Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Овие правилата за уписи се срање. Ама баш ниту едно од тие правила немаше на ПМФ.
проф. Михова има да полуди оваа недела, а продеканот за настава како и обично само Интерпол ако го најде.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Овие правилата за уписи се срање. Ама баш ниту едно од тие правила немаше на ПМФ.
проф. Михова има да полуди оваа недела, а продеканот за настава како и обично само Интерпол ако го најде.
Коа више го пишуваш ова пиши кои правила за уписи се срање. Не вака на тепка да нагаѓаме.
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Коа више го пишуваш ова пиши кои правила за уписи се срање. Не вака на тепка да нагаѓаме.
1. Секој студент е должен да изврши избор на предмети што ќе ги
слуша во овој семестар според следните правила:
 Бројот на запишаните кредити може да изнесува најмногу 35
кредити.
 По правило студентот во секој семестар запишува предмети со
вкупно 30 кредити.
2. Студентите кои ќе сакаат да запишат поголем број кредити од 35
бараат одобрување (писмено, преку архивата на Факултетот) од
прпдеканпт за настава. Услови за запишување на повеќе од 35
кредити се: положени предмети и освоени сите кредити од сите
претходно запишани предмети и просечна оцена најмалку 8,5 од
положените предмети.
3. При запишувањето на семестарот студентот прво ги запишува
неположените задолжителни и изборни предмети од предходниот
летен семестар , потоа задолжителните предмети од новиот семе-
стар (IV, VI и VIII семестар од соодветната студиска програма) и на
крај изборните предмети од новиот семестар.

И изгледа го тргнаа правилото 1 000 денари ако немаш потпис по некој предмет.
 
стои правилото за 1000ка, и секогаш стоело
а и ова со 35 кредита од секогаш било на феит
така да не знам што е лошо у условиве
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
стои правилото за 1000ка, и секогаш стоело
а и ова со 35 кредита од секогаш било на феит
така да не знам што е лошо у условиве
Врска неам како е било на феит, а и не ме интересира.
Тоа што ни ветија дека ќе си останеме по иста програма и исти правила , ете тоа е лошо. А ова го немаше кај нас на ПМФ. Тоа што вие од електро си останавте на исти правила не значи дека тие правила и кај нас беа.
А инаку го тргнаа правилото за 1 000ка, пишав маил и на продеканот за настава за правилото максимум 35 кредити, па барем тој е од професорите од ПМФ и барем знае дека ова изнесуваше 40 кредити максимум.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
2. Семестарoт може да се завери и без пoтпис за даден предмет за
што се плаќа НАДОМЕСТОК во износ пд 1.000,00 денари на жиро-сметката на Факултетот (истиот предмет не може да се полага).
--- надополнето: 28 јануари 2012 во 16:43 ---
А на ФБ фан пејџот Финки го објави следново

Почитувани студенти, по одлука на Деканатот на ФИНКИ беше одлучено да се отстрани надоместокот за предметите за кои студентите немаат добиено потпис. Меѓутоа, останува условот дека тие предмети истите студенти немаат право да ги полагаат и мора да ги презапишат во учебната 2012/2013 година.
 
Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Има слушано некој визуелно програмирање, да ми каже што-како се учи, кој предава, итн?
Размислувам да го одберам овој предмет семестаров, ми делува интересeн.
--- надополнето: 30 јануари 2012 во 19:29 ---
Каков професор е Дејан Ѓорѓевиќ?
Принципиелен, не касни, ги држи сите предавања, и објаснува се' што е во врска со материјата која се обработува на тој курс/по тој предмет, вклучувајќи ги и најочигледните/лесните работи. Мислам дека (скоро) сите негови предмети имаат теорија која носи 30% од поените, останатиот дел се задачи + лабораториски + семинарска/проект. Се положува (обично, зависи од начинот на оценување) со 180 поени, од можни 300 (ако не грешам).
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
А на ФБ фан пејџот Финки го објави следново

Почитувани студенти, по одлука на Деканатот на ФИНКИ беше одлучено да се отстрани надоместокот за предметите за кои студентите немаат добиено потпис. Меѓутоа, останува условот дека тие предмети истите студенти немаат право да ги полагаат и мора да ги презапишат во учебната 2012/2013 година.
Хмм, го немам видено ова на фејсбук страната.
Sauce?
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
Хмм, го немам видено ова на фејсбук страната.
Sauce?
У коментари е.
http://www.facebook.com/FINKI.ukim.mk/posts/198164433614856
--- надополнето: 31 јануари 2012 во 09:31 ---
Има слушано некој визуелно програмирање, да ми каже што-како се учи, кој предава, итн?
Размислувам да го одберам овој предмет семестаров, ми делува интересeн.
Ја го полагав 2008 кај Ѓорѓевиќ, од тогаш незнам колку е сменето. Го положив на колоквиуми, мене лично ми беше еден од полесните предмети.
Се учи Visual c++ и колку што памтам немаше семинарска.
 
S

StormRage

Гостин
Се мислам дали да се запишувам на факултетов, сеа завршувам средно.. Ме интересира колку предмети има во прва година, дали се учи од книги или скрипти, дали професорите бараат да си редовен, колку предмети има во 1ва година, дали е тешко (иако е релативно ова), дали можете да постигнете, дали имате слободно време?
абе слободно време имав многу и покрај то шо учев и се паднав... се учи од книги али џабе, имаш 2 математики еден глуп ОСИ предмет и програмирање...
реално... немој :D
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 01:56 ---
Ме интересира информатика, Програмирање и дизајн посебно.Сакам да се запишам на факултетов, да научам нешто повеќе околу прогамирање но пред тоа ме интересира како е со математиката?
Во средно „заглавив“ со математиката, лоша професорка, а поради x други причини отиде и малата основа што ја имав од основно.
Сакам да учам програмирање, но ми е страв поради математиката.
Прашањето мислам дека е очигледно, дали некој со сосема мало знаење од математика би поминал на некоја од насокиве на фајкултетов и ако да, која насока?
со малку математика едино да поминеш на примена на е-технологии... и јас се заебав така со катастрофа од математика па паднав двете... програмирањето поготово прв семестар е грозно, јас учев и средно програмирање и сватив дека пола од работите овде шо ги имаше не сум ги ни учел, а бев можда меѓу најдобрите програмирање во моето училиште.. па сеа... види
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Добро бе, нормални ли се со ова електронско заверување и запишување?
Не можам да заверам семестар затоа што 2 професора ми немаат внесено потпис во електронскиот систем, а ги имам во индекс потписите.
За бељата да биде уште поголема, хелп системот им е паднат којзнае колку време, сега треба во последни 2 дена да ги бркам повторно професориве да м кажам да ги внесат потписите.
Зошто комплицираат без причина?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Не сум на ФИНКИ ама една од кај мене од група успеала без потпис во системот да завери, како и успеало :ROFLMAO:
 
Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Не сум на ФИНКИ ама една од кај мене од група успеала без потпис во системот да завери, како и успеало :ROFLMAO:
Ќе презапише предмет, поради тоа што не може да полага без потпис, а од следната година ќе треба да плаќа по илјада денари од потпис, доколку и' фалат. Ова веќе важеше на ФЕИТ, ама на ФИНКИ само оваа година божем пуштаат без да дадеш илјадарка, да завериш семестар.

Добро бе, нормални ли се со ова електронско заверување и запишување?
Не можам да заверам семестар затоа што 2 професора ми немаат внесено потпис во електронскиот систем, а ги имам во индекс потписите.
За бељата да биде уште поголема, хелп системот им е паднат којзнае колку време, сега треба во последни 2 дена да ги бркам повторно професориве да м кажам да ги внесат потписите.
Зошто комплицираат без причина?
За да го им поедностават животот на тие што работат во студентски. Звучи глупо? Епа глупо е. Ни јас не можам да заверам семестар, пошто два потписи ми фалат според е-досието, а во индекс ги имам потписите. Иста ситуација.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom