Обработка на застарени дела во основно и средно образование

  • Креатор на темата Креатор на темата danail.V
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 јуни 2011
Мислења
119
Поени од реакции
28
Возраст
33
Пред некое време така седнат на кафе со пријатели почнавме да зборуваме за лектирите кои сме ги обработувале во основно и средно образование притоа дојдовме до заклучот дека многу од нив се стари.Некои дури од соц - комунистичкиот период.Па така се решив да ја отворам темава.
Дали мислите дека делата кои се обработуваат во основно и средно образование треба да се сменат поради нивната застареност и на нивно место да се донесат по нови?
Можете и да дадете предлог според вас кои дела треба да се вметнат во програмата за обработка.
 
Многу од македонските писатели биле тешки г'золижачи на тогашниот систем,некој од нив и претерано.....и откако созреав,и дојдов до многу факти....многу се разочарав,и на моменти се запрашував,заради нив кој знае колку други писатели се фрлени у вода....само за да можат овие да дојдат во прв план.

Ама тоа е јбг
 
Книгите од социјалистичкиот период биле стари а да не зборуваме за срањата кои беа задолжителни за читање кога јас учев средно, тогаш задолжително дело беше Евангелие според Јован :tapp: И сега овие книги не чинат а евангелија чинат? Зорле бутање религиозни глупости на средношколци не е на арно.
 
Читањето на многу книги е обичај од 19. век, кога луѓето немале филм, стрип, телевизија, интернет и слично.
Не постојат „застарени книги “, туку застарен систем на комуникација. Мислам дека современото школо бавно се прилагодува кон овие промени.
 
Не би рекол дека книгите се стари по македонски јазик не се обработува, Научи Ц++ за 21 ден, па училиштата да ја обработуваат првата едиција, а испаднала најновата деветта едиција.
Еве конкретно за средно бидејќи сеуште ме држи сеќавање
Книгите кои ги обработувавме беа претставници на некоја епоха од уметничкиот развој на човештвото, Хуманизам и Ренесанса, Класицизам и така натаму. Што мислите дека Пауело Коелјо пишува за Хуманизам и Ренесанса или Класицизам не тој пишува лесно читливи романчиња за да може поголема пара да заработи, а поголемиот дел од писателите кои се обработуваат живееле во тешка мизерија и неможете да го споредите Достоевски со Коелјо или со Џек Лондон, а друго прашање е што е тоа најново дело што треба да се обработува??
 
Не можам да се сетам дали се обработува од Џорџ Орвел-1984, ако не тогаш дефинитивно треба.
Од новите би ја додал од Фредерик Бегбеде-399 :D
 
Не можам да се сетам дали се обработува од Џорџ Орвел-1984, ако не тогаш дефинитивно треба.
Од новите би ја додал од Фредерик Бегбеде-399 :D
Фаренхајт 451 би бил добар додаток :P
Пред некое време така седнат на кафе со пријатели почнавме да зборуваме за лектирите кои сме ги обработувале во основно и средно образование притоа дојдовме до заклучот дека многу од нив се стари.Некои дури од соц - комунистичкиот период..
Данаил, соц.-комунистичкиот период е релативно нов, во однос на староста на одредени дела кои треба да ги прочитате, не знам дали се уште во програма, ама делата на Петрарка, Бокачо, Алгери се од 14-ти век (приближно). Убавиот пишан збор низ годините останува и неговата вредност не опаѓа, единствено ,во зависност од општествените односи, неговото значење се менува.
П.С.
Мое мислење е дека "Самрак" сагата(?), "Хари Потер",делата на Ден Браун и сличните на нив (иако најавувани како блокбастери и ремек дела) не се соодветни за обработка.
П.П.С.
Колку да прашам:Што се обработува денес и што би сакале да биде обработувано?
 
И после секоја година гледаме статистики опаднал бројот на деца кои атиле во рака да читаат книга секоја година се помал и помал.Јас мислам дека најповеќе за тоа е криво образованието кога 90% се некои си глупости сто никому никогас во животот не му затребале и се доста неинтересни како очекуваме бројот на деца што читаат книги да се зголеми.
Јас не велам целосно да се укинат кога и од секој периот има по еден писател кој е заслужен да биде обработуван заедно со неговите дела ама сепак претерано е.
Не велам основци да читаат Самрак(и да почнат да читаат најголемиот дел од нив нема да ја раљзберат а останатиот дел ќе имаат кошмари со вампири) или Хери Потер.Само знам дека има доста писатеи кои би можеле со совите дела да ги заинтересираат помладите па така уште од мали да можат да ја стекнат таа важна навика.
Филм како филм.Седиш гледаш завршува за 2 часа.Сите среќни заљубени и се е океј светото не пропаднал.Ама друго е кога ќе земеш добра книга и кога ќе ја читаш една недела.Многу подруго.Ама за жал како што кажав на почетокот процентот на заинтересирани за тоа секојдневно се намалува
 
И после секоја година гледаме статистики опаднал бројот на деца кои атиле во рака да читаат книга секоја година се помал и помал.Јас мислам дека најповеќе за тоа е криво образованието кога 90% се некои си глупости сто никому никогас во животот не му затребале и се доста неинтересни како очекуваме бројот на деца што читаат книги да се зголеми.
Јас не велам целосно да се укинат кога и од секој периот има по еден писател кој е заслужен да биде обработуван заедно со неговите дела ама сепак претерано е.
Не велам основци да читаат Самрак(и да почнат да читаат најголемиот дел од нив нема да ја раљзберат а останатиот дел ќе имаат кошмари со вампири) или Хери Потер (влакнест потер, еј). Само знам дека има доста писатеи кои би можеле со совите дела да ги заинтересираат помладите па така уште од мали да можат да ја стекнат таа важна навика.
Филм како филм.Седиш гледаш завршува за 2 часа.Сите среќни заљубени и се е океј светото не пропаднал.Ама друго е кога ќе земеш добра книга и кога ќе ја читаш една недела.Многу подруго.Ама за жал како што кажав на почетокот процентот на заинтересирани за тоа секојдневно се намалува
И ти глеам, троа начитан си. Пред јадење една книга. По јадење уше една. На крај кај комшијата во печатница се ќе исчитате.
 
И ти глеам, троа начитан си. Пред јадење една книга. По јадење уше една. На крај кај комшијата во печатница се ќе исчитате.
Хах барем се обидувам да пишивам што побрзо и кирица па претпостѕавувам дека нема некој министер овде или некое вишо функционерче па да мора да внимавам на секој збор згора на тоа одите од темава ако сакаш за правопис да зборуваш отвориси тема.Ако еве ме подценуваш можам да ти кажам дека јас имам напишано три книги.Една планирам и да ја објавам.Целава поента мо беше да кажам дека во средно кога ќе видев некоја книга и кога ќе прочитав на нет кратка содржина или кога ќе ја прочитав некаде до 20 страна ми се гадеше.И затоа наместо такви си земав книги по свој избор или некој кој што ми препорачал а што мислам дека има добар вкус за книги.Како и да е задржувај се на темава
 
А книгите на латиница ти се? Или споро куцаш?
 
Две на англиски една на македонски(кирилица) :)
 
А книгите на латиница ти се? Или споро куцаш?
Споооороооо кууууцаааа зашто знаааеее дека спооорооо чииитааамеееее... :D
Он: Дечко (danail.V), делата кои се обработуваат не се застарени туку се класици. Тоа што статистички опаѓа бројот на ученици кои читаат не се должи на книгите, се должи на глобалното опаѓање на нивото на образованието во нашата земја.
Не, не треба да се замени Данте со Коељо, фала на прашање.
 
Баш убаво ти текна да го спомниш и глобалното опаѓање на образованието јас заборавив и тоа има големо влијание а иначе незнам што му фали на Коељо мене еден од омилените ми е :D
 
Баш убаво ти текна да го спомниш и глобалното опаѓање на образованието јас заборавив и тоа има големо влијание а иначе незнам што му фали на Коељо мене еден од омилените ми е :D
Книги не се читаат само зашо се “добри и забавни“.
Преку книгите некогаш може да се одкрие и какво било размислувањето за општеството во тоа доба кога авторот ја пишувал книгата.
Може да се одкријат точните политички и државни уредувања, марифетите, законите, општо начинот на размислување.
Се одкрива што го мачел народот и што го радувал. А воедно се учи и литературно изразување и начини на пишување.
Класиците се поблиски до историја него до “македонски јазик“ - кое зависи од кој аспект се анализираат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom