Предлагам содржините од темата
SOPA - Stop Online Piracy Act - Предвесник за цензура на Интернетот ? да се припојат кон оваа тема, доколку тоа воопшто е изводливо, бидејќи фашистите очигледно воопшто не одмараат, на дебело работат за цензурирање на Интернетот 24/7.
Се започна со SOPA (Stop Online Piracy Act) и PIPA (Protect IP Act), продолжи со ACTA (Anti-Counterfeiting Trade Agreement), а сега се најавуваат подготовки за потпишување на TPP (Trans-Pacific Partnership).
Разликите се во тоа што SOPA и PIPA се предлог закони кои чекаат на гласање во американскиот Конгрес.
ACTA е меѓународен договор кој се очекува во текот на 2012 да биде ратификуван и изгласан во парламентите на САД, Канада, Мексико, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Јужна Кореја, Сингапур, Мароко, речиси сите држави члени на ЕУ (со исклучок на Германија, Кипар, Естонија, Словачка и Холандија) и Швајцарија.
TPP е меѓународен договор за кој се преговара и се очекува да биде ратификуван и изгласан во текот на 2012 или најдоцна во текот на 2013 во парламентите на САД, Перу, Чиле, Австралија, Нов Зеланд, Виетнам, Малезија, Јапонија, Сингапур и Брунеи.
Што е заедничко на овие предлог закони и договори ?
Сите се фокусираат на укинување на приватноста на корисниците на Интернетот и на цензурирање на Интернетот !!!
Интернет провајдерите ќе бидат со закон обврзани да ги надгледуваат, или подобро кажано, да ги шпионираат сопствените корисници 24/7, да прекинуваат трансфер на датотеки преку Интернет, па дури и да ги шпионираат приватните разговори преку Skype, mIRC и сите останати слични Интернет сервиси, предмет на шпионажа ќе бидат и BitTorrent клиентите, а после 3 опомени кон било кој Интернет корисник поради нелегално симнување на дигитални содржини, му следува исклучување на Интернетот, а можеби дури и тужба и затворска казна.
Исто така, било која држава ќе може да екстрадира свои граѓани во други држави каде што би биле обвинети и судени поради нарушување на авторски права затоа што симнувале дигитални содржини преку нелегални извори, по што ги чека затворска казна во истите тие држави.
Засега само во Полска имаше протести против ратификацијата и изгласувањето на ACTA во полскиот Парламент, кои за жал, не резултираа со повлекување на ACTA од дневниот ред во парламентот.
Република Македонија засега не е официјално засегната со ниту еден од овие предлог закони и меѓународни договори, но кој ни гарантира дека Владата на Република Македонија ќе не штити од евентуална екстрадиција во странство поради наводно прекршување на авторски права ?
Република Македонија е мала држава која не излегува на море, во целост зависна од увоз на нафта и ред други суровини потребни за граѓаните на Република Македонија, за македонската индустрија и за македонската економија и лесно можеме да станеме предмет на трговско ембарго кое само би ја влошило и така несјајната економска и социјална состојба во Република Македонија.
Ако една Швајцарија во која пиратеријата со закон е легална и дозволена, но сепак е држава потписник на ACTA, тогаш можеме само да претпоставиме што би ни следувало на нас иако не сме потписник на ниту еден од овие меѓународни договори.
Фашистите не одмараат, работат 24/7 подготвувајќи најнови предлог закони, резолуции и меѓународни договори со само една цел - укинување на приватноста на корисниците на Интернетот и цензурирање на Интернетот.