Цензура на интернетот - SOPA/PIPA/ACTA/PCIP (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Dexter26
  • Време на започнување Време на започнување
22 земји го потпишаа договорот со кој има цел да се усогласи заштитата на авторските права низ поголемиот дел од светот. Како и да е гласовите на овие земји нема да важат освен ако Европскиот Парламент не го одобри ова. Само 5 земји не го потпишаа договорот за ACTA.

Извор: http://www.zdnet.co.uk/news/network...s-acta-as-activists-urge-resistance-40094914/

Едит: Во вакви ситуации да ти е мило шо Македонија не е во Европска Унија! :pos:
 
Може некој да ми појасни што има спорно во ова?

Зошто заштита на авторски права на некого толку многу му пречи?
 
2qbdf79.jpg
 
Пошто ќе има премногу нуспоследици што допрва ќе ги гледаме.
 
Сликава е без врска, основачот на MegaUpload е во притвор, тек треба да му се суди.
А за нееднакви казни можам да ти понудам илјада други примери, тоа не го оправдува кршењето на авторските права.

На пример?
Нема да можеш да ги симнеш најновите филмови од Замунда?
Мрш у кино додека сеуште ги има.

Што е со оваа торент генерација?
 
Ало момак ко прво и прво и јас немам ништо против ако донесат закон што ќе ја таргетира пиратеријата и ќе делува само врз неа без никакви последици , очигледно појма немаш за што све е законов (исто како и тие што сакаат да го донесат , 90% од нив го немаат прочитано цел пошто е екстремно обемен и комплициран) . Не мислам да ти објаснувам на тебе од нула какви све проблеми би направил овој закон , земи читај пред да треснеш нешто ок ;)
--- надополнето: 26 јануари 2012 во 23:22 ---
Потпишете ја петицијава
https://secure.avaaz.org/en/eu_save_the_internet_spread/?aLQUEcb
 
1t0m.jpg

Другар дали си ти свесен што се ќе се деси ако ова продолжи во ваква мера, или појма немаш, како што кажа дечкото над мене, како и тие што го донеле законов?
 
Може некој да ми појасни што има спорно во ова?

Зошто заштита на авторски права на некого толку многу му пречи?

Piracy Episode One - Copyright

Инаку проблемот со овие предлог закони (СОПА, ПИПА, АКТА) не е што нудат „заштита од пиратерија“, туку што имаат огромни дупки кои лесно се експлоатираат и даваат можност да се цензурираат работи кои немаат врска со пиратерија.

Остај што и самите т.н. „авторски права“ можат да се екплоатираат како „права за издавачот да го цица секој можен денар а АВТОРОТ да НЕ добива ни пет пари“. Видеото погоре е токму за ова второво.
 
Ало момак ко прво и прво и јас немам ништо против ако донесат закон што ќе ја таргетира пиратеријата и ќе делува само врз неа без никакви последици , очигледно појма немаш за што све е законов (исто како и тие што сакаат да го донесат , 90% од нив го немаат прочитано цел пошто е екстремно обемен и комплициран) . Не мислам да ти објаснувам на тебе од нула какви све проблеми би направил овој закон , земи читај пред да треснеш нешто ок ;)
--- надополнето: 26 јануари 2012 во 23:22 ---
Потпишете ја петицијава
https://secure.avaaz.org/en/eu_save_the_internet_spread/?aLQUEcb
Па тоа и прашав во првиот мој пост на темава, што е тоа толку спорно?
Дај кажи ми што има контроверзно, па и јас ќе потпишам петиција ако се сложувам.
 
Па вака сеа ... ќе можат да те тужат и да сносуваш некој последици од занемарливи работи како на пример споделување на статија од некој весник ,секоја страна што дури и линкува некој извор ќе го наебе , со самите овие мерки ќе исчезнат огромен број на страни што сите ние ги посетуваме на дневна база. Исто на youtube ќе останат само корпорациите и ќе се изгуби цела креативност. Исто така ќе има огромни последици по фармацевтската индустрија а и прехрамбената со збунувачките делови за патенти.

Кога ќе можам ќе напишам све убаво што проблеми ќе создаде овој ненормален закон ( кој патем е донесен , правен и изгласан ВО ТАЈНОСТ ) , сега немам време.
 
Може некој да ми појасни што има спорно во ова?

Зошто заштита на авторски права на некого толку многу му пречи?
Кога Моцарт ги пишувал своите дела, тој не добивал пари за авторски права, туку нарачателот ќе му исплател сума која ќе се договореле за трудот.
Сега секоја вуцибатина, ќе се пријави во некаква агенција за авторски права и бараат да сите, со години или векови им плаќаме, а воопшто не знаеме што сториле. Парите што се прибираат по основ на авторските права, во најголем дел се приход на такви агенции.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom