ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.965
- Поени од реакции
- 57.716
Нормално дека една страна е доволно да се запали, за да се запали и другата. Но кај нас Албанците можат лесно да бидат запалени од националистички и верски побуди кога се работи за нешто што е против Македонците. Можеш да ги запалиш и за друго, нешто со кое меѓусебно ќе се косат, но тоа веднаш ќе го снема кога ќе им излезе нешто што е од националистичка вредност. Обединети се за таквите работи!Значи да сумирам твоево - албанците се манипулизирани од албанските структури а македонците се манипулирани исто од албанците и од странците. Така? Размисли малце. Колку страни се доволни да се запали нешто? Една. И тоа страната која според другите испадна победник на минатиот конфликт, страната која е доби нешто од минатиот конфликт, страната која е помала, поорганизирана и поструктурно силна меѓу себе. И сеа што мислиш, дали е доволно да се манипулира директно со две страни или со една директно а со другата индиректно преку првата?
За разлика од нив, Македончето е толку меѓусебно раздорено што ваквите работи, од кои за жал му зависи иднината ги става у втор план, а у прв ги става меѓупартиските работи, толку е раздорено што на едните прв збор им е Бранко, на другите Грујо. Секако дека тоа е диктирано од македонските политички фактори, кои не смеат да покажат со прст кон албанските и да речат: Тие се криви! Не смеат...
И тоа е веќе толку „вградено“ кај народот, што свеста за обединување е у мртва точка.
Сега не би ме чудело да испадне дека и Македонци ја запалиле црквата. Оти имало случаеви кои биле така изманипулирани и заклучени со пресуда дека „Македонците сами запалиле, ограбиле, убиле...“
Иако јас лично сум видел дека не е така, штом така ќе ти пресудат ти неможеш никако да им се спротиставиш. Те прават будала при здрав памет, ти мораш да го прифатиш тоа. Ете у таква „заедница“ живееме, каде што постојано бр.1 е крив, а бр.2 угнетен. Никогаш не се сменија улогите.
И да е изрежирано ко што викаш ти, зошто да не е режирано со „рамноправна“ доза !?
Кај нас има тиранија на малцинството, тие се клучниот фактор од кој зависат најважните работи у државата.
Од кого и како е наметнато тоа, веќе е небитно. Факт е дека тоа постои кај нас, и ако сакаме да го оттргнеме тоа ќе мора прво да го прифатиме, а не постојано да се лупаме у ѕид велејќи дека не е така.
Кај нас македонските партии имаат загубен кредибилитет врз албанските, а македонскиот народ ја има загубено свеста...