Значи другарчето Алагар дефинитивно ме разочара ама нејсе , колку да има за што да одговара накратко за неговите прашања :
-Скитите се номади со персиско потекло ( произход) и јазик , кои успеале да завладеат со просторите на денешна источна Украина па се до средна Азија , поточно станува збор за грчки назив на конгломерат од разновидни племиња кои го населувале тој простор од некаде VII - VIII век пред нашата ера .
- Сарматите се истотака народ со практички исто потекло како и т.н. Скити , и произлегле од нив , т.е. дел од нив кој со тек на време и околности воено , политички и економски го надјачал остатокот од скитското општество и создал свое воено економско јадро , кое со време се проширило до територијата на денешна Полска .
- и двете заедници имале неколкувековни меѓусебни судири и соработки , сарматите си имале на-ти дај-ми со римјаните долги години за на крај дефинитивно да настрадаат во големата преселба на народите и да се претопат во миљето на новонастанатите групи на народи.
-како единствени веројатни наследници на овие две групи , поточно на сарматите ,можат да се посочат денешните осетијци ( алани) , ако претендираш дека си роднина со нив веднаш откажи се , живеев извесен период до нив , добар совет ти давам , верувај ми.
-каква е врската на б'лгарските племена и славјаните? Ами сам прашуваш сам одговараш ! Славјаните се така наречени поради писменоста (словото) и јазикот кој од тоа слово произлегол а пак од друга страна племе си е племе макар тоа да е и б'лгарско! Врската меѓу нив е - што бугарите во разбегот под налетот на хазарите , извесен период делеле иста територија со славјанските народи .
-врската меѓу античките грците и македонците е пријателско посматрање во видокруг од 10 см. над штитот и лево од врвот на копјето , до моментот кога на македонецот ке му скисне и ке му ги истури цревата на гркот наземја !!! многу подоцна дел од друштвото кое го преживеало тоа "пријателство" е основач на тоа што ние го имаме како поим за славјанство !
- не е упатно јас да ти кажувам која е разликата меѓу бугарите и татарите поради тоа што ти како бугарин најдобро си знаеш !!! врската е тоа што и двата народа се со туркојазично потекло, иако за почеток бугарите биле персиско јазичен народ ( што искрено кажано историски прави врска со остатоците од сарматија) , разликата е големата временска разлика на нивното појавување на европско тло. прабугарите како што милувате да ги нарекувате "вашите" предци прв пат како група од племиња се појавува околу азовско море , каде со помош на антите и другите предци на денешните славјани од тие предели успеале , по распадот на царството на хуните , да се одцепат од влијанието и владеењето на аварите , создале свое општество кое имало свои подеми и падови ама конечно да биде растурено од азарите .
Еден од синовите на Кубрат ( Котраг) го повел своето племе во реонот на денешен Татарстан , каде ја создале т.н.Волжска Булгарија која покасно е освоена од татарите .
Од мене толку натамошното пријателство или непријателство со освојувачите на таа Бугарија ви го оставам вас.