Протест во Струга! Запалена црквата во Лабуништа/Мала Речица?

  • Креатор на темата Креатор на темата G e G o
  • Време на започнување Време на започнување
Ааа, значи тоа било Ислам. Или извини се - или ќе те палам?
Да те надополнам: „ А и ако се извиниш, ќе размислам дали да те палам!“
 
И така викате,црквата не била запалена,ама кровот бил така малце повеќе зафатен...браво бе,што се секирате не знам,нели мора да се почитува рамнковниот договор.

Сега Сител ќе излезе со топ сторија дека тоа било дело на Севернокорејска терористичка група и дека истите се фатени и експресно со спејс шатл се депортирани назад.

Побогу,каде живеам јас ?
 
Колку им е тешко на некои да се извинат ... цело време струшките муслимани бараа оградување и извинување за навредите во Вевчани , а некои од преголема гордост не можеа да речат извинете , нема да се повтори.

Сега веќе излезе надвор од контрола , на лошото и се врати со уште полошо ... не знам кој тоа одбиваше да се извини и да превземе одговорност за Вевчани , кој што беше организиран од општината , но и од Министерството за Култура со 50.000 евра , пари и на муслиманите , а со тие пари се направија провокативни сцени во Вевчани против сите муслимани.
Односно , јас му давам некому пари , а тој со тие пари ми отвара гроб.

Што им кошташе да се извинат?

Најискрено ви кажувам , кога ја прочитав веста , реков , тпху срамота , како можеле ... од почеток секој требаше вака да изреагира , и немаше ништо лошо да се случи ... но, се затворија ушите ... и сега чекај ги последиците од сите страни ...
некои луѓе не разбираат хумор
 
На Сител ТВ најавен претседателот на РЕПУБЛИКА ВЕВЧАНИ!
500 години Турците не им направија ништо па сега се знаесуваат некој малишани. :ROFLMAO:
 
Овие настани се каскада која одамна тече се наоѓаме пред период во кој Албанскииот ќе биде прогласен за втор задолжителен јазик по школите... Зарем некој смета дека ова е изолиран настан?
 
Па ако вака палат за некојси карневал во некое село, што ли ќе се случеше џамија да запалеше некој o_O Да се извинеа демек немаше ова да се случи ? Палеле и без причини, не е првпат.
Сети се што се случи во Данска само затоа што некој карикатурист нацртал карикатура со Мухамед. Тоа беа невидени нереди, така што ваква ненадерталска реакција мене не ме чуди. Колку пати Исус бил користен како фигура за исмејување, па колку чувства и да биле повредени никој никого не спалил. Луѓево треба да одат на превоспитување.
 
Колку им е тешко на некои да се извинат ... цело време струшките муслимани бараа оградување и извинување за навредите во Вевчани , а некои од преголема гордост не можеа да речат извинете , нема да се повтори.

Сега веќе излезе надвор од контрола , на лошото и се врати со уште полошо ... не знам кој тоа одбиваше да се извини и да превземе одговорност за Вевчани , кој што беше организиран од општината , но и од Министерството за Култура со 50.000 евра , пари и на муслиманите , а со тие пари се направија провокативни сцени во Вевчани против сите муслимани.
Односно , јас му давам некому пари , а тој со тие пари ми отвара гроб.

Што им кошташе да се извинат?

Најискрено ви кажувам , кога ја прочитав веста , реков , тпху срамота , како можеле ... од почеток секој требаше вака да изреагира , и немаше ништо лошо да се случи ... но, се затворија ушите ... и сега чекај ги последиците од сите страни ...

Какво извинувајне живејме во демократска држава. Признавам дека сликите во Вевчани навредиле муслиманите но исто така ние Христијани трпиме навреди од таков вид од атеисти на пример но не одиме одма да ги колеме. Тоа ни е степенот на цивилизација, кој сака деморкатија, а вие Албанците сте најгласни за брајане на тоа а очигледно врска немате што значи, мора да трпи и вакви работи. Е сега се гледа цивилизацискиот степен меѓу Христијани и Муслимани, не само во Македонија туку воопшто во цел свет. Истото беше со карикатурите на Мохамед во Данска и реакциите од Муслиманите. Истото е сега и го потврдува степенот на цивилизација.

Иначе симтоматично е што не го осудуваш палејнето на црквата, очигледно некој ја запали но не знајме кој, но сепак од една страна го браниш палејнето пошто поред тебе е реакција на неизвинувајнето.
 
Осуди ги, дистанцирај се од нив. Да имаме барем малце надеж дека не сте сите исти! Не е тешко, овдека скоро сите рекоа дека карневалот е провокација, не е тешко и Албанец еднаш да осуди вакви дивјаци! Ама изглеа сакате да ве бие таков глас каков шро ве бие.

Јас секако дека се дистанцирам од нив. И ги осудувам, кој и да го сторил тоа. Но некако не ми личат на чисто работиве.
 
така и тука сторителите да бидат строго казнети
Секако, се согласувам, ама првин строго да бидат казнети и навивачите и оние неколкумина будали од Вевчани што успеаја со една нивна пишлива заебанција да ги навредат СИТЕ (без исклучок) муслимани од земјава и пошироко. Додека не се случи тоа, земјава/правдата ќе продолжи да биде за некого мајка а за некој друг маќеа. Ретки се оние (Македонци) што ја осудија постапката на Вевчанци, а уште поретки оние да го осудат пеењето на навивачите (и ракометарите).
Јас ги осудувам и песните на навивачите на првенството во ракомет (после кои престанав да гледам ракомет, иако на почеток навивав за нашата репрезентација... после тоа пеење од страна на навивачите и играчите едноставно престанав да ја чувствувам како моја репрезентацијата), и палењето на знамето, и "шегувањето" (во наводници бидејќи навредувањето не е шегување) на Вевчанци со цела една религија, и палењето на цркви. Ќе се согласам да се апсат и казнат сите актери во драмава, но не прифаќам само моите да бидат вечно апсени и казнувани. Овој пат не. Или ќе ја играме играва почитувајќи ги сите нејзини правила, или нема да ја играме. Скар.
 
ХАхах им го бапна градоначалникот на сител сеа..
 
Пишав во избришаната тема, ќе го пишам истото и во оваа...

Незнам што им требаше на Вевчанци да ја подбуцнуваат ситуацијата, кога и сами се свесни кое буре барут е таму. Да се разбереме, сите тлееме, соживот фала јасно дека нема, а и во блиска иднина нема да има, ама ова е, претерано, ова е со сила си го бараме, после Цацко е крив. Најостро осудувам сечив национализам, без разлика дали е Албански, Српски, Македонски, и не застанувам во одбрана на ничија страна. Сите сме свесни дека малку фали за да се разгори ситуацијата, затоа, или ако веќе планираат нешто нека превземат нешто конкретно, а не само да долеваат масло на огнот и да подбуцнуваат вака, со што сите можеме да настрадаме. И ве молам, сите што ќе пишете согледајте ги двете страни, затоа што и ние не сме цветови за мирисање. Мене не ми се допаѓа кога некој ми пали црква, а не ми се допаѓа ни кога Куранот е измочан.
И да, тоа што карневалот е стар незнам ти колку години не е никакво оправдување. Несакам јас да настрадам поради нечии лудости, ниту било кој друг, кој не е инволвиран во ова.
 
Смрди на сценарио, на потег е владава НЕ народот. Нека не се измами народот и да наседне на оваа стапица. Од авион се гледа која е целта, имаме држава нека се покаже сега, доста апсат пред камери.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom