Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 ноември 2011
Мислења
314
Поени од реакции
30
Здраво !
Сакам да прашам како можам на најлесен начин да купам производ преку интернет ! Ме бендисаа патики од http://www.shopadidas.com и дали во Македонија производот ќе ми го царинат и да доплатам дополнителни трошоци ? Имам искуство ми стаса iPod и платив вистина премногу 2500 денари а вкупната цена беше околу 10000 денари.
Благодарам.

*Забелешка од модератор:*

Трошоци при порачување преку Интернет:

0-22 евра (со вклучени транспортни и манипулативни трошоци) - не се плаќа царина и ДДВ
22-45 евра - се плаќа само ДДВ

45+ евра - се плаќа ДДВ и царина

Данокот на додадена вредност е 18%. Даночната основица ја сочинува царинската основица зголемена за износот на пресметаната царина.
Царинската вредност на стоката ја сочинува фактурната вредност на која се додадени транспортните и други манипулативни трошоци кои настануваат до влезот на стоката на царинското подрачје на Република Македонија. (Кај поштенските пратки, износот на поштарината влегува во царинската вредност на стоката).
 
Последно уредено од модератор:
Здраво !
Сакам да прашам како можам на најлесен начин да купам производ преку интернет ! Ме бендисаа патики од http://www.shopadidas.com и дали во Македонија производот ќе ми го царинат и да доплатам дополнителни трошоци ? Имам искуство ми стаса iPod и платив вистина премногу 2500 денари а вкупната цена беше околу 10000 денари.
Благодарам
Види тука, тука или тука.
 
Имаме најскапа царина, јбг. Внимавај и да не ти го оштетат продуктот, сум имал искуство со нашиве неписмењаци, ама не можеш да докажеш. Нејсе, кредитна и терај. А за царина, тоа е друже ќе си платиш.
 
Кажете ми нешто за купување онлајн во Македонија или Бугарија. Како стоите со искуство, дали имало некои проблеми кога сте нарачувале итн...секоја информација е добредојдена. :)
 
Ако тоа што ке го купуваш е под 45 евра не треба да плаќаш царина.
 
Ако тоа што ке го купуваш е под 45 евра не треба да плаќаш царина.
Не сум баш сигурен,мислам дека тоа што го купуваш не треба да е поскапо од 250-300 евра
 
Не сум баш сигурен,мислам дека тоа што го купуваш не треба да е поскапо од 250-300 евра

Точно е до 45 евра нема ни данок ни царина. Уште попедерски е што во тие 45 евра се рачунаат и колку си платил за превозот. Значи со се превозот да не е повеќе од 45 евра.
Јас прво мислев дека само продуктот да не е повеќе од 45 евра, ама од fedex ми се јавија еднаш кога нарачував и ми потврдија дека се рачуна и колку си платил за превозот/поштарина.
 
Не е проверено дали е до 250-300 евра за пратки по пошта и до 400-500 евра ако пратката е лично твоја и со тебе.
Знам само дека има измени ама треба да се провери.
 
Значи ако е производот над 45 евра колку ке платам царина планирам да земам продукт околу 55 - 56 евра
 
Значи ако е производот над 45 евра колку ке платам царина планирам да земам продукт околу 55 - 56 евра
Никој не може да знае, во основа зависи од типот на продукт. Во реалност зависи од цариникот и неговото толкување на производот и царинскиот ценовник. Во превод македонска работа.

Види тука ако можеш да најдеш во која група на прозиводи спаѓа и колку ќе му биде ддв и царина.
www.customs.gov.mk/html/vodic_za_carinenje_na_stoka_2012_ver3.xls
 
Во најлоша ситуација 30% од вредноста на производот +18% од тие 30%.
 
Колку е безбедно да се купува од:
http://www.dhgate.com/
Дали има некој купувано и дали го добил тоа што го купил од dhgate ?
 
Колку е безбедно да се купува од:
http://www.dhgate.com/
Дали има некој купувано и дали го добил тоа што го купил од dhgate ?

Сите нарачки до сега ми стигнале без проблем...продавачите се доста комуникативни и одговараат на сите прашања и е многу побезбедно од ибеј
 
Сите нарачки до сега ми стигнале без проблем...продавачите се доста комуникативни и одговараат на сите прашања и е многу побезбедно од ибеј

Какви се опциите за плаќање ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom