Веб дизајн, ваши страни

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Па многу се долги, нема да ти помогнат со SEO воопшто. Види некој SEO Links плагин, одамна неам користено Joomla, не ми текнува ниеден моментално.

Немора да користи никакви плагини и додатоци самата џумла си има вградена опција за СЕФ линкови со mod_rewrite, така да да ги среди линковите е само 5 минути работа.
 
Јас не можам ништо да видам, ми дава од 000webhosting а не твојата страна. Провери дали се ти е добро подесено
 
Уште не му е одобрен сајтот, ќе видиме кога ќе биде [за 24 часа најверојатно ги одобрувааат].
 
Не е одобрена уште. Ќе го ставам постот пак подоцна со линкот.
;)
 
Пред да постирам нешто, што сум го правел некој период, едвај собрав храброст да го аплодирам и да го претставам тука. Темава ја следам сигурно година дена, али ја имам прелистано многу пати, сум ги видел повеќете сајтови кои што се постирани тука.

Струката ми е ептен спротивна со веб дизајн, па ова го правам само неколку месеци уназад, чисто како хоби и тепање време.

Страната е изработена со хтмл/цсс/фотошоп со мои темплејти(не поштувам готови темплејти), флеш за банерите и јquery за галеријата.

Знам дека е срање, и дека е аматерска и дека на 99 проценти од луѓето нема да им се свиѓа али тоа е тоа, сигурно дека многуте критики ќе ми дадат мотив за понатака и за нешто ново.

Се окозив,окучив дури ги средив баговите за експлорер,моцила и хром!

Иначе кодот е во HTML 4.01 - strict!

А да, и ја аплодирав на овој бесплатен хостинг пошто сепак е тест страната.

Бујрум!

http://www.komunalnahigena.comze.com/

:unsure:

едит: страната сега е одобрена од хостот!
 
Flash анимации, Comic Sans фонтот, ме потсеќа на тие старите piczo.com сајтови што ги имавме сите. Иначе структурата е солидна.
 
www.iksika.net

Странава е моја, ја отворив пред неколку дена. Регистрирана е преку GoDaddy.com ( компанијата преку која Google ги регистрира сите блогови кои се претворени во сопствени страни ). Сеуште има работи кои треба да се дотераат бидејќи кодот содржи некои неправилности и дополнително треба да се нашминка изгледот на првобитниот темплејт така да сегашниот изглед сметајте го како бета тест верзија. Па, кажете што мислите, нема да се налутам... :гик:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ONE
До пред една недела АБЕР немав од веб дизајн, случајно на потфорумов отворив и ме заинтересира, најдов туторијал за joomla, најдов темплејт што ме бендиса, и еве резултат:
www.hsfcbooking.com
Што мислите како за првенче? :)
 
И мене можат да ми дат да пушчам музика на радио, па ќе пуштам. Шојма врска шо после Нели Фуртадо ќе го пуштам Гоце Арнаудов :)

За првенче не е лошо, ама тргни од моја гледна точка:
- незнам за што е сајтот (која му е намената)
- незнам шо е HSFC
- незнам шо барам на сајтот (некој ми турил линк)

Ко ќе го отвориш освен слики (галерија) и лого, друго нешто не иди до израз. Како корисник, глеам ко теле во шарена врата 1 минута, кликам по сликите... не најдов ништо интересно, бегам.

На тој дел треба да поработиш повеќе.
 
До пред една недела АБЕР немав од веб дизајн, случајно на потфорумов отворив и ме заинтересира, најдов туторијал за joomla, најдов темплејт што ме бендиса, и еве резултат:
www.hsfcbooking.com
Што мислите како за првенче? :)

Повеќе информации за што се работи, т.е. која е намената на сајтот.
Што се однесува до изгледот и распоредот на елементите, како за почеток воопшто не е лошо среден. Гледам дека користиш и готов темплејт, почни полека да навлегуваш и во кодот и да го правиш сопствени или барем да преуредиш некои готови темплејти.
 
Во право сте потполно, и ќе поработам на тоа. Иначе десно кај видеата, има и таб ИНФО, тука пишува што е HSFC Booking, и која му е целта. Меѓутоа, точно е дека не се приметува лесно.
Е сега, планирам да го ставам инфото, кај што е сега сликата за Like на фејсбук, а сакам да направам (ама не знам како:) ) ко че ја отвориш странава, одма да излези pop up за like на facebook.
Иначе, мораше да го пуштиме сајтов што е можно побрзо( потребен ни е), а во иднина планирам и други работи да се стават, како топ 10 траки на секој Dj, статии поврзани со електронска музика, журки ова она. А целта на сајтов е, да се изразам глупо, портарење, зато главен акцент е ставен на галериите :) Значи ние сме 4 ца Dj - и напатени. Откажавме од кај што бевме резиденти. Си основавме booking агенција. Имаме фотограф што не следи на настаните, па прилепчаниве си тера сеир во галериите :)
 
Посебно внимание на влезна страница посвети им на настаните. Тоа е она што ви е најбитно претпоставувам, а сликите и да ги забуташ некаде пак оние кои биле ќе си се пронајдат.
 
MkPrevodi.com - дизајнот не ми е баш нај нај, али имам ангажирано дизајнер што ќе го среди тоа. Другото се е од мене куцано и во скоро време треба да има и некои нови функционалности како препораки додека го пишувате филмот во полето за пребарување и сл.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom