Нов Зеланд и Ангола, па најверојатно Доминиканска Република, па полуфинале со Литванија...
Смрди на дуел за трето место со Грција кој ќе решава за Лондон 2012...
Нов Зеланд се секогаш незгодни, а главната ѕвезда им е Кирк Пени, страшен поентер (мини-Наваро верзија). Ангола се најнезгодната селекција од последниот шешир и се редовни учесници на светски првенства како шампиони на Африка.
За понатаму Доминиканска Република ќе биде значително ослабена без нивниот најдобар играч Ал Хорфорд... Сепак и без него може да бидат незгодни со своите 2 НБА играчи - Чарли Вилануева од Детроит и Франциско Гарсија од Сакраменто.
Со европските селекции веќе се имаме чукнато, така што тука сите си знаеме што не чека...
Ај со среќа нека е...