Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 30.122
- Поени од реакции
- 46.090
Многу погрешно си го протолкувал постот, на сите теми се изјаснив за оваа генерација и никаде не спорев дека не го дале максимумот, тоа што ја го велам дека и покрај тоа што они го оставаат своето Се на терен, они од старт се лимитирани бидејќи немаа трненер, ниту него не го критикувам зашто он повеќе од ова незнае, и затоа велам дека вакви какви што беа на ЕП, без тие 10 000 на трибини, тешко дека ќе им парираа на Данска, Германија, Шведска ко што им парираа сега пред домашна публика.Постот ти е повеќе индиректен обид за критика на државата(каде што се согласувам со тебе,многу работи не функционираат) отколку било каков аргумент дека ракометарите и стручниот штаб дадоа се од себе и постигнаа историски успех.Ако ти мислиш дека сме 5-ти само поради атмосферата,тогаш не може да се има никаква дискусија со тебе.
Факторот публика во овој спорт значи многу, не многу, премногу, зар мислиш дека Србија може до ваков успех надвор од својата земја ? Истото важи и за нас во ситуација кога сме без тренер, всушност и ние имавме каде-каде поголема подршка од трибините за разлика од нив.
И не мораше до толку да филозофираш за Мурињо и Аврам, батали тоа, не ми беше тоа целта, туку муабетот на Мурињо дека она '' за малку '' во спортот не поминува, не треба да не интересираат тие варијанти а ние со тој муабет дури и се маваме во гради, факт е дека можевме многу повеќе, па нас епилогот до битката за 5тото место ни беше, 3 победи, 2 порази и 1 нерешен резултат, се тоа пред 10 000 гледачи, ништо посебно во секој случај, 3 победи и 3 лоши резултати, башка една од тие победи беше наредена.
Сега можеме само да одиме на муабетите што би било кога би било, да беше Червар тренер на нашиов тим, а не ... Лазаров.