Аквариумски риби (општи дискусии)

V

Vollstandig

Гостин
Многу е да се менува водата 2 пати неделно.
И исто така премногу е да се смени 50% од водата на аквариумот, бидејќи ако наеднаш промениш толкаво количество на вода 50%, тогаш ќе се пореметат параметрите на водата.

Најдобро е еднаш неделно да се променува 30% од водата.

А за останатото ќе се сложам со тебе дека новата вода што ќе се стави во аквариумот треба да биде 24 часа одстоена (за да испари хлорот) и дека новата вода што ќе се додаде треба да биде со иста или приближно иста температура со аквариумската вода.
Ја зборав за помал аквариум, не е многу ако смениш 2 пати неделно вода, да речеме по 20 % не се менува многу а му доаѓа како освежување на рибите, се разбира ако ја мериш постојано колку расти нивото на амоњак, нитрати, нитрити, фосфати итн.

Во добро стабилизиран аквариум, 30 % неделно доволно е може и 40 да фати ако се заиграш со сифонското црево да исчистиш сето ѓубре.

За еден аквариум да функционира добро, пред се, треба добар кеш, добар акварист да те научи што како и нормално продавница што ќе те снабди со опрема, за разлика за нашиве каде се мека и медина за кинеските производи. Еден канистер од ехим, да речеме, едвај ќе стигни кај нас и тоа по нарачка.

Иначе, кога се има стабилен аквариум, нема дури ни голема потреба од менување вода освен освежување во аквариумот. Системот функционира вака:

Аквариум полн со:

-Риби
-Растенија
-Бактерии
-Вода
-Алги


Рибите земаат: Храна и кислород
Создаваат: Јаглерод диоксид , и измет со нитрати фосфати амоњак итн..

Растенијата земаат: Јаглерод диоксид нитрати фосфати итн..
Создаваат: Кислород

-Бактериите земаат: Амоњак , нитрат..
Создаваат: Амољакот се разложува на нитрит кој е идеална храна за растенијата.

-Алги - исто како растенијата

Е сеа, од ова можи да се напрај еден круг, значи ама потполно биолошки круг, кој иде вака:

Ја храниш рибата, она јаде, се сере, создава измет, се распаѓа кој создава амоњак фосфат нитрат бла бла бла, растенијата го користат како храна. Рибата диши создава CO2 а вдишува кислород. Растенијата изметот нивни го имаат како храна. Распаднатата храна во водата исто скапува и создава храна за растенијата. Вишокот нитрати и други отпадни материи во водата е растворен и е маглива или матна водата. Растенијата го земаат тоа и ја прават водата ненормално БИСТРА (а не како што мислеа дека филтерот ја бистри водата).Амоњакот создаден од рибите, преку изметот кој скапува на земја, се раствора во вода која кружи низ циклиран филтер, го земаат бактериите, кои го разложуваат на помалце штетни материи. Водата пречистена, излегува полна со нитрити, кои не се отровни за рибите, а се вистиснки деликатес за растернијата. Пак, растенијата го спасуваат гзот на рибите, со влечење на нитратите, и за задоволство на акваристот, растат цутат и се уште поубави.

Значи ова е еден природен циклус, исто циклус има и со храната, едни риби ја јадат да речеме главните риби тоа што останува на земја, да се избегне чистење на аквариумот се додаваат риби што живеат на земја, обично мирни и мали риби, како коридораси.

Да се спречи вишокот на алги, кои во мал број се позитивни а во голем број се штетни за растот на растенијата и изгледот на аквариумот, се додаваат алгари, како полжави, анциструси, отоцинклуси, плехостомуси (овие последните не ги препорачувам да ги чувате, едноставно не се за во аквариум).

Многу луѓе дигаат паника коа ќе видат точка зелена во аквариумот наречена АЛГА. Алгата е микро растение, и не е штетна едноставно одстранува отпадни материи од аквариумот, а доколку е на некое интересно место изгледа многу природно. Јас никогаш не сум ги тргал алгите од аквариумот, посебно “Брадеста“ алга, која изгледаше навистина интересно. Се нафати на камењата и ја оставав а и рибите не ја јадеа, освен повремено ја кастрев.

А да, да ви фати алга аквариумот треба да сте неодговорни акваристи. Аквариум ретко фаќа алга ако го има правилниот менаџмент, обично луѓето полнат еден сад со вода такозвани аквариум лупаат риби внатре и мислат дека се што направиле го направиле токму сега и не треба ништо поеќе.

Така да, јас би удрил по 2-3 ластици по главата на продавачите кој ги има на секој чекор, а да ги прашаш што продаваат ни САМИТЕ незнаат, дали е ПЕТ ШОП или мачилиште за животни.

Исто малце надвор од тема, ама ќе кажам и за ова. Водни желки се продаваат на секој чекор. Никој не им пружа услови како што треба. Ретко имаат посебен аквариум со вода и камен за желките, скоро повеќето ги имаат ставено во пластична кутија, наредени една над друга, како локуми, не можат ни да мрднат ни да претнат. Прво - Стрес за животното, немање место да се движи, не им даваат ни храна, туку ги ставаат во присилна хибернација. Ќе издржи можеби една недела до две, али тешко дека ќе живее како што треба животното.
Ги продаваат во мини пластични садови со волујмент од 1,5 литри, во кој можете да се посерете и ништо повеќе, кои не се адекватни. едноставно , чукнете ја главата - Каде во тој сад ќе ставиш греач, филтер, каде желката ќе движи?

Далје, многу популарни поклони се водните желки на мали деца обично им ги земаат што е голема грешка. Интересна им е, некои имаат а некои немаат баш осет, па ги гњават, сечат, фрлаат низ соба, ги печат ги варат веќе се и сешто им прават. Помалите деца знаат често и во уста да ги стават или пак ги фаќаат со раце, а секој рептил, како на пример желките, пренесува САЛМОНЕЛА, која може да се внесе со организмот токму на тој начин,преку уста.
Често пати знаат да ги криват слаткарниците, и ред други прехрамбени индустрии за пренесување на салмонела, но никој не погледнал прво во домот, што чува, од каде ја добил таа болест.
За информација, да не се исплаши некој, можете да чувате водни желки, а фаќање, само по потреба кога е веќе итно, по можност со ракавици, или пак добро миење на рацете после фаќање.
 
L

Lu

Гостин
Ја зборав за помал аквариум, не е многу ако смениш 2 пати неделно вода, да речеме по 20 % не се менува многу а му доаѓа како освежување на рибите, се разбира ако ја мериш постојано колку расти нивото на амоњак, нитрати, нитрити, фосфати итн.
Па баш дека станува збор за мал аквариум ( јас под мал аквариум подразбирам се' што е под 50 литри ) , знаеш ли што ќе се случи ако во мал аквариум смениш наеднаш 50% вода ?

Зачленета сум во форуми за акваристика и таму стручните акваристи кажуваат дека најдобро е да се менува еднаш неделно по 30% вода, со 30% промена на вода нема многу да се пореметат параметрите, али 50% се веќе многу.
 
V

Vollstandig

Гостин
Па баш дека станува збор за мал аквариум ( јас под мал аквариум подразбирам се' што е под 50 литри ) , знаеш ли што ќе се случи ако во мал аквариум смениш наеднаш 50% вода ?

Зачленета сум во форуми за акваристика и таму стручните акваристи кажуваат дека најдобро е да се менува еднаш неделно по 30% вода, со 30% промена на вода нема многу да се пореметат параметрите, али 50% се веќе многу.
И јас сум зачленет на форум за акваристика, и може секој да се зачлени на форум за акваристика.
Не верувај во секој тиквар што ќе каже.
Нема да се контрам во овој случај, бидејќи си во право, јас напоменав за новооформен аквариум каде сака почесто менување вода :)
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
218
Поени од реакции
43
Здраво на сите, итно ми е многу ми требат да ми кажете услови за чување на скалари. Сега ќе зборев со еден има уште 5 мали скаларчиња и ако можам да ги направам условите да ги земам уште сега. Фала ве молам бидете брзии!
 
L

Lu

Гостин
ЗДРАВО НА СИТЕ .......ИТНООООО МИ Е МНОГУ МИ ТРЕБАТ ДА МИ КАЖЕТЕ УСЛОВИ ЗА ЧУВАЊЕ НА СКАЛАРИ. СЕГА КЕ ЗБОРЕВ СО ЕДЕН ИМА УШТЕ 5 МАЛИ СКАЛАРЧИЊА И АКО МОЖАМ ДА ГИ НАПРАВАМ УСЛОВИТЕ ДА ГИ ЗЕМАМ УШТЕ СЕГА..ФАЛА ВЕ МОЛАМ БИДЕТЕ БРЗИИ !
pandev_strumica , да знаеш за другпат дека не се пишува еден ист пост во 4 теми, доволно е во една тема да прашаш, немора едно исто прашање да поставуваш во 4 теми :)
Ти го избришав прашањево од другите 3 теми.
И исклучи капс лок не сме ќорави.
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
218
Поени од реакции
43
pandev_strumica , да знаеш за другпат дека не се пишува еден ист пост во 4 теми, доволно е во една тема да прашаш, немора едно исто прашање да поставуваш во 4 теми :)
Ти го избришав прашањево од другите 3 теми.
И исклучи капс лок не сме ќорави.
Хахаха ок, па ми треба итно мислење, ќе се потрошат скаларите од кај човекот :/
 
L

Lu

Гостин
Хахаха ок, па ми треба итно мислење, ќе се потрошат скаларите од кај човекот :/
Прашај го човекот од кај што ќе ги земеш скаларчињата во какви услови досега ги чувал, и после и ти напрај ги истите услови во твојот аквариум.
 
Член од
29 ноември 2011
Мислења
7
Поени од реакции
0
И јас сум зачленет на форум за акваристика, и може секој да се зачлени на форум за акваристика.
Не верувај во секој тиквар што ќе каже.
Нема да се контрам во овој случај, бидејќи си во право, јас напоменав за новооформен аквариум каде сака почесто менување вода :)
sakav da te prasam za mesanjeto na vidovi ribi
imam trihogaster i mi ti trcka karasite, trihogaster zolt (ne mu go znam imeto) i privremeno skalarite
e sega primetuvam deka perkite im se iskasani na karasite i skalarite
koi ribi da gi ostavam a koi da gi isfrlam od akvariumot ?
fala ti
 
L

Ligeia

Гостин
Лекови за бактериски,габични и екотопаразитски инфекции ќе ви ги напишам каде се ставаат а вие ќе си одредите доза според големината на вашите риби,каков вид се и големината на аквариумоти ќе си пресметате во сооднос со количината на вода:
1.Amoxicilin (бактериски инфекции) се третира 10 дена и се става во храна
2.Chloramphenicol (бактериски инфекции) 3-4 дена во храна
3.Chlortetracycline или може да се најде како Auremycin (надворешни бактериски инфекции особено предизвикани од Aeromonas i Pseudomonas бактерии чести во аквариумите) 10 дена во храна
4.Формалин 35-40% (екотопаразитски болести и габични инфекции) 150-250 mg/l (при низок pH) ова е стандардна количина сега вие ќе си определите во зависност од количината на вода во вашиот аквариум инаку рибите се бањаат во него.
5.Јодни препарати Wescodyne и Betadyne ( чистење на рани ) ова е исто бања со Wescodyne (1,6% јод и концентрација од 6,3 ml/l вода) и Betadyne (со 1,0% јод и концентрација од 10ml/l вода) за 10 минути.
6.Оксолинска киселина ( бактериски инфекции) се става во мала количина во храната до 3 дена.
Поздрав!:)
 
V

Vollstandig

Гостин
sakav da te prasam za mesanjeto na vidovi ribi
imam trihogaster i mi ti trcka karasite, trihogaster zolt (ne mu go znam imeto) i privremeno skalarite
e sega primetuvam deka perkite im se iskasani na karasite i skalarite
koi ribi da gi ostavam a koi da gi isfrlam od akvariumot ?
fala ti
Изгледа си почетник во акваристика што си избрала карас. Да бидам искрен, никогаш ја во живот па не сум избрал карас да чувам толку ми изгледал неприродно па после дознав оти стварно се модифицирани да изгледаат на популарната “златна риба од бајките“ па затоа и се најпродавана риба воопшто!

Како што пиша, карасите имаат искасаани перки, и скаларите, а тоа е затоа што имаат долги перки.
И затоа се прави споредба која риба со која си одговара, не се оди во продавница и само: Дај ја оваа шарената, онаа со перките и тие таму двете...без да се информираш која што е како е.
Јас претежно преферирам да чувам риби од исто подрачје и тоа многу влијае, на приемр азиска риба со америчка не мешам многу, освен рибите од дното т.н чистачи.
Далје, перките на карасите ти се искасани од поагресивни риби, може да се од барбус, борец, може од скаларот, може од бактериско распаѓање, има многу варијанти не може човек да ти кажи вака по интернет, ти само се најавуваш на форум и викаш “Помош тоа и тоа“.

Еве ти предлог од мене, како се претставува аквариум:

-Капацитет - тоа е литража и димензии на аквариумот.
-Осветлување
-Филтрација
-Менаџмент (промени на вода, ставање средства, прихрани за растенија, храни за риби)
-Ентериер (попис на риби и треви)
-Сики од аквариумот

И нормално според сликата ќе ти помогнам и јас и мноу што можат, ќе ти објаснам кој риби треба да ги отстраниш, а кој не.

Сепак незнам како стоиш со риби, али ја би ти предложил јатни риби да чуваш, глетката е неверојатна. И јас правев како тебе на почетокот натрупав се и сешто и добив депонија од аквариум. Секој ден имаше борби а и жртви во аквариумот.

п.с Имам за донација албино барбуси, 8 парчиња ако сака некој нека пиши по пвт.
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
218
Поени од реакции
43
МИ ДОНЕСОА СКАЛАРИ НА ПОКЛОН И ГИ СТАВИВ ВО АКВАРИУМОТ ЗАЕДНО СО ГУПИ ,ДАЛИ ИМА ПРОБЛЕМ АКО ЖИВЕАТ ЗАЕДНО СО ГУПИТЕ ИЛИ НЕ ИМ СМЕТА.
И УШТЕ ЕДНО ПРАШАЊЕ КАКО ДА НАПРАВАМ МЕКОСТ НА ВОДА ЗА СКАЛАРИ И НЕКОЈ ДРУГИ УСЛОВИ КОЈ ИМ СЕ ПОТРЕБНИ ДА МИ КАЖЕТЕ ..ФАла ондапред
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Јас имав Гупи и Скалари и заедно ми живееа во аквариум. Немаше никакви проблеми. Но јас имав помали скалари, е сега доколку имаш големи скалари, незнам.
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
218
Поени од реакции
43
не се многу големи отприлика околу 10 цм се ,ама па тие растат бргу xD
а знаеш ли како да направам помека вода за нив?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom