- Член од
- 10 февруари 2008
- Мислења
- 845
- Поени од реакции
- 447
Постои статички и динамички контраст. Статички контраст ти е реален контраст и се движи најчесто до 5000:1, а динамички контраст е тој што оди над 30000:1 па се до 5000000:1. Динамички контраст е маркетиншки трик и никој не го користи. Затоа што не е донесен стандарден начин за мерење на контраст, секој производител го мери динамички контрастот како сака и затоа ти кажав занемари го тоа.За болдираното-како можам да го занемарам кога цифрата е 6 цифрена за разлика од оваа што ми ја пиша која е 3-4.
Кога ке појдам да купам што да гледам оти ако е како што викаш дека без врска се овие 50 000 и 100 000 тогаш на што да обрнам внимание + на амц, нептун, техномаркет во каталозите на сите пишува некоја бројка над 30 000?!
Ако некој ТВ има голем динамички контраст не мора да значи дека има и добар статички контраст.
Статички контраст никој не го пишува, тој зависи од тип на панел(производителите не го пишуваат) и дали се работи за ЛЦД или плазма(плазми имаат подобар контраст). Може отприлика да споредиш контрасти на ова странa имаат тестирано голем број на ТВ.
Кога ке купуваш телевизор отиди спореди си слика и кој ти се допаѓа повеќе тој одбери го.
Ако гледаш често спорт, тогаш со телевизор со 100Hz ќе добиеш потечна слика при брзи сцени.
Ова е груба споредба меѓу 50Hz (лево) и 100Hz (десно)
Се надевам не те збунив сега уште повеќе