Имам неколку прашања до оние кои го поддржуваат, овој пат верскиот, протест на Албанците во Струга: која е потребата цело време да протестирате на религиска основа? Кој ви забранил да ја практицирате вашата религија? Дали некој ви запалил муслиманско знаме или на било кој начин ви осквернавил џамија или некој друг верски симбол? Дали некој Христијанин ве нападнал физички само заради вашето....!
Лошо време дојде, секој има пристап до компјутер и интернет
![Тажен :( :(](/styles/default/xenforo/smilies/frown.png)
. Незнам зошто ви е толку тешко да сватете толку едноставни работи :S. Никој не рече дека христијаните им забраниле нешто на муслиманите, или обратно. Незнам зошто имате толку мерак да мешате политика, нации и сл. во вакви настани. Тоа што најголемиот дел Албанци од Македонија се муслимани не ви дава за право да го поистоветувате исламот со Албанците или со било која друга нација. Исламот не познава нации. Таму не беа Албаниците, таму беа муслиманите.
Незнам на кој начин езанот од џамиите би го нарушил јавниот мир во некое место :S. Ете да речиме дека езанот го нарушува јавниот мир, но дали тоа значи дека и биењето на камбаните од црквите го нарушува јавниот мир??? Незнам зошто ви е толку тешко да разликувате национални интереси од религиски интереси. Национални интереси *не е еднакво на* религиски интереси.
Протестот не беше против христијаните, евреите, католиците, муслиманите, итн. туку беше против тие кои не ги почитуваат верските чувства на луѓето и вреѓаат на верска основа. Ако тебе не ти е гајле што ти ги исмејувале поповите и црквата, и ако не си верник, немора да значи дека и на другите луѓе од другите религии треба да им е сеедно, и немора да значи дека сите се неверници.
Незнам што е толку страшно што Мерко се појавил таму (можеби отишол поради политички поени, но можеби и не), секој можеше да присуствува таму, па дури и Груевски можеше да застане до оџите. За имињата од училиштата протестирај бе батка, зарем ти забранува некој, гледам дека тоа тебе те засега па протестирај како ние што протестиравме за она што нас не засега. Незнам каква дефиниција имаш за демократија, но според твојата дефиниција треба и човекот што го запалил македонското знаме да биде амнестиран, затоа што, нормално како што велиш ти демократијата треба да е подеднаква за сите. Гледам дека ни се обрати на нас што бевме денес на протестот, фала многу, но нема да паднам на твое ниво и да пцујам по форуми
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)