Инциденти во Струга: Запалено македонското знаме,
каменуван автобус од Вевчани
Неколку инциденти се случија доцна попладнево и вечерва во Струга. Како што информираат од СВР Охрид, најпрвин непознат сторител го запалил македонското знаме на јарболот пред Центарот за култура, а
нешто подоцна бил каменуван автобус на вевчанскиот автопревозник „Сприја“. Полицијата е на терен и интензивно работи на расветлување на инцидентите. (abe da vidis da ne vervis so cudni se ovie policajcive kaj bea predhodno ???)
Претходно пораново центарот на градот во организација на струшкото муфтиство се одржа протест, против, како што беше истакнато, омаловажување на исламската религија на карневалот во Вевчани. За време на протестот на јарболите пред општина Струга ги немаше знамињата на Република Македонија, градот и албанското знаме, за подоцна тука учесници во протестот да постават верски и етнички знамиња.
Учесниците на протестот на кој учествуваа неколку илјади граѓани од исламска вероисповед побараа јавно извинување и одговорност од градоначалникот на Вевчани, затоа што не презел ништо да ги спречи сценаријата кои предизвикуваат меѓуверска и меѓуетничка омраза, како и казнување на лицата кои ги носеле наврдливите маски. Доколку тоа не се случи, не е исклучено да бидат преземени и порадикални мерки, беше речено на собирот.
-Заедно со муфтиството и заедно со вас ќе ја истераме оваа правда до крај нема да дозволиме некој да гази врз нашата вера и нација, а секој што мисли така многу скапо ќе плати, истакна пред присутните градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.
Пред присутните се обрати и струшкиот муфтија, кој ја обвини државата за двојни аршини, затоа што албанците се казнуваат за прекршување на законот, а македонците се толерираат дури и тогаш кога јавно шират нетрпеливост и омраза.
- Играат некаде фудбал, тенис, нешто друго, а од Белград ги пцујат Албанците и муслиманите. Ние како исламска заеница како муфтиство го следиме развојот да знаете дека нема да дозволиме такви работи, рече муфтијата Ферат Полиси.
Насобраните верници побараа Министерството за култура да престане да го финансира карневалот во Вевчани, затоа што учесниците со своето однесување предизвикуваат проблеми не само во државата, туку и со соседните земји.