L
Lu
Гостин
Ау дечко за муабетов имаш најголем лајкНе знам зошто сите одма се фаќате за тоа да не купува ново, за 3-4години ќе изгубел, ќе немал вредност да го продаде бла бла. Па ти купуваш ли кола за да планираш во иднина да ја продаваш или да ја возиш следните 10години па и повеќе? Не разбирам, имам пријател кој така размислува, купи пред 3 години нова астра за 14000евра и сега вика ништо не можам да и извадам, сакам бмв сакам ова она на старо, за мене е тоа будалаштина, нова земал, ќе ја продавал само да вози бемвејци и мечки стари по 20тина години.
Тоа е исто како еден кретен на татко ми му вика, абе што си земал тоа Киа на 5000км ќе рикне машина, а ние преку 8000 км тогаш пројдовме, вика да видиш ја што добар Цитроен ќе земам за 2000евра. Се гледа колку памет носи, ти куди нова кола од скоро 10.000евра а фали извозено по странство ѓубре за 2000евра за кое уште трипати по таа цена ќе даде по сервиси.
И мене не ми е јасно како може да има толку стиснати луѓе ... после 3 - 4 години ако си ја продал ќе си изгубел 2.000 / 3.000 евра и бла бла бла ... едноставно глупи муабети правите.
Нова кола се купува за да уживаш во новата кола, а не за да размислуваш после неколку години ако ја продаваш колку пари ќе си изгубел ... ако така размислувате тогаш никогаш нема да купите нова кола и никогаш нема да го почувствувате филингот да бидеш сопственик на нов автомобил.
И што зборите ... демек ако си бил почетник не ти треба нова кола ќе си ја изгребел и дрн дрн дрн ...
Па не треба да и бидеш роб на колата, и да ја изгребеш ќе се однесе на полирање и ќе ти ја средат ... подобро нова (па и да ја изгребеш има решение), отколку некоја стара канта на која маста и ја ваделе ...
Тоа е тоа, крај на муабетотЗначи сепак сакам кола на ново...несакам да купам за 2-3000 евра на старо,па да фрлам уште толку за делови..ново си е ново...бев денеска да ја видам,и стварно колата вреди за тие пари... само што бев на проаѓање и неуспеав да прашам дал иимаат на лагер нешто....