Ео, дали се чујемо ?
Каков ден денеска еј. Прво Ноле влезе у финале, после Македонија тепаше со јанезите, па ватерполистите влегоа у финале и на крај, она најслаткото, прегазена Хрватска.
Лош почеток на утакмицата, исклучување одма на стартот, слаба одбрана, безидејност во нападот плус Станиќ кој се вклопи во сивилото кое траеше цело полувреме. Едина светла точка кај Србија беа Илиќ и Никчевиќ кои не дозволија Хрватите да се одлепат.
Али затоа второ полувреме беше одиграно за медаља
Станиќ се разбрани, што дополнително и помогна на одбраната која доста се зацврсти у 2 полувреме, а у напад Вујин, Тоскиќ и Чутура се разиграа + тука беше и разиграниот Илиќ од прво полувреме. Доволно за победа и финале.
Реално, Србија да не беше домаќин, не верувам дека ќе догураше до финале, али тоа сеа не е битно. Битно е дека ја искористија шансата што им се укажа и без разлика каков ќе биде исходот у финале, може да се каже дека ова е голем успех.
Глеам поединци ја критикуваат публиката. Исто ќе беше и да се играше у Хрватска. Ќе се исвиркуваше „Боже правде“, ќе се скандираше „уби србина“ и што све не. Најважно е дека све пројде без поголеми инциденти, освен тој дебилот што го погодил Шешум у око
Инаку, еве ви како изгледаше преносот на радио
: