Рудници и
ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
- Член од
- 9 декември 2009
- Мислења
- 12.162
- Поени од реакции
- 18.203
SANOS зеде кредит за набавка на нова опрема во време кога беше градоначалник на Скопје Труфун Костовски (заебан тип исто колку и сопственикот на Санос - Славе Распашковски).Наводно им беше ветено сигурно добивање на тендерот за ЈСП кој го зедоа кинезите.И фабриката остана со празни раце.Поради кредитот имотот остана под хипотека, хипотеката се активира и сега на таа локација би требало да се градат зградиШто се случи со САНОС?
Најтрагично е шо Санос работеше по лиценца за Мерцедес автобуси уште од 1967 година и до крајот на работењето беше единствена фабрика во Југоисточна Европа со таква *доверба* од Германците, а нашиот производ поради ова беше и многу ценет во сите земји на продажба.
Истотака работеа и верзии со ДАФ мотори - најекономични во светот на камиони и автобуси.
Друго, исто така има(в)ме уште една фабрика во Скопје - Неокар (би требало да е некаде накај Визбегово), не знам каква е нејзината ситуација ама работеа нископодни градски автобуси уште пред Санос.Неокар користеа/користат МАН агрегати.Ама и за нив Костовски и сите после него не најдоа време за разговор.
Трето, голем број пензионирани инженери од Санос освен работа во Неокар, си отворија и свои мали каросерници во кои се работат модификации на постарите Саноси во помодерен изглед.
Настрана од цела приказна за пазарна економија, пошто во теорија сите влади се патриотски итн., во време на криза можеа да им помогнат на двете фабрики со 50/50 поделба на тендерот за ЈСП.Барем толку.