на односите со јужниве врз грбот на Македонците исто така не треба да се спомне, нели, прибидејќи без неговото величество ништо немало да има, така ли..?
сметаш дека Македонија Југославија и нејзините борци требало да се борат против сите големи сили и нивните одлуки...а што ако (а тоа е повеќе од сигурно) повторно не дораспарчеле и довеле во ситуација да ја немаме Македонија која сме ја добиле по војната? Во војна против СССР, САД, ВБ, Франција...да не се залажуваме постојано за македонските бригади и Егејска Македонија.
Тоа што свесно си изгради култ на личност и стана небаре некое божество, и за тоа не треба да се каже нели..? Па ќе имаме сега вакви како овој што ја отворил темава да го сметаат за "цар" госпон Тито и слични моронштини...
Ок, наведи некоја друга личност која подобро ја третирала Македонија во било кој период од историјата. Јас не знам за таков, но ако имало...ок.
А за политиката на градење фабрики и индустрија во северо-западот т.е. Словенија и Хрватска ич да не зборам...
Ако се споредуваме со тие републики од СФРЈ, дали може да споменеме дека здравствениот систем бил образец за здравствениот систем во Шведска, дека туберкулозата, маларијата и слични болести биле совладани на ниво на развиените држави...дека сите селани од Македонија добивале куќи или станови и се вработувале во индустријата, а селата биле големи извозници во другите делови од СФРЈ и тој период е оној кога се јавил голем развој во тие села од електрификација до водовод, механизација која го заменила екстензивното земјоделие...и слични информации. Или сето тоа ќе го премолчиме пред младите и ќе ги лажеме дека оваа Македонија ги создала сите добра. Развојот на Македонија е неспорен, а во тој момент се затекнал Тито, а не некој друг.
Ете сега пак истиот муабет и свесно ставање на розеви наочари, само и само да не се погледне објективно на работите и дотичнава личност и неговата дејност, а со тоа и искривување на претставата за него што се пренесува на помладите.
Еве едно старо прашање...што сме имале пред да дојде екипата на дотичната личност...држава? Таа личност, нејзините потези се дел од историјата која јас ја гледам како придобивка. Жртвите? Жртви имале и американските држави и французите, германците...секаде се случувале илјадници па и милиони жртви во име на иднината.
Јас не гаам култ на личност кон тој човек, но факт е дека сме имале најголема придобивка во негово време. По неговата смрт се се распадна, кредитите и долговите се зголемија, почна голема несташица на продукти за на крај се да се испокраде.
--- надополнето: 4 февруари 2012 во 21:04 ---
Еве и еден пример за земјоделството. Земјоделската механизација на пример е стара и до 50 години, просек на комбајните околу 30 со што сме на врвот во Европа, а на дното по конкурентност во земјоделството.Загубите по тој основ се и по 10 и 11 милиони евра или во пари 200 нови комбајни. Ете еден пример за развој од СФРЈ од кој живееме и ден денеска. А за набавките и кредитите повторно бил "одговорен" Тито, екипата и нивните петолетки.
 
Член од
12 декември 2011
Мислења
175
Поени од реакции
25
епа прво ЧЕНТО незнам зошто мораш со толкава горчина да пишуваш ако пречи тоа што на темева се дискутура 7 страни ,можеше ништо да не напишеш и немаше да има толку многу страи и темата е јасна дали го почитуваш животот и делото на тито и ти очигледно си гласал дека не го почитуваш и крај на приказната . тука на темава има и луѓе кои што го почитуваат , така да немораш толку жестоко да се убедуваш. јас го почитувам и крај неможеш со твоите постови да ми го смениш мислењето, како што и јас неможам да ја сменам твојата омраза кон тито.
неможеш да кажеш дека сум титов пионер зошто тито е мртов и тоа веке не постои и е смешно некој кој што се интересира за тито да го нарекуваш титов пионер
--- надополнето: 4 февруари 2012 во 21:14 ---
а како што и претходно кажав , голи оток се случува и денеска еве што се случи со фиат цановски зошто се тргна од владеачката партија не му се случи голи оток ама му се сруши зградата, на велија рамковски истото му се случи и на многу други кои не се дел од јавноста
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
-ај преврлете се бар денес на темата за Гоце Делчев.
-се чудам и како за Кузман наш нема волку страници.
 
Член од
12 декември 2011
Мислења
175
Поени од реакции
25
-ај преврлете се бар денес на темата за Гоце Делчев.
-се чудам и како за Кузман наш нема волку страници.
епа трегичното е тоа што викаш баш денеска пошто е годишнина на гоце делчев да се пишува за него

а потргично е тоа што нашиот народ е необразован за гоце делчев ,кузман и 1000други
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom