karan
бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
- Член од
- 31 мај 2006
- Мислења
- 3.595
- Поени од реакции
- 2.719
Во услови кога Грција е во тешка државна, финансиска и политичка криза и е неспособна да се справува со сите проблеми, меѓу другото и со спорот кој го имаат отворено со Македонија за нашето државно име, нашиот источен сосед, Бугарија, доследен на историските навики, со цело срце ја прифаќа улогата на прв критичар, противник и негатор на македонското постоење.
Тие успејаа да ја наметнат во рамки на ЕУ непоткрепената теза за наводен "говор на омраза" во Македонија кон бугарскиот народ, и да ја користат "потребата од добрососедски односи" како инструмент за политичка уцена на македонскиот пат кон европска интеграција. Вината за ова е кај македонската држава и власт која не пласира соодветен одговор на ваквите манипулаторски обиди на Бугарите за дискредитација на македонскиот народ и држава.
Ние самите како да ја прифативме и свикнавме со позицијата на "суштински проблем", па нашите претставници во меѓународните организации и политички институции се концентрираат основно на одбрана и оправдување на сопствените постапки без да укажат на пропагандната хајка која дел од соседите ја водат на официјално ниво против македонската држава, народ, историја и култура.
Тие не успеваат да го претстават проблемот од наша гледна точка, а тој е: непрекинати провокации и навреди од страна на Бугарија, бесправна блокада на македонската интеграција во евроатлантските структури од страна на Грција, понижувачкиот и дискриминаторски однос кон нашата држава при приемот во ОН.
Едноставно, се се помина со разменување на протестни дипломатски ноти за расистичките извикувања на официјална парада на грчката армија, безбедносните ризици за македонските превозници кои транзитираат низ грчка територија, забрана за влез на македонски новинари и ставање на истите на "црни листи", или преќутување за малтретирањата на граничните премини, непризнавањето на македонското малцинство во Бугарија и Грција, македонската национална идентификација како објект на исмевање во сите бугарски медиуми (во што предничат дури и пред Грците)....
Сакам да кажам: Време е да престанеме да бидеме наивни и да бараме пријатели меѓу нашите непријатели. Тоа што нашите соседи не ни се интересни нам, не значи дека тие немаат интерес од нашето опстојување или непостоење, такви какви што сме.
Во Бугарија се создава масовна анти-македонска хистерија преку еднострано претставување на случаи како "Спаска Митрова" и "Мирослав Ризински", провокациите од Божидар Димитров, емисии во кои се навредуваат Македонците и каде македонската историја е една од основните и редовни теми како "Сите Бугари заедно" и "Час по Бугарија", претставувањето на филмот "Трето полувреме" како антибугарски, преку квалификации како "предавници", "антидржавни елементи", "титовисти", "српски слуги", "промиени мозоци", "крадци на историја" за припадниците на македонскиот народ и македонското малцинство во Бугарија, преку интервјуа на актуелни и поранешни амбасадори на Р. Бугарија во Македонија... Ваквиот анти-македонски тон преовладува и во речиси сите репортажи од Македонија во кои задолжително се укажува директно или индиректно на "македонистичките лаги, заблуди, фалсификати".
Еден во низата е и последниот таков обид - репортажа за "Скопје 2014", насловена "МакаДонија(М'кедонија)", која се прикажува на националната бугарска телевизија.
http://www.btv.bg/shows/tazi-sutrin/reportazhi/story/610956906-Skopie_2014_Zaprilichva_li_makedonskata_stolitsa_na_Disnilend.html
http://www.btv.bg/shows/btv-reporterite/videos/video/2053249354-bTV_Reporterite_MAkedoniya.html
Шемата е јасна, на ваков начин (комплетно идентичен со сосросоидните и грчки погледи) да се створи револт (не постои Македонец кој нема да се најде навреден од начинот на кој сме прикажани) и се понепријателски однос на Македонците кон Бугарија, кое подоцна ќе биде искористено како арсенал и материјал за докажување на "говорот на омраза" во Македонија и понатамошно наше дискредитирање и уценување во евроинтеграциските процеси.
Без разлика дали ќе одговориме на провокациите или ќе премолчиме, при непостоење соодветен одговор на институциите ние сме во секој случај губитници.