Смртна казна во Македонија? Да или Не?

Дали во Македонија би требало да постои егзекуцијата како казна?

  • Да

    Гласови: 510 58,8%
  • Не

    Гласови: 357 41,2%

  • Вкупно гласачи
    867
Не треба...премногу добра казна би била смртната за некои поединци...нека скапуваат во затвор
 
Не треба смртна казна. Шо фајде од то шо ќе го убиеш одма.
Поарно однеси го во некоја самица в затвор или во Бардовци, нека си игра пуканки меѓу ѕидојте

Da ama tie ke se praat ludi nekoj period i posle 6 meseci ke izlezat na sloboda.
 
И јас мислам дека сепак од затворот нема потешка казна,,а многу е морбидно да се извршуваат смртни казни...
 
Затворот е најсурова казна.Само заради тоа гласав не во анкетата.На некој што убива сеедно би му било дали е жив или не.Кога одзел живот барем нека скапува цел живот таму.А ако добие смртна казна ќе биде тоа многу блага казна.Само доживотен затвор во самица.
 
абе на тие им е убаво во затворот не оти скапуваат. им даваат за јадење беспари имаат кров над глава и нивно е само да си уживаат. зошто државата да ги храни и да троши пари на нив. смртна казна и решен проблем. јас мислам дека треба да постои.
штом им е сеедно дали ке бидат живи или не подобро е да не се живи.
зошто да зафаќаат место на оваа планета која и без нив е пренатрупана со луѓе.
 
Сум за смртна казна, овде во Македонија и секаде во светот...Некои олоши не заслужуваат да живеат без разлика дека со смртна казна ке им се скратат маките или не....
 
:helou:Гласам за, како големо предупредување на тие што ке одземат нечии живот, уништат нечија младост и слиц. злостворства.:smir:
 
За педофили, (сериски) убијци, highclass криминалци ДА
За порешно осудени "убијци" и сл. НЕ
За крадци не, не вреди до толку.

Златна Кина:vozbud:
 
смртна казна НЕ...боље дај му доживотна...само ќе го спасиш, ќе му ги скратиш маките со смртна...
 
Абе каква смртна, да му дадеш прилика за секунда да плати за делото што го сторил! Нема шанса, никако! Доживотна казна, од измачување да умре, да пати како што пател другиот(за убиства, силувања, малтретирања)
За кражби не мора да одиме до таму, многу е сепак...
 
абе јас сум за смртна казна затоа што живееме во ненормална држава
за во нормална држава не е смртната казна... во нормална држава затворот си е затвор- тоа ти е казна а не да бараш подобри услови, во нормална држава осудениот си е осуден а не фамилијата и комшилукот цела недела да протестираат: не беше крив, пиштолот сам го пукал ( сведок на висинит настан сум), во нормална држава за педофили, силувачи, терористи нема помилување, амнестија и аболиција ( која е производ на чисто чепатење и измислица како и такозваниот импичмент ( ај сеа видите кој ке употреби повеќе странски зборови позаебан е) ).. таквите осудени ГНИЈАТ в затвор, а не после неколку години да ги пуштат на слобода... за нив нема слобода пош тие се пореметени и тоа што го напрајле пак ќе го направат и пак треба да си ја чукаш главата заради ново злоставувано дете, силувана жена или терористички напад...
а за во ненормална држава као нашава ти е смртна казна, не за тој да се спаси туку за ние да се спасиме од нашиот корумпиран судски систем и од корумпираните институции на власта
АМИН
 
Не треба никој да се осеќа како да ја има моќта за да управува со животот на некој друг, без разлика што направил тој.Смртна казна по мене не треба да има, има доживотен затвор казна, подобро таа да се употребува одколку смртна казна.
 
Никако не треба да има смртна казна, така полесно им е. Поголема казна е цел живот во затвор. А за тие ептен што згрешиле - самица, цел живот. И не треба да се мешаат убијци со, на пример крадци. Човек на пример украл кола, ќе си ги одлежи годините и ќе си излезе, убиецот нема што да изгуби, ќе ги убива, ќе ги малтретира останатите затвореници. Најлошото со најлошото треба да се стави. И може да им се дава некаква работа да работат, да не полудат од досада и плус да си заработи за живот, а не да живее на грб на даночните обврзници. Данок плаќам да ми биде поубава државата за мене и за сите Македонци што живееат и што ќе се родат, а не да го ранам него, а тој да легачи цел ден. Плус, може и да се донесе погрешна пресуда - не е совршен правниот систем. И што си направил тогаш, си убил невин човек. Тоа не смее.:nenene:
 
Ако некој ја заслужи и под одредени услови треба да има.
Јес да кај нас поголеми се шансите да ја добиеш ако украдеш 2 тегли ајвар отколку убиство на човек. Излеа ипак не треба да има.. барем кај нас :nesvest:
 
За убијци и сл. ДА, но за крадци и сл. НЕ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom