Американска нуклеарна подморница во Црвеното море: Се групира ли војска за напад на Иран?

S

Shellshock nam67

Гостин


Две пловни тела на американските маринци, нуклеарната подморница 'USS Annapolis' и крстосувачот 'USS Momsen' поминале низ Суецкиот канал и влегле во водите на Црвеното море. Иако нивната крајна дестинација се држи во најстрога тајност, многу веруваат дека котвите ќе ги спуштат во Персискиот залив.

Поминувањето на овие два брода било исклучително тешка задача за администрацијата на Суецкиот канал, бидејќи поради нивна безбедност морале да го затворат каналот за целиот сообраќај, односно требале да го затворат и мостот поради што обалите четири часа не биле поврзани. Сообраќајот покрај обалата на каналот исто така бил намален, известил Интерфакс.

Американците групираат војска во целата регија

Не постојат информации за крајната дестинација на овие два брода, но не треба да се заборави фактот дека во овој момент 'климата' помеѓу САД и Иран е исклучително ладна. Постојат спекулации дека Анаполис и Момсен се движат кон Персискиот залив со цел да ја зајакнат веќе постоечката воена структура на американската армија во таа регија. Моментално Американците во тој дел од светот имаат две групи носачи за авиони контролирани преку USS Abraham Linclon и USS Carl Vinson. Во март на целата флота би требало да се приклучи и USS Enterprise, најголемиот носач на авиони на американската армија.

По што ЕУ вовела строги санкции и ембарго за увоз на иранската нафта, иранските власти повторно се заканиле дека нивната војска ќе го затвори Хормушкиот теснец, најбитниот пловен пат за 'црно злато' во светот. На американците очигледно ќе им се приклучат и многу други арапски земји од Персискиот залив што би можело да се заклучи од изјавата на еден кувајтски таен агент, кој рекол дека имаат планови во случај на ирански обид за затворање на Хормушкиот теснец.

Техеран на набљудувачите од Европската Агенција за атомска енергија им понудил продолжување на мисијата, со што покажале дека се спремни да докажат дека нивните нуклеарни амбиции се мирољубиви.

bice rata :)
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Иако нивната крајна дестинација се држи во најстрога тајност, многу веруваат дека котвите ќе ги спуштат во Персискиот залив.
Добро бре....кој е ретардираниов што ја напишал статијава.....па добро ако го поминале Суецкиот канал,кај можат да одат....сигурно не у Лапонија.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.858
Демек САД конечно ќе го нападнат Иран???

Изгледа на 30 Февруар.

Абе од 1979 година тој филм сакам да го гледам каде што САД го напаѓаат Иран, ама никако да го пуштат.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Март, месецот на војната.
Окулутни се тие САД, како Хитлер што беше.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.858
Иран има огромна количина на конвенционално оружје, дури има развиени ракети, кои би носеле боеви глави и пази,кои имаат дострел дури до западна Европа.
Да спомнам дека најпрва жртва ќе биде цената на нафтата, затоа шо Иран ќе удри со морнарицата врз танкерите во заливот, и ќе ја сечи цела нафта која патува за САД за никаква цена.
Блискиот Исток ти е како буре барут во моментов, не дај боже да почне војна зошто отиде цел регион. А војна (од тој размер) не му одговара на никој, зошто ќе повлече сериозни последици (дестабилизација на се помеѓу Пакистан и Средоземно Море).
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
....ќе биде весело...а можеби и кисело
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.330
Поени од реакции
1.180
Во Пентагон сигурно е избран и денот и часот на напад,а некој се прашува дали ќе има напад.
Напад сигрурно ќе има затоа што такво групирање на сила никогаш не се завршило со демонстрација на сила,затоа што во САД е изборна година и мора да се покаже цврстата решеност на претседателот,и поради многу други причини кои помалку или повеќе ги знаеме сите.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.858
Aбе ако има толку војска стационирано во Персискиот Залив не мора да значи дека воено ќе интервенираат...

Колку пати се имало случувано САД да имаат распоредено војски во Жолтото и Јужнокинеското море ама воопшто Кина не ја нападнале...
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Демек САД конечно ќе го нападнат Иран???

Изгледа на 30 Февруар.

Абе од 1979 година тој филм сакам да го гледам каде што САД го напаѓаат Иран, ама никако да го пуштат.
Си ги пропуштил филмот Operation Praying Mantis Можеби ќе има реприза.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Во март на целата флота би требало да се приклучи и USS Enterprise, најголемиот носач на авиони на американската армија.
!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!... знаат ли воопшто што пишуваат новинарите...

Toj e првиот американски нуклеарен носач на авиони, во употреба е од 1965 година, моментално е пензиониран во Naval Station Norfolk Virginia...
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.858
Си ги пропуштил филмот Operation Praying Mantis Можеби ќе има реприза.
Тоа брат не може да се нарече војна. Еден ден шо траело.
Зошто не останаа толку долго како во СРЈ 1999 или како Ирак 1991, 2003-2012 или како Во Виетнам 1954-1970?

А знаеш ли ти паметно газе што се случи на 4 ноември 1979 година???

На 4 ноември 1979 година иранските „Хомеинови доброволци“ ја зазедоа американската амбасада, го уаосија целиот дипломатски и службенички персонал, како и сите американски граѓани што во текот на претходните бурни денови се засолнија во неа.
Штабот на Картер, под притисок на јавноста, која бараше да му се покаже тупаница на иранскиот режим почна да влече брзи и не баш добро подготвени потези: ги протера иранските студенти и другите Иранци што без емигрантски визи престојуваа во САД, нареди да се блокираат иранските депозити во американските банки, да се намали персоналот на иранската амбасада, а вичокот да се протера да се преземат економски санкции против Иран.
На ова, Владата на Хомеини одговори остро. Беше соборена владата на Базарган и тој беше принуден да ја напушти земјата: Хомеинивата влада реши иран да не ги отплаќа своите надворешни долгови и на крајот иран стави ембарго на извозот на нафта во САД. Овие акции предизвикаа голема нервоза и несогласувања меѓу Картеровите советници.

Биле разгледувани и воени мерки - Картер рекол дека тој, ако не ги вратат американските заложници живи и здрави, со сета сила ќе го нападне Иран заради казна. По многубројните дискусии и советувањето со воените експерти, најпосле донеле одлука во Иран да се испрати воена спасувачка мисија. Со авиони ц-130, на полноќ во Иранската пустина требаше да се уфрлат неколку групи војници, заедно со хеликоптери, за полесно да му се приближат на Техеран. на 24 април 1980 година авионите атерираа во близина на еден автопат, каде беа веднаш забележани. Кај хеликоптерите се појавија тешкотии од техничка природа. Кога Картер ги доби овие вести, а тој беше во близина, на еден брод на американската флота, од каде ја следеше операцијата, издаде наредба да се прекине и сите летала да се вратат на американските бродови.

Пропаста на оваа замисла длабоко ги погоди Картер и неговиот штаб. Сега требаше да се бараат нови можности за спасување на заложниците и тоа преку тајни дипломатски мисии.

Како резултат на овој дебакл, Сајрус Венс поднесе оставка на функцијата државем секретар, а на негово место картер го именуваше некогашниот сенатор Макси.

По изборите во ноември 1980 година што ги изгуби Картер а ги доби Реган, Џими Картер дознавајќи за резултатите во авионот на пат за Џорџија, каде тргнал со неговата сопруга розалин, бил запрепастен од својот пораз, зошто очекувал победа. Тој и Розалин гласно плачеле во авионот, си ги бришеле солзите тој на неа, таа на него. Направив се што можам, постигнав толку резултати и склучив неколку можне важни договори. Што можев повеќе да сторам? Од неуспехот што го имал се сетил само на неговиот пат во Техаран и на пропаднатиот обид да ги ослободи американските заложници.
Картер многу го загрижуваше судбината на заложниците. Нестрпливо очекуваше во текот на ноември и декември да се оствари нивното ослободување преку новите посредници, дури и до 20 јануари, кога требаше да ја напушти должноста, за да ја отстрани таа голема дамка од својата совест.
За причините на картеровиот пораз на изборите и очекувањето позитивно да се реши проблемот со американските заложници во Техеран, Картеровиот советник за национална безбедност, Бжежински во неговата книга Сила и принцип го напиша следново;
„Денот на изборите помина, а заложниците уште се заробени. Картер беше поразен. Дебаклот во Иран беше еден од трите големи фактори што придонесоа за овој пораз, тоа придонесе да се појави чувството на национална фрустрација и придонесе за неточниот заклучок дека Картер е нерешителен, единството на демократите беше нарушено, што ги поткопа и финансиските извори на Партијата, инфлацијата влијаеше брз вербата на јавноста во Картеровата економска политика.
Единственото прашање со кое бевме соочени по изборите беше да се реши прашањето на заложниците пред Картер да ја напушти својата должност. Не само што тоа беше прашање на личната чест за Картер туку тоа произлегуваше и од Картеровата желба да не и ја остави таа мачна дилема на новата администрација.
Се плашеле заложниците да не бидат изведени пред суд и тоа беше предмет на дискусија на состанокот за национална безбедност свикан на 19 декември 1980 година. Картер рече дека тој не може да ја напушти својата должност ако и понатаму постои таа вознемирувачка ситуација.
На 20 јануари денот кога картер му ја предаде својата должност на Реган надежите беа насочени кон посредничката мисија на Алжир. Соработниците веќе направија предлог со пакет аранжман: да нема формално извинивање, ниту враќање на божемниот имот на шахот. Никакви понижувачки еднострани концесии. Па, сепак, Иранците не сакаа да ја прифатат солуцијата што би им овозможила да покажат гест на човечко покајување тие речиси сигурно најавија дека заложниците нема да бидат ослободени се додека Картер е претседател на САД...
Во дневникот негов запишал „Ова е последниот ден од Картеровото претседателствување. Оваа трагедија која сите не труе, во работата на претседателот просолжува да биде доминантна. Картер планираше да одлета во Немачка за да ги пречека ослободените залоѓжници. но за пистата на аеродромот во Техеран се уште стои авионот со ослободените заложници.Во 11 часот и 30 минути авионот намерно се задржуваше на пистата и се чекаше да помине инаугурацијата на новиот претседател во 12 часот. стана јасно дека Иранците нема да дозволат лет на авионот со заложниците се додека Џими Картер е претседател на САД.
Така Џими Картер одлагајќи ја секоја казнена акција против Иран која би довела до обострани жртви, чекаше да продолжи процесот околу преговарањето за заложниците. Со тоа им ги спаси животите на заложниците и ги зачува националните интереси, но цената ја плати тој - со губење на своето претседателство.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Џими Картер претседател на САД.
Ма да го е..м тој уса председател, тој и неговата политика доведоа до она што го викаа Слом 79 година како последица на светската нафтена криза, благодарејки на која во бифшата ни држава беше воведено она фамозното пар-непар возење кое овде некои ни неинформирани вундеркиндери го користат како главен контра аргумент во секоја тема за бифшата држава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom