Mjolnir
Духот на рамковниот договор
никола2 се согласувам со тебе освен што ги пцуеш религиите, тие не се виновни самите по себе. Исто како да кажеш затоа што некој се тепа за спорт дека треба да го укинеме спортот.
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 11:21 ---
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 11:29 ---
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 11:21 ---
Добро е што ги појасни работите за кои се сомевам. Очигледно е дека ИВЗ не знае како да се справи со овие насилни вахабисти(кои изгледа добиваат поддршка меѓу муслиманите во МКД за жал) и кокетира со нив. Ама кај и да е ќе мора да пресече ако не сака да остане без џамии или без власт.Поентата е дека овие луѓе се изманипулирани. Се чекало на ваков испад. Овде се дојдени луѓе од соседните села, организирано со превоз. Во случајов и Албанците се изманипулирани во Струга и градоначалникот. Секако дека на собирот има и Албанци. Секако дека има и Вахаби Албанци. Но повеќето Вахаби во Струшко се Македонци муслимани.
Како што реков искористена и омразата што се има јавено во последните денови на СФРЈ меѓу Октиси и Вевчани. И е дојдено до ескалација.
Немам ништо против Вахабизмот или против Исламот воопшто имам против вајолентната интерпретација на истиот. Навредата не се решава со насилство и со палење на цркви.
А православните нека се запазат малце од избрзани реакции, дека ова не е етнички проблем за дневнополитичка употреба, ова е нешто што за првпат се случува во нашата држава.
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 05:58 ---
Знамињата што се употребени во протестот.
- Црното знаме што иде напред со инкрипција е знамето на џихадот.
- Зеленото знаме што иде после него со арапска инкрипција и мачови е знамето на Саудиска Арабија.
- После него иде Црно знаме без никаква инкрипција, тоа знаме исто така доста често се користи од џихадистите.
- Подоцна кога ќе дојдат оџите, пред нив иде зеленото знаме со ѕвезда и полумесечина (Која е фактички Турски симбол на волкот кој вие под месечина, подоцна земен од неколку Муслимански земји под Турско влијание)
- и после идат уште неколку знамиња, Турско, Албанско и неколку зелени.
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 06:04 ---
Употребатана знамињата и нивниот редослед говори многу. Прво говори дека имало некаква си базична консолидација во муслиманските редови, но дека иницијативата не само што ја превземале Џихадистите и Вахабистите, туку и дека инсистирале на настанов (што говори за можни планирања неповрзани со карневалот во Вевчани). Оџите од ИВЗ, не учествуваат во еуфоријата на толпата и на извиците на џихадстите, тоа кажува дека не се согласуваат баш со настаните и со тоа што се ставени во подредена позиција. Албанците се маргинализирани во случајов и Албанското знаме се јавува на крај.
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 11:29 ---
The City of Labunishta
Elehamdulillah se osvestivme, uste vevcankite da gi izbrkame od rabota. Da mu e alal na Asim Hisar ne i kacvit vevcankite, mu dal naredba na soferite da ne i zemvet.
9 hours ago ·
1
Like
· 