Во оваа област Ipad 2 нема конкуренција, најдобар таблет е на пазарот.
Извини друже ама не се согласувам со тебе. Ајпедот е врвен уред, и не го спорам тоа. Ама Галкси-то на Самсунг е исто така врвен уред со одлични карактеристики и со екстремно брзо растечка популарност на платформата. Ајпедот главно е во предност како последица на големиот број на квалитетни наменски апликации, но од моево следење тоа во последно време се изедначува. Скоро сите веќе прават апликации за Ајпед и за Галакси Таб. Како и да е, одлични уреди и вредат за парите. Компјутер за работа, таблет за по дома, за сурфање, меил, youtube и слично.
--- надополнето: 31 јануари 2012 во 00:06 ---
....Филмовите мора да бидат во одреден формат за да можеш да ги гледаш. Но сепак мислам дека токму поради ова ограничување apple е по стабилен во секој смисол.
Многу ми е драго што ти прави мерак Ајпедот. Не се сомневам дека е фантастичен. Но токму тие ограничувања и слични што ги спомна се причина за јас да гледам Андроид таблет. Не сум фан бој на никого, само сакам да имам производ што ми одговара мене. Галакси табот пушта mkv филмови со голема резолуција, flac музика и слично, јас имам голема колекција на такви ствари и ми е важно да можам да ги гледам без да ги конвертирам. Еве едни спецификации, но повторувам, Епл има добра база на апликации што се покажува како пресудна предност.
имаше тука една табела ама не испадна добро форматирањето.
Капа му симнувам на Apple за алуминиумската изработка! Абе закон се и двата уреда, што трескаме зелени.