Цензура на интернетот - SOPA/PIPA/ACTA/PCIP (Генерална дискусија)

Член од
2 септември 2011
Мислења
106
Поени од реакции
40
Земји кои го потпишаа овој договор: Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Финска, Франција, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Литванија, Луксембург, Летонија, Малта, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Шпанија, Шведска и Велика Британија.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.622
Поени од реакции
59.469
Интересно тврдење, не знам колку вистина има во ова:

 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.022
Поени од реакции
12.525
Предлагам содржините од темата SOPA - Stop Online Piracy Act - Предвесник за цензура на Интернетот ? да се припојат кон оваа тема, доколку тоа воопшто е изводливо, бидејќи фашистите очигледно воопшто не одмараат, на дебело работат за цензурирање на Интернетот 24/7.

Се започна со SOPA (Stop Online Piracy Act) и PIPA (Protect IP Act), продолжи со ACTA (Anti-Counterfeiting Trade Agreement), а сега се најавуваат подготовки за потпишување на TPP (Trans-Pacific Partnership).

Разликите се во тоа што SOPA и PIPA се предлог закони кои чекаат на гласање во американскиот Конгрес.

ACTA е меѓународен договор кој се очекува во текот на 2012 да биде ратификуван и изгласан во парламентите на САД, Канада, Мексико, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Јужна Кореја, Сингапур, Мароко, речиси сите држави члени на ЕУ (со исклучок на Германија, Кипар, Естонија, Словачка и Холандија) и Швајцарија.

TPP е меѓународен договор за кој се преговара и се очекува да биде ратификуван и изгласан во текот на 2012 или најдоцна во текот на 2013 во парламентите на САД, Перу, Чиле, Австралија, Нов Зеланд, Виетнам, Малезија, Јапонија, Сингапур и Брунеи.

Што е заедничко на овие предлог закони и договори ?

Сите се фокусираат на укинување на приватноста на корисниците на Интернетот и на цензурирање на Интернетот !!!

Интернет провајдерите ќе бидат со закон обврзани да ги надгледуваат, или подобро кажано, да ги шпионираат сопствените корисници 24/7, да прекинуваат трансфер на датотеки преку Интернет, па дури и да ги шпионираат приватните разговори преку Skype, mIRC и сите останати слични Интернет сервиси, предмет на шпионажа ќе бидат и BitTorrent клиентите, а после 3 опомени кон било кој Интернет корисник поради нелегално симнување на дигитални содржини, му следува исклучување на Интернетот, а можеби дури и тужба и затворска казна.

Исто така, било која држава ќе може да екстрадира свои граѓани во други држави каде што би биле обвинети и судени поради нарушување на авторски права затоа што симнувале дигитални содржини преку нелегални извори, по што ги чека затворска казна во истите тие држави.

Засега само во Полска имаше протести против ратификацијата и изгласувањето на ACTA во полскиот Парламент, кои за жал, не резултираа со повлекување на ACTA од дневниот ред во парламентот.

Република Македонија засега не е официјално засегната со ниту еден од овие предлог закони и меѓународни договори, но кој ни гарантира дека Владата на Република Македонија ќе не штити од евентуална екстрадиција во странство поради наводно прекршување на авторски права ?

Република Македонија е мала држава која не излегува на море, во целост зависна од увоз на нафта и ред други суровини потребни за граѓаните на Република Македонија, за македонската индустрија и за македонската економија и лесно можеме да станеме предмет на трговско ембарго кое само би ја влошило и така несјајната економска и социјална состојба во Република Македонија.

Ако една Швајцарија во која пиратеријата со закон е легална и дозволена, но сепак е држава потписник на ACTA, тогаш можеме само да претпоставиме што би ни следувало на нас иако не сме потписник на ниту еден од овие меѓународни договори.

Фашистите не одмараат, работат 24/7 подготвувајќи најнови предлог закони, резолуции и меѓународни договори со само една цел - укинување на приватноста на корисниците на Интернетот и цензурирање на Интернетот.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Овие закони се во заеднички интерес на издавачките куќи,властите и одредени warez сајтови.Издавачите куќи ќе се поднаполнат со пари,властите ќе исклучат проблематични,a warez сајтовите кои соработуваат после фамата ќе си продолжат без конкуренцијата.Сепак тие што ги носат овие закони не се идиоти и овие закони не се дела на поединци.
 

haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.291
Поени од реакции
1.583
И Бугарија потпиша за ACTA
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.762
Поени од реакции
8.022
Е сеа дури Zamunda ќе си иде... ова станува се посериозно и посериозно. Ама то е, со глуп народ не можеш... американците па американците, може и без нив. Никако да го сфатат тоа.

Ова стои на почетна, на Zamunda:
 

marjov

Про
Член од
27 јуни 2011
Мислења
133
Поени од реакции
79
Аман веќе со овие ствари АМАН ! За кој *** ќе ми е интернет ако дојдат овие закони на сила? Само едно прашање.... ако ова стане реалност ( пу пу не дај Боже ), дали тоа значи и дека користење на СЛИКА од интернет, за било што онлајн би било забрането? Или за било што, немора онлајн.. Многу ме интересира ова, затоа што работам со такви ствари.. Преку глава, интернетов не е за поставување граници, кога ќе го сфатат тоа @#$@# $@! %!@ @#%@!#% @!% @%
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.022
Поени од реакции
12.525
Аман веќе со овие ствари АМАН ! За кој *** ќе ми е интернет ако дојдат овие закони на сила? Само едно прашање.... ако ова стане реалност ( пу пу не дај Боже ), дали тоа значи и дека користење на СЛИКА од интернет, за било што онлајн би било забрането? Или за било што, немора онлајн.. Многу ме интересира ова, затоа што работам со такви ствари.. Преку глава, интернетов не е за поставување граници, кога ќе го сфатат тоа @#$@# $@! %!@ @#%@!#% @!% @%
Поентата е во тоа дека ѓубрињата како SOPA, PIPA, ACTA и TPP ги договараат и ги предлагаат луѓе кои појма немаат од Интернет и чија што цел не е да го направат Интернетот поотворен и подостапен за сите, туку сосема спротивното - нивната цел е да го направат Интернетот што е можно повеќе затворен и цензуриран.

Огромен дел од тие луѓе отворено и јавно имаат признаено дека никогаш во животот не користеле Интернет, некои од нив не ни знаат што е тоа Интернет.

Но парите железни врати отвораат, а овие луѓе имаат пари и сакаат да ги размножат, сакаат нивниот капитал да порасне не до небото, туку и до далечните краеви на галаксијата и затоа воопшто не им е гајле тоа што уништуваат извор на знаење, креативност и слободно изразување.

Инаку, што се однесува до твоето прашање, одговорот е:

Да, доколку авторот на сликата го задржува авторското право, тогаш можеби ќе смееш да ја симнеш сликата, но не смееш да ја искористиш за било какви цели, без разлика дали станува збор за комерцијални цели или чисто само за да ја претставиш својата креативност, ако се занимаваш со веб дизајн или маркетинг, нема да смееш да ја користиш сликата за било какви дизајнерски или маркетиншки цели.

Види само како му направиле на овој баткава наш, вели дека му е прва промо реклама за серија, поконкретно за Симпсонови, сам го направил клипчево, неодамна го закачил на YouTube, но бидејќи содржи извадоци од Симпсонови, Фокс веднаш побарале истото да биде отстрането од YouTube:


Има среќа бидејќи Република Македонија не е држава потписничка на ACTA, барем засега, во спротивно, после ова може да му следува исклучување на Интернетот, па дури и казна затвор.

САМО ЗАТОА ШТО СЕ ОСМЕЛИЛ ДА БИДЕ КРЕАТИВЕН, НО ВО СВОЈАТА КРЕАЦИЈА ВНЕСОЛ ТУЃИ ЕЛЕМЕНТИ, ИАКО ВООПШТО НЕ ПРОФИТИРА ОД САМАТА КРЕАЦИЈА !!! :mad:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.022
Поени од реакции
12.525
Иако немасовно, сепак низ Европа, а и низ светот, се собираат луѓе да протестираат против ратификацијата на ACTA.

После Полска, чиј што актуелен министер за култура спомна дека иако полската влада го потпиша ACTA, сепак полскиот парламент може да не го изгласа истиот, после немасовниот протест во Прага, Чешка, на кој не присуствуваа ниту 50 луѓе, луѓето се будат низ европските држави и во останатите држави во светот, се организираат протести во Франција и во Австралија, а се најавуваат нови протести и за во Полска, Чешка, САД, Канада и други држави.

Можеби излезеноста на тие протести нема да биде масовна и сепак ќе излезат многу малку луѓе, но очигледно фашистите се доволно исплашени, бидејќи денес на Интернет осамнаа натписи на повеќе веб сајтови во кои пишува дека ACTA всушност е безопасен меѓународен договор кој нема да донесе толку сериозни последици со кои сме веќе запознаени.

Но едно е тоа што фашистите го велат, а сосема друго е вистината за ACTA, а вистината за ACTA е дека е подготвен и договорен во тајни преговори, а не јавно и транспарентно, вистината за ACTA е дека администрацијата на Барак Обама во САД го предлага ACTA како договор за соработка, а не како меѓународен договор, а разликата помеѓу таквите видови на договори е огромна - за усвојување на меѓународен договор потребно е двотретинско мнозинство во американскиот Сенат, додека за усвојување на договор за соработка потребно е само просто мнозинство во американскиот Конгрес, односно во домот на народните претставници, што веќе има предизвикано револт кај американските конгресмени, а и во Европскиот Парламент се собираат потписи за декларација со која треба да се блокираат одредени точки од ACTA.

Вистината за ACTA е и дека Интернет сервис провајдерите ќе бидат со закон обврзани да ги набљудуваат, односно да ги шпионираат сопствените корисници 24/7, Интернет приватноста буквално ќе ја снема, а објавувањето на дигитални содржини на Интернет кои во себеси содржат барем 1 (ЕДЕН) елемент чиј што автор ги задржува авторските права, не само што ќе резултира со отстранувањето на истите тие дигитални содржини, туку и личноста која ги има објавено истите ја чека исклучување од Интернет, па дури и затворска казна.

Ова важи дури и за обична караоке изведба, потсетете се само колку такви изведби ги има само на YouTube, истите тие изведби прво ќе бидат отстранети од Интернет, а ако се повторат уште најмногу 2 пати, на корисникот му следува исклучување од Интернет, па дури и затворска казна.

Не дозволувајте да ве излажат, SOPA, PIPA, ACTA и TPP се токму тоа што не им треба на Интернетот и на Интернет корисниците, бидејќи водат кон цензурирање на Интернетот и водат кон криминализација на креациите инспирирани од туѓи дела, што може да се смета за криминално дело ако креаторот профитира од таквата креација, а не ако креаторот само сака да ги демонстрира своите способности во конкретната област со својата креација, но со ACTA, таквата креација, без разлика дали креаторот профитира од истата или не, ќе се смета за криминално дело казниво со закон.
 

marjov

Про
Член од
27 јуни 2011
Мислења
133
Поени од реакции
79
Вистината за ACTA е и дека Интернет сервис провајдерите ќе бидат со закон обврзани да ги набљудуваат, односно да ги шпионираат сопствените корисници 24/7, Интернет приватноста буквално ќе ја снема, а објавувањето на дигитални содржини на Интернет кои во себеси содржат барем 1 (ЕДЕН) елемент чиј што автор ги задржува авторските права, не само што ќе резултира со отстранувањето на истите тие дигитални содржини, туку и личноста која ги има објавено истите ја чека исклучување од Интернет, па дури и затворска казна.
Прво, фала ти за информациите. Воопшто. Ааа второ, ако болдираново е точно, сакаш да ми кажеш дека за [ се сликам со лименка кока кола и ставам слика на Kajgana, Facebook, Myspace or whatever ] може да се случи наведеното со црвено?!
Хахахах, R.I.P. Planet Earth, you have been invaded by retards.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom