Ете така. Значи утврдивме пар пути дека се изведени експериментите, и уште некој дека стапнал на месечината.
Јас лично сум запознаен само со 2 експеримента ама ќе верувам на гугл и твоето откритите за повеќето.
Прашањето е кој е заклучокот и користа од тие експерименти? Зошто не се инвестирало повеќе во нив за да дојдеме до фантастичното сознание теоретизирано во абиогенезата?
Зошто веќе никој нема желба да стапнува на Марс итн.....? Ако имало корист од сето тоа, ќе продолжело сето тоа и ќе добиело на публицитет.
Или нема врска експериментот и неговиот заклучок со она што го тврди абиогенезата и автоматски е нерелевантен или воопшто не се случил?
Или не ни треба Месечината да ја колонизираме или не стапнале навистина на месечината?
Поентата е дека (според мене) НЕ СМЕЕШ ДА ПРИФАТИШ БЕЗ ДОЗА НА РЕЗЕРВА СЕ ОНА ШТО Е СЕРВИРАНО КАКО НАУЧНА ТЕОРИЈА. Откако ќе има доволно докзаи за истата тогаш можеме да зборуваме за истата како вистинита и точна.
Од аспект на бројки, логика, статистика и веројатност и абиогенезата и создавањето за 6 дена од страна на Бог се смешни.
Само едната е посмешна од другата, како за кого.
Првиот болд: заклучокот е дека е докажана првата фаза од абиогенезата. Користа е како за кого - некои немаат корист од тоа, ниту задоволство и умираат од досада, а за некои тоа е уште еден успех на науката во благопријатното проширување на знаењето.
Вториот болд: желба постои (види го сајтот на НАСА), ама постои и нешто друго што се вика финансирање. И што ќе ти е неколкумесечно патување до Марс и стапнување на него, кога мисиите со роботските ровери одлично си функционираат (веќе лансираа нов)? И што има тоа врска со темава?
Третиот болд - што не се случило? Експериментот на Милер?? Ајде немој те молам...
Четвртиот болд („или не стапнале навистина на месечината?“)
: Ти ова сериозно???
Петиот болд („Откако ќе има доволно докази“): навистина не знам што се за тебе
доволно докази? Колку ти требаат?
Од аспект на науката, абиогенезата не е смешна, а креационизмот од Бог (и тој заедно) е непостоечко.
--- надополнето: 26 јануари 2012 во 18:29 ---
Antiteist напиша: ↑
Ајде не биди таков буквалист. Никој досега не добил жив организам од неоргански соединенија, тоа би бил ултимативниот доказ. Ама тоа не значи дека теоријата за абиогенеза е погрешна
Не значи ни дека е точна. Она што цело време кажувам а не читаш. Ако со вера (догматски) ова ни го кажуваш, тогаш не си ништо подобар од Микиќ на пример, или било кој верник.
Ми го прекина цитатот на најинтересното место. Еве го повторно целото објаснување (обрни внимание на црвеното):
Antiteist напиша: ↑
, затоа што во таа теорија има фази - прво од неоргански соединенија се формираат органски (оваа фаза веќе е докажана), а потоа од тие органски молекули се формираат едноклеточни ќелии, па потоа... веќе знаеш...
Ако докажеш некоја од фазите, на прав пат си за докажување на целата теорија.
Ете тој болдот боде очи... Ако веќе знаеш како, повели со доказите и земи си ја нобеловата награда.
Не знам како, никој за сега не знае, ама теоријата е поставена и почетната фаза е докажана. Кога ќе се докажат сите фази, некој ќе ја земе Нобеловата награда, сигурно. Штета што тоа нема да бидам јас. А ни ти.
Од друга страна, некој може да ја земе Нобеловата и ако докаже дека абиогенезата е погрешна,
докажувајќи сосема друг начин на постанокот на животот. Тоа сигурно нема да бидам јас. Ти имаш некои шанси, бидејќи си скептичен во врска со абиогенезата.
Antiteist напиша: ↑
Теоријата за абиогенезата е здраво поставенанаучна теорија и науката работи на неа да ја докаже или да ја собори. Или мислиш дека треба да крене раце и мирно да си спие?
Науката нека си работи. Како што велиш, или ќе ја докаже или собори. Дотогаш е само претпоставка. Нема потреба ни ти да веруваш ни било кој, па ни научниците.
Не е само претпоставка - абиогенезата е
теорија! Како и за секоја теорија, потпирањето на неа ќе донесе до нови сознанија. Игнорирањето или чекањето некој да ја докаже нема да донесе резултати.
Antiteist напиша: ↑
Во меѓувреме, на која друга теорија за настанокот на животот треба да работи науката?
Таа што уште не е докажана и поставена, на вистинската треба да работи, која ќе биде времето ќе каже, или можда и никогаш нема.
Ти така можеш да ги прогласиш
сите научни теории за невистински и недокажани и да се изначекаш некој да ти ги открие „вистинските“.