Фан Клуб: Вардар

Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Колеќевски?! Од кај го довлечкаа овој жити се?! Дај нека не си поигруваат со нашата интелегенција! Па не пиеме ние нафта. За милион евра буџет, сакаме играчи со кои ќе се надеваме на каков таков успех во Европа, а не некого што најголем успех во кариерата му е гол даден против Mарино и Кадино!
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Овој сигурно ќе го земат колку да пополни место.
Зошто и Дарко Штерјов не е веќе кај нас.Па после Фичо и Огбона,трет шпиц ќе ни е он.
 

Jovo Sk-Mk

Е брзо е,брзо е
Член од
16 јануари 2008
Мислења
310
Поени од реакции
40
Колеќевски?! Од кај го довлечкаа овој жити се?! Дај нека не си поигруваат со нашата интелегенција! Па не пиеме ние нафта. За милион евра буџет, сакаме играчи со кои ќе се надеваме на каков таков успех во Европа, а не некого што најголем успех во кариерата му е гол даден против Mарино и Кадино!
Па според мене неговиот ангажман и не е така лош потег. Вистина, дечкото нема некоја импресивна професионална биографија. Сениорската кариера ја започна на 19-годишна возраст во шампионската генерација на Македонија Ѓ.П. па по исфрлањето на клубот од првата лига продолжи во ФК Скопје. Сепак неговите квалитети му се познати на Илчо Ѓорѓиоски, така да доколку нашиот стратег има доверба во него останува и ние како симпатизери да се стрпиме и да го видиме на дело. За нашава прва лига, мислам дека ќе го биде ... а за во Европа, сите би сакале да имаше трошка вистина во пишувањата за Ривалдо, меѓутоа што е тука е!
 
Член од
14 септември 2010
Мислења
221
Поени од реакции
251
Колеќески е одличен играч, кој беше одличен во младинските категории и сметан за голем талент, но ете на 23 години со лош менаџер тоа е тоа... Плуси цигари пуши фраерот од 13 години (сигурни извори) :) но како резерва за Огбона и Ивановски според мене е топ. Кај нема да го плаќаат многу, кај е стабилен под раководство на Илчо.
 
П

Паспарту

Гостин
Најдобар стрелец во втора лига со 7 гола :pos: Петров на Тиквеш 5 им даде...
Дали тоа значи дека со Огбона и овој се пополнуваат местата во нападот, а со тоа нема да има ништо од доаѓањето на Бечан?

Златко Таневски го раскинал договорот со Белчатов...
 

RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.722
Поени од реакции
3.095
I Zlatko Tanevski isto, moze da se obidat da go zemat ogromno zasiluvanje ke bide vo odbranata
 
Член од
13 јули 2011
Мислења
25
Поени од реакции
10
Босанецот Семир Керла на проба во Вардар
Вардар се уште е во потрага по нови засилувања и ростерот за пролетниот дел од сезоната е апсолутно отворен. Дефанзивецот Семир Керла од БиХ, кој играл за Жилина, Пансераикос и за Железничар Сараево е новото потенцијално засилување за Вардар, додека Холанѓанецот Киран Бекхан и Австралиецот Дин Томески се испратени дома. Најверојатно, со нив нема да се потпишат договори, со оглед дека на 2.февруари вардарци заминуваат на подготовки во Анталија.

Семир Керла тренира со „црвено-црните“, ќе помине низ стручното око на Илчо Ѓорѓиоски, па потоа ќе биде одлучено дали тој евентуално ќе стави потпис на договор со Вардар. Тој е 25-годишен централен дефанзивец кој во 2010 година имал еден настап и за најдобрата фудбалска репрезентација на БиХ.

„Керла тренира со нас, во наредните денови до заминувањето за Анталија ќе одлучиме дали остане во тимот. Што се однесува до претходните две имиња, Киран Бекхан и Дин Томески, тие си заминаа“, истакнува тренерот на Вардар, Илчо Ѓорѓиоски.

Значи, засега Вардар се уште е без конкретно засилување за пролетниот дел од сезоната, можен е договор со Босанецот Семир Керла, а Бекхан и Томески си заминаа. Најверојатно ќе биде склучен договор со нигерискиот интернационалец Ибе Зито Огбона, кој повторно допатува во Скопје откако беше на проба во тимот веднаш по завршувањето на есенскиот дел од првенството. Раководството на Македонија ЃП објави дека младиот напаѓач Филип Колеќевски ќе стане нов играч на Вардар.

„Црвено-црните“ реализираа шестдневни подготовки во Дојран, се вратија во Скопје, каде што ќе тренираат се до заминувањето на екипата во Анталија, Турција, на 2. февруари.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.577
Ми се допаѓа тоа што не земаат секакво „ѓубре“, сигурно добро ги анализирале и заклучиле дека не се за Вардар.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Па според мене неговиот ангажман и не е така лош потег. Вистина, дечкото нема некоја импресивна професионална биографија. Сениорската кариера ја започна на 19-годишна возраст во шампионската генерација на Македонија Ѓ.П. па по исфрлањето на клубот од првата лига продолжи во ФК Скопје. Сепак неговите квалитети му се познати на Илчо Ѓорѓиоски, така да доколку нашиот стратег има доверба во него останува и ние како симпатизери да се стрпиме и да го видиме на дело. За нашава прва лига, мислам дека ќе го биде ... а за во Европа, сите би сакале да имаше трошка вистина во пишувањата за Ривалдо, меѓутоа што е тука е!
http://fkmgp1932.com/igraci/h-p/koleceski filip.html
Друже, погледни му ја неговата досегашна кариера на линкот погоре: Македонија ЃП, Влазрими, Алумина, Дрита, Скопје... Каква може да биде ползата од овој играч за Вардар?! Па нели ќе се носеа само капитални засилувања?! Ај да разберам да го земеа во ситуација како онаа ланската, кога секој играч беше добредојден, ама кога јавно се удараш во гради со буџет од милион евра?! Никој не го очекува Ривалдо, ама во моментов има доволно средства за ангажман на некои играчи што ги набројаа другиве момци: Таневски, Наумов и остали фудбалски нашинци на печалба. За неколку месеци не чека настап во Европа, а мој впечаток дека раководството нема идеја во потрагата по засилувања. Се изнаредија играчи на проба како на филмска лента, а од сето тоа нема ништо конкретно. ЦСКА Софија пред некој месец ни испрати предупредувачки сигнал за нашата моментална снага. Да не дозволиме истото да не снајде и во летните месеци.
 
Член од
25 август 2011
Мислења
93
Поени од реакции
285
Прво честитки за успешно спреведеното основање на Акционерското друштво, чија прирема и основање ни ги одзема последниве месеци. Среќен сум што успеавме први да ја реализираме законската обврска, а со тоа да им го трасираме патот и олесниме работата на сите останати клубови.
Второ се мислев дали да одговарам за трансферите и засилувањата ама со оглед дека е планирана прес конференција на 01.02.2012 година пред заминувањето во Анталија за АД-то и на која ќе бидат претставувени новите засилувања ќе оставам уште малку да се шпекулира на оваа тема.

PS. Иако некои се делумно точни, некои се погрешни а некои интересни
 
Член од
28 јануари 2012
Мислења
6
Поени од реакции
1
http://fkmgp1932.com/igraci/h-p/koleceski filip.html
Друже, погледни му ја неговата досегашна кариера на линкот погоре: Македонија ЃП, Влазрими, Алумина, Дрита, Скопје... Каква може да биде ползата од овој играч за Вардар?! Па нели ќе се носеа само капитални засилувања?! Ај да разберам да го земеа во ситуација како онаа ланската, кога секој играч беше добредојден, ама кога јавно се удараш во гради со буџет од милион евра?! Никој не го очекува Ривалдо, ама во моментов има доволно средства за ангажман на некои играчи што ги набројаа другиве момци: Таневски, Наумов и остали фудбалски нашинци на печалба. За неколку месеци не чека настап во Европа, а мој впечаток дека раководството нема идеја во потрагата по засилувања. Се изнаредија играчи на проба како на филмска лента, а од сето тоа нема ништо конкретно. ЦСКА Софија пред некој месец ни испрати предупредувачки сигнал за нашата моментална снага. Да не дозволиме истото да не снајде и во летните месеци.
--- надополнето: 29 јануари 2012 во 00:00 ---
Ова се однесува и на тебе друже и на сите оние кои имаа негативни коментари во врска со трансферот на Филип Колеќески,жалосно е што имаме таков менталитет па веднаш критикуваме и даваме лоша проценка за луѓе што не ни ги познаваме,ДЕНЕС СИТЕ СЕ СТРУЧНИ ЛИЦА НЕЛИ?СИТЕ ДЕЛАТ ПАМЕТ ПО ФОРУМИВЕ,И НЕ САМО ПО ФОРУМИВЕ ТУКУ НАСЕКАДЕ,ГЕНИЈ ДО ГЕНИЈ............ИЗЛИВ НА МОЗОЦИ,СТРАШНА РАБОТА,ТОА Е КОГА НЕМА ШТО ДА СЕ ПРАВИ ПА САМО СЕ ЗБОРИ, немора да значи тоа што неговото име не е звучно како на пример на Гроздановски или на некој си да не именувам сега поединци од Вардар дека се незнам ти какви играчишта,брат немаат сите среќа во животот,на некој му се погодиле коцките па играле надвор од земјава и тоа значи дека само играчи од тој тип се добредојдени во Вардар затоа што играле во незнам ти каде ,а он што немал среќа тоа е друга работа брат,но тоа не значи дека не е квалитетен играч како што многу пишаа,баш напротив мн добар играч е,ИНАКУ ОДЛУКИТЕ ГИ НОСИ СТРУЧНИОТ ШТАБ,А НЕ "СТРУЧНИ ЛИЦА" КАКО SKOPJE ROSSONERA,SABER RIDER,PASPARTU ITN..ШТОМ СТРУЧНИОТ ШТАБ ОДЛУЧИЛ ИГРАЧИТЕ ШТО ВИЕ ГИ НАБРОЈАВТЕ ШТО БЕА НА ПРОБА ДА НЕ БИДАТ ДЕЛ ОД ТИМОТ НА ВАРДАР ТОГАШ ИМАЛО И ЗОШТО НЕЛИ?ОНИ ЗНААТ ТАКА?СИГУРНО НЕ НИЕ,И ДА ФИЛИП КОЛЕЌЕСКИ Е ДЕЛ ОД ТИМОТ НА ВАРДАР ЗНАЧИ ИМА И ЗОШТО ДА БИДЕ,ДЕЧКОТО ИМА КВАЛИТЕТ ВИЕ КОМЕНТИРАЈТЕ КОЛКУ САКАТЕ НО АКО СТЕ НЕКОЈ СИ УЛТРА НАВИВАЧИ НА ВАРДАР НАЈПРВИН ПОСАКАЈТЕ ДОБРЕДОЈДЕ,ДАЈТЕ ШАНСА И ВИДЕТЕ ГО НА ДЕЛО НЕ САМО НЕГО И БИЛО КОЈ ДРУГ ДА Е ПА ПОСЛЕ КОМЕНТИРАЈТЕ,А НЕ НА ВАКА НА СЛЕПО,САМО ДА СЕ ЗБОРЕЛО........ПОЗДРАВ
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.577
Тебе брат ти е што вака го браниш?.... Нема потреба некогаш да гледаме дечки што играат во 2-3 лига македонска за да знаеме дека со нив не се иде во квалификации за ЛШ...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.983
Поени од реакции
74.043
--- надополнето: 29 јануари 2012 во 00:00 ---

Ова се однесува и на тебе друже и на сите оние кои имаа негативни коментари во врска со трансферот на Филип Колеќески,жалосно е што имаме таков менталитет па веднаш критикуваме и даваме лоша проценка за луѓе што не ни ги познаваме,ДЕНЕС СИТЕ СЕ СТРУЧНИ ЛИЦА НЕЛИ?СИТЕ ДЕЛАТ ПАМЕТ ПО ФОРУМИВЕ,И НЕ САМО ПО ФОРУМИВЕ ТУКУ НАСЕКАДЕ,ГЕНИЈ ДО ГЕНИЈ............ИЗЛИВ НА МОЗОЦИ,СТРАШНА РАБОТА,ТОА Е КОГА НЕМА ШТО ДА СЕ ПРАВИ ПА САМО СЕ ЗБОРИ, немора да значи тоа што неговото име не е звучно како на пример на Гроздановски или на некој си да не именувам сега поединци од Вардар дека се незнам ти какви играчишта,брат немаат сите среќа во животот,на некој му се погодиле коцките па играле надвор од земјава и тоа значи дека само играчи од тој тип се добредојдени во Вардар затоа што играле во незнам ти каде ,а он што немал среќа тоа е друга работа брат,но тоа не значи дека не е квалитетен играч како што многу пишаа,баш напротив мн добар играч е,ИНАКУ ОДЛУКИТЕ ГИ НОСИ СТРУЧНИОТ ШТАБ,А НЕ "СТРУЧНИ ЛИЦА" КАКО SKOPJE ROSSONERA,SABER RIDER,PASPARTU ITN..ШТОМ СТРУЧНИОТ ШТАБ ОДЛУЧИЛ ИГРАЧИТЕ ШТО ВИЕ ГИ НАБРОЈАВТЕ ШТО БЕА НА ПРОБА ДА НЕ БИДАТ ДЕЛ ОД ТИМОТ НА ВАРДАР ТОГАШ ИМАЛО И ЗОШТО НЕЛИ?ОНИ ЗНААТ ТАКА?СИГУРНО НЕ НИЕ,И ДА ФИЛИП КОЛЕЌЕСКИ Е ДЕЛ ОД ТИМОТ НА ВАРДАР ЗНАЧИ ИМА И ЗОШТО ДА БИДЕ,ДЕЧКОТО ИМА КВАЛИТЕТ ВИЕ КОМЕНТИРАЈТЕ КОЛКУ САКАТЕ НО АКО СТЕ НЕКОЈ СИ УЛТРА НАВИВАЧИ НА ВАРДАР НАЈПРВИН ПОСАКАЈТЕ ДОБРЕДОЈДЕ,ДАЈТЕ ШАНСА И ВИДЕТЕ ГО НА ДЕЛО НЕ САМО НЕГО И БИЛО КОЈ ДРУГ ДА Е ПА ПОСЛЕ КОМЕНТИРАЈТЕ,А НЕ НА ВАКА НА СЛЕПО,САМО ДА СЕ ЗБОРЕЛО........ПОЗДРАВ
Зошто мислиш дека ние го следиме само Вардар и ништо друго во Македонијава?
Па пораснав со третата лига, можам цели биографии за играчиве од овој регион да ти извадам...
Колеќески има некој минимален талент, ама мислам дека не е тоа тоа што го бараме ние во моментов во Вардар. Да дојдеше во ланскиот состав на Вардар ајде, ама во моментов незнам колку би ни послужил. И самата биографија кажува дека не мрднал од втора лига...
Му посакуваме добре дојде, кажав дека Илчо си го познава и се надевам дека знае што прави.
Досега покажа дека треба да му веруваме, пошто он го прави изборот на играчи.
Ете неколку странци беа на проба и не потпишаа, мило ми е што не се потпишуваат секакви срања од надвор, ама братче дса не се насочиш кон играчи како Наумов, Таневски, па и Мијадиновски а најавуваш дека имаш буџет од еден милион е несватливо...
Да речеме Христијан Димоски беше најголемо откритите годинава во Мак фудбалов. Бар знам дека не е од редот на форсирани играчи кои биле бутнати од тате или чиче. Зошто него не се обидоа да го земат? Пошто реално во моментов на нас ни требаат ГОТОВИ играчи, а не некои кои допрва ќе се докажуваат. Такви играчи ќе земаме кога веќе ќе се направи костурот на тимот. Во моментов имаме костур за Македонско, ама за во Европа....
Ако сакаме успех во Европа неможе засилувања да купувме во Јуни, туку сега за да се уиграат.
 
Член од
28 јануари 2012
Мислења
6
Поени од реакции
1
Prvo I osnovno nikogo ne branam da razjasnime brat ako dobro procita kazav I za bilo koj drug da stanuvase zbor ne e vo red toa sto se zbori,no sekoj si ima pravo na svoe mislenje,ti si go iskaza ok e no I strucniot stab si
go iskazale svoeto deka vredi za da bide del od nivniot tim,taka?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom