Antiteist
ateist
- Член од
- 19 декември 2011
- Мислења
- 127
- Поени од реакции
- 104
Не знам зошто одбиваш некои научно потврдени факти и некои добро поставени теории. Ако не ти се допаѓаат - твој проблем, и никому ништо. Ако не ти се допаѓаат и мислиш дека можеш да ги собориш - повели, има научни списанија, се знае постапката како се соборуваат научни теории.Кој кого и зошто не разбира не знам. Да ти изџвакам и се готово да ти дадам како знаење и да можам, не сакам.
Живењето во сопствените „факти“, кои ни за науката не се факти, е твој проблем. Упорно фураш некои твои „факти“ а не ги читаш другите, убаво ти посочив пред некое време на што да обрнеш внимание. Тешко си на научниците ако оперираа со такви „факти“ како твоиве, ќе бевме 200 години назад.
Те послушав и се вратив некои 15, па и 30 страници наназад во темава да видам што посочуваш како алтернатива на абиогенезата и Биг Бенгот. Тоа се овие:
Од тие 7 теории, 6 се абиогенеза, а се разликуваат само во почетните услови. Седмата е панспермија, во која имплицитно постои абиогенезата (никој не спомнува Бог како почетниот извор за панспермијата - тоа се коси со Библијата). Тука нема никаква алтернатива на абиогенезата. Претходно ти напишав дека во науката нема друга алтернатива на абиогенезата (кај панспермијата абиогенезата настанала некаде надвор од Земјата).еве ти овде само 7 теории (а има и други).http://www.livescience.com/13363-7-theories-origin-life.html
А еве ти го видеото од уште една теорија
Со голем интерес почнав да го гледам 50-минутното видео, но после 5 минути го исклучив - типот таму почна да треска неверојатни глупости за панспермијата! Демек, во гените на наједноставните живи организми кои дошле на Земјата било кодирано дека од нив ќе се развие човекот!! Ѕирнав кој е авторот и од каде доаѓа тоа видео - од сајтот BrainMind.com. Авторот е Rhawn Joseph, доктор по медицински науки и напишал многу научни трудови и 30 книги (!) од областа на неурологијата. Што да кажам освен браво, ама некако сомнително многу ми се 30 книги, типот работи 50 часа на ден, повеќе него Грујо... што е многу многу е. Башка, типот напишал и 3 книги за космологијата, Биг Бенгот и то. Ајде нека му биде, можда му е хоби тоа, ама тој застапува теорија дека нашиов универзум е статичен! А бе ајде...
И тоа не е се', ако се јавите на неговиот и-мејл, тој наплаќа само 35 $ за 15-минутна експертска консултација за, пази сега, секоја можна тема!!!!!!! Типот не боледува од скромност.
Првата теорија е M-Brane, а втората теорија е мултиуниверзум . И двете во принцип не се разликуваат од класичниот Биг Бенг после моментот на инфлацијата, односно моментот кога почнува да се формира материјата (кварк-глуон плазмата). Третата теорија е повеќе филозофска отколку космолошка и не може да се тестира - према тоа, не е интересна за науката.Да се осврнам прво на тие 3 точки што си ги навел. Сите тие докажуваат дека универзумот се шири, ништо повеќе. А тоа е премалку за да биг бенг биде докажан. Внимавај каде го користиш зборот „доказ“.
За ниедна теорија досега нема доказ. За ниедна. Онаа за која ти мислиш дека е уште една не ја земам во обзир. Има повеќе други теории кои по број на такви „докази“ кои ти си ги навел се исти. Еве ти за почеток 3 а ги има дузина други.
Ирационално е недокажаното да се зема како апсолутна вистина. Тоа и тоа како може да биде догма.
3 Theories That Might Blow Up the Big Bang
Па имаш и Стринг теоријата, М теоријата, Мултиверзум теоријата, Холограмска парадигма.....итн, ги има многу, не се 2 како што велиш. Та не сме ко креационистине, да со побивањето на еволуцијата (за жал неуспешно) да го докажуваат Интелегентниот (теолошки) Дизајн.
Само холографскиот уиниверзум е нешто сосема ново, ама засега нема никакви докази за тоа.