Дали атеизмот е заснован на вера или на наука?

Antiteist

ateist
Член од
19 декември 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
Кој кого и зошто не разбира не знам. Да ти изџвакам и се готово да ти дадам како знаење и да можам, не сакам.
Живењето во сопствените „факти“, кои ни за науката не се факти, е твој проблем. Упорно фураш некои твои „факти“ а не ги читаш другите, убаво ти посочив пред некое време на што да обрнеш внимание. Тешко си на научниците ако оперираа со такви „факти“ како твоиве, ќе бевме 200 години назад.
Не знам зошто одбиваш некои научно потврдени факти и некои добро поставени теории. Ако не ти се допаѓаат - твој проблем, и никому ништо. Ако не ти се допаѓаат и мислиш дека можеш да ги собориш - повели, има научни списанија, се знае постапката како се соборуваат научни теории.

Те послушав и се вратив некои 15, па и 30 страници наназад во темава да видам што посочуваш како алтернатива на абиогенезата и Биг Бенгот. Тоа се овие:

еве ти овде само 7 теории (а има и други).http://www.livescience.com/13363-7-theories-origin-life.html
А еве ти го видеото од уште една теорија
Од тие 7 теории, 6 се абиогенеза, а се разликуваат само во почетните услови. Седмата е панспермија, во која имплицитно постои абиогенезата (никој не спомнува Бог како почетниот извор за панспермијата - тоа се коси со Библијата). Тука нема никаква алтернатива на абиогенезата. Претходно ти напишав дека во науката нема друга алтернатива на абиогенезата (кај панспермијата абиогенезата настанала некаде надвор од Земјата).
Со голем интерес почнав да го гледам 50-минутното видео, но после 5 минути го исклучив - типот таму почна да треска неверојатни глупости за панспермијата! Демек, во гените на наједноставните живи организми кои дошле на Земјата било кодирано дека од нив ќе се развие човекот!! Ѕирнав кој е авторот и од каде доаѓа тоа видео - од сајтот BrainMind.com. Авторот е Rhawn Joseph, доктор по медицински науки и напишал многу научни трудови и 30 книги (!) од областа на неурологијата. Што да кажам освен браво, ама некако сомнително многу ми се 30 книги, типот работи 50 часа на ден, повеќе него Грујо... што е многу многу е. Башка, типот напишал и 3 книги за космологијата, Биг Бенгот и то. Ајде нека му биде, можда му е хоби тоа, ама тој застапува теорија дека нашиов универзум е статичен! А бе ајде...
И тоа не е се', ако се јавите на неговиот и-мејл, тој наплаќа само 35 $ за 15-минутна експертска консултација за, пази сега, секоја можна тема!!!!!!! Типот не боледува од скромност.

Да се осврнам прво на тие 3 точки што си ги навел. Сите тие докажуваат дека универзумот се шири, ништо повеќе. А тоа е премалку за да биг бенг биде докажан. Внимавај каде го користиш зборот „доказ“.
За ниедна теорија досега нема доказ. За ниедна. Онаа за која ти мислиш дека е уште една не ја земам во обзир. Има повеќе други теории кои по број на такви „докази“ кои ти си ги навел се исти. Еве ти за почеток 3 а ги има дузина други.
Ирационално е недокажаното да се зема како апсолутна вистина. Тоа и тоа како може да биде догма.
3 Theories That Might Blow Up the Big Bang
Па имаш и Стринг теоријата, М теоријата, Мултиверзум теоријата, Холограмска парадигма.....итн, ги има многу, не се 2 како што велиш. Та не сме ко креационистине, да со побивањето на еволуцијата (за жал неуспешно) да го докажуваат Интелегентниот (теолошки) Дизајн.
Првата теорија е M-Brane, а втората теорија е мултиуниверзум . И двете во принцип не се разликуваат од класичниот Биг Бенг после моментот на инфлацијата, односно моментот кога почнува да се формира материјата (кварк-глуон плазмата). Третата теорија е повеќе филозофска отколку космолошка и не може да се тестира - према тоа, не е интересна за науката.
Само холографскиот уиниверзум е нешто сосема ново, ама засега нема никакви докази за тоа.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Не знам зошто одбиваш некои научно потврдени факти и некои добро поставени теории. Ако не ти се допаѓаат - твој проблем, и никому ништо. Ако не ти се допаѓаат и мислиш дека можеш да ги собориш - повели, има научни списанија, се знае постапката како се соборуваат научни теории.
Не се трудиш да разбереш. Она во кое сме различни, е што ти со верување (да не речам, догматски) ги прифаќаш теориите, кои не се целосно докажани, а јас ги прифаќам но со скепса. И тоа тебе те чуди, не знам зошто.
Ти си оној кој што упорно негираш некои можности, не јас, е сега што би рекле „со твој камен.....“ повели ти имаш часописи демантирај. Јас немам што да демантирам, јас сум само скептичен и оставам простор на не-мејнстрим теории можност да има дел од вистината. Не ја негирам ни можноста за некаков си креатор (не Бог од религиите) Што ако делумично се повеќе теории точни па за некое си време се изнајде теорија која ќе обедини делови од повеќе.
Многу со леснотија прифаќаш „факти“ кои ни за научниците не се факти.
Бидејќи опфативме повеќе прашања, за космичката еволуција (веројатно ти е јасно зошто не го користам терминот биг бенг) и за биолошката генезата (не знам како да крстам, не верувам во абиогенезата) ќе се осврнам на двете

Космичката еволуција и објаснувањето на другите теории (тие 3 кои ги имаш цитирано, а има и уште неколку) Точно дека го вклучуваат и некој си (или некаков си биг бенг) во себе. Но тоа е прашањето дали тој сингуларитет бил таков, дали навистина бил сингуларитет составен од збиена маса од основни честици на атомот (јас кога ги учев во некое далечно минато, атомите не беа познати кваркови и глуони, постоеа само протони, неутрони и електрони), може има и уште поситни делови од атомот за кои не знаеме, а можеби некоја друга плазма (облак, топка, што јас знам) од цели атоми, можда .....триста работи други..... Науката сеуште тоа не може да го докаже, се работи за претпоставка.
Но да се навратам, назад најверојатно која друга теорија да се земе (Пулсирачката терија, Мултиверзум...итн), најверојатно тие (какви и да се) биг-бенгови се циклични, се повторуваат во недоглед. Значи не може да зборуваме за некаков си почеток. Што би рекол Ајнштајн за бесконечноста, 2 работи се бесконечни, ама за едната не бил сигурен.......

За биолошката генеза и панспермијата постојат докази дека во метеори се најдени прости организми, значи панспермијата е можна. Она видео го спомнав само како една алтернатива, не го земам како точно, пак ќе речам ниту една теорија нема апсолутен доказ, ако е така, зошто не би било спој од повеќе, или можеби „нешто измеѓу“.
Или пак нешто сесем ново, кое не ни е познато. И не знам ај размисли дали живи организми, не може отсекогаш да постојат? Врз основа на што го тврдиш тоа? Научен доказ за абиогенеза, макар и на друга планета нема.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.019
Но да се навратам, назад најверојатно која друга теорија да се земе (Пулсирачката терија, Мултиверзум...итн), најверојатно тие (какви и да се) биг-бенгови се циклични, се повторуваат во недоглед. Значи не може да зборуваме за некаков си почеток. Што би рекол Ајнштајн за бесконечноста, 2 работи се бесконечни, ама за едната не бил сигурен......
Зборуваме за почеток на денешниот универзум, т.е. универзумот во кој живееме. :)
Иначе, постојат наоди (докази) дека паралелно (временски?) постојат и други универзуми (вселени) со нашиот.
Логичка претпоставка е дека постоеле други универзуми.
Битното е, дека нема никакви докази против Биг Бенгот, туку напротив. :)
Што било пред тоа (релативно), дали постоеле или постојат други Биг бенгови, не е битно, засега... :)

ај размисли дали живи организми, не може отсекогаш да постојат?
Те молам објасни на што мислиш. Вака, никако не можам да сфатам. :)
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Зборуваме за почеток на денешниот универзум, т.е. универзумот во кој живееме. :)
Иначе, постојат наоди (докази) дека паралелно (временски?) постојат и други универзуми (вселени) со нашиот.
Логичка претпоставка е дека постоеле други универзуми.
Битното е, дека нема никакви докази против Биг Бенгот, туку напротив. :)
Што било пред тоа (релативно), дали постоеле или постојат други Биг бенгови, не е битно, засега... :)
Првиот болд, Ако циклично се повторува, тогаш за кој почеток зборуваме? Нема почеток, Бесконечноста не може да има почеток.
Вториот болд. Нема никакви докази против, но нема ни докази за. Велам докази. Многу лесно се расфрлате со зборовите доказ и факт. Биг бенгот е математичко-физички модел за тоа како можеби бил и е претпоставка. Има неколку аргументи кои му одат во прилог, но никакви докази ни факти. Дали бил сингуларитет, дуалитет, облак, прашина итн од атоми, протони, кваркови.... се се тоа претпоставки.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.019
Првиот болд, Ако циклично се повторува, тогаш за кој почеток зборуваме? Нема почеток, Бесконечноста не може да има почеток.
Вториот болд. Нема никакви докази против, но нема ни докази за. Велам докази. Многу лесно се расфрлате со зборовите доказ и факт. Биг бенгот е математичко-физички модел за тоа како можеби бил и е претпоставка. Има неколку аргументи кои му одат во прилог, но никакви докази ни факти. Дали бил сингуларитет, дуалитет, облак, прашина итн од атоми, протони, кваркови.... се се тоа претпоставки.
1. Не навлегуваме во тоа дали постоеле или постојат (а најверојатно и постоеле и постојат) други универзуми или дали циклично се повторуваат. ББ се занимава со нашиот, сегашен универзум и тука сосем е небитно постоењето на други универзими. Тие се материјал со кои се занимаваат други теории и гранки од физиката. Засега, постојат само наоди дека постојат други универзуми, паралелно со нашиот.

2. Аргументите се последица на доказите. :) Има многу докази кои одат во прилог на ББ, но ниту еден контра ББ. Набројани се претходно.
Повторно, ББ не се занимава дали постоел сингуларитет или што и да е. И тоа е материјал со кој се занимаваат други гранки од физиката. И точно, тоа се претпоставки, засега...
 
1. Нашиот универзум (ако може да се рече наш) се испреплетува со другите и не може да се изолира, сите меѓусебно влијаат еден на друг.
2. Е овде ќе објасниме некои работи кои или не сакаш или не можеш да ги разбереш. Првиот болд не ти е точен. Точно е следното тврдење. Ниеден доказ нема против ББ ниту пак има ниеден за. Помири се со тоа тоа е само факт, друг нема. Ако мислиш сапротивно повели доказите на сонце. Ни научниците не ги виделе како такви јас и ти уште помалку ќе ги видиме.
Вториот болд исто така не е точен. Биг бенг и тоа како се занимава со сингуларитетот. Ете погледај и сам, имаш википедија имаш други извори повели погледај. Зашто се вика тој модел Биг-Бенг? Поради бенгот. Не треба да ти преведувам нели?
 
1. Постојат малку докази за тоа. Според тие докази, не се испреплетува, туку се судира со другите универзуми.

2. Не е точно, бидејќи докази постојат кои одат во прилог на ББ. Тие не можат да се игнорираат.

3. ББ не се занимава со сингуларитетот. ББ просто, го објаснува експанзионичкиот универзум.
Дури и ББ нема (засега) објаснување за сосем самиот почеток на експанзијата:

There is little evidence regarding the absolute earliest instant of the expansion. Thus, the Big Bang theory cannot and does not provide any explanation for such an initial condition; rather, it describes and explains the general evolution of the universe going forward from that point on
Тоа е ова.

Сингуларитетот е предмет на истражување на овие теории.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.019
Добро штом се сложивме дека нема докази
Да, но од таа точка наваму се е во ред со ББ.
А нема докази заради недоволен технолошки развиток. Тоа треба да се реши во иднина.
 
Antiteist

ateist
Член од
19 декември 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
Не се трудиш да разбереш. Она во кое сме различни, е што ти со верување (да не речам, догматски) ги прифаќаш теориите, кои не се целосно докажани, а јас ги прифаќам но со скепса. И тоа тебе те чуди, не знам зошто.
Ти си оној кој што упорно негираш некои можности, не јас, е сега што би рекле „со твој камен.....“ повели ти имаш часописи демантирај. Јас немам што да демантирам, јас сум само скептичен и оставам простор на не-мејнстрим теории можност да има дел од вистината. Не ја негирам ни можноста за некаков си креатор (не Бог од религиите) Што ако делумично се повеќе теории точни па за некое си време се изнајде теорија која ќе обедини делови од повеќе.
Многу со леснотија прифаќаш „факти“ кои ни за научниците не се факти.
Сега веќе си појасен, ама немој ни да помислиш дека си нешто многу скептичен. Нема шанси да бидеш поскептичен од самата наука! Токму заради таа скептичност и конзервативност, во науката тешко се прифаќаат нови, радикални теории. Новите теории се прифаќаат од науката како работни само ако понудат многу цврсти докази, или ако понудат идеи за експерименти со кои би можеле да бидат докажани. Долг е патот од работна до прифатена теорија. „Целосно докажана теорија“ е многу нејасен поим.
Твојата лична скепса кон одредени теории не ја поткрепуваш со ниту еден доказ против. Јас не ги прифаќам слепо научните теории, но ги прифаќам. Моите скромни знаења од науката и праксата се поклопуваат со научните теории, па затоа ги прифатив и нема што да демантирам од нив. Јас упорно ги негирам само оние можности кои се отфрлени од науката. Од друга страна, им се чудам на оние (не мислам на тебе) кои многу лесно отфрлаат научни теории, иако немаат нешто поголемо знаење за таа научна област од мене, или од некој друг овде. Скромноста не е лоша особина. Претходно напишав - се сомневам дека во Македонија воопшто постои човек кој има доволно знаење да оспори или собори некоја голема научна теорија. Ако имаше таков, досега ќе имавме наш нобеловец.
Не ми е јасна можноста за креатор, кој не е Бог од религиите. Кој е тој можен креатор?

Бидејќи опфативме повеќе прашања, за космичката еволуција (веројатно ти е јасно зошто не го користам терминот биг бенг) и за биолошката генезата (не знам како да крстам, не верувам во абиогенезата) ќе се осврнам на двете

Космичката еволуција и објаснувањето на другите теории (тие 3 кои ги имаш цитирано, а има и уште неколку) Точно дека го вклучуваат и некој си (или некаков си биг бенг) во себе. Но тоа е прашањето дали тој сингуларитет бил таков, дали навистина бил сингуларитет составен од збиена маса од основни честици на атомот (јас кога ги учев во некое далечно минато, атомите не беа познати кваркови и глуони, постоеа само протони, неутрони и електрони), може има и уште поситни делови од атомот за кои не знаеме, а можеби некоја друга плазма (облак, топка, што јас знам) од цели атоми, можда .....триста работи други..... Науката сеуште тоа не може да го докаже, се работи за претпоставка.
Но да се навратам, назад најверојатно која друга теорија да се земе (Пулсирачката терија, Мултиверзум...итн), најверојатно тие (какви и да се) биг-бенгови се циклични, се повторуваат во недоглед. Значи не може да зборуваме за некаков си почеток. Што би рекол Ајнштајн за бесконечноста, 2 работи се бесконечни, ама за едната не бил сигурен.......
Првата научна теорија за космичката еволуција е теоријата за Биг Бенг. Таа е изведена од Општата релативност, која од своја страна не ги опфаќа квантните појави, па затоа во оваа теорија се јавува сингуларност на самиот почеток на Биг Бенгот. Затоа подоцна се појавија неколку други теории, кај кои е избегнат тој сингуларитет, под претпоставка дека квантните појави на екстремно мали растојанија се посилни од таа огромна гравитациона сила (важи и кај црните дупки). Ама тоа не значи дека теоријата на Биг Бенг не е точна, особено во својата суштина. Повеќето тие други теории не се разликуваат од Биг Бенг теоријата од моментот 10^-32 секунди па до денес - тие само подобро објаснуваат што имало пред тој момент. Науката ја има докажано состојбата на материјата во универзумот веднаш по моментот 10^-32 секунди. Тоа е уште еден доказ во прилог на теоријата на Биг Бенг (и во прилог на уште неколку други теории).
И кај цикличен универзум може да збориме за почеток - почеток на овој универзум во кој сме сега, иако целиот тој цикличен процес е бесконечен. Ако науката успее потполно да го објасни овој еден почеток, потоа ќе може да објасни нешто повеќе за законитостите од тој циклус.

За биолошката генеза и панспермијата постојат докази дека во метеори се најдени прости организми, значи панспермијата е можна. Она видео го спомнав само како една алтернатива, не го земам како точно, пак ќе речам ниту една теорија нема апсолутен доказ, ако е така, зошто не би било спој од повеќе, или можеби „нешто измеѓу“.
Или пак нешто сесем ново, кое не ни е познато. И не знам ај размисли дали живи организми, не може отсекогаш да постојат? Врз основа на што го тврдиш тоа? Научен доказ за абиогенеза, макар и на друга планета нема.
Во метеоритите се најдени комплексни органски соединенија, но не и организми. Кај оној познатиот метеорит со потекло од Марс најдени се некои скаменети форми кои потсеќаат на колонии од бактерии, но цврст доказ сеуште нема. Панспермијата е можна, но повторно мора да има некој почеток - затоа абиогенезата е единствената научна теорија. Панспермијата е само една можна гранка на абиогенезата.
Живите организми не можеле отсекогаш да постојат, затоа што морале да пројдат 380.000 години од почетокот на универзумот, за да се симне температурата доволно ниско (3000 степени) да можат да се формираат првите атоми на водород и хелиум.
Доказ за абиогенеза нема, ама има доволно докази за настанување на сложени органски молекули од неоргански, по случаен пат и под дејство на обични природни сили.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Сега веќе си појасен, ама немој ни да помислиш дека си нешто многу скептичен. Нема шанси да бидеш поскептичен од самата наука! Токму заради таа скептичност и конзервативност, во науката тешко се прифаќаат нови, радикални теории. Новите теории се прифаќаат од науката како работни само ако понудат многу цврсти докази, или ако понудат идеи за експерименти со кои би можеле да бидат докажани. Долг е патот од работна до прифатена теорија. „Целосно докажана теорија“ е многу нејасен поим.
Твојата лична скепса кон одредени теории не ја поткрепуваш со ниту еден доказ против. Јас не ги прифаќам слепо научните теории, но ги прифаќам. Моите скромни знаења од науката и праксата се поклопуваат со научните теории, па затоа ги прифатив и нема што да демантирам од нив. Јас упорно ги негирам само оние можности кои се отфрлени од науката. Од друга страна, им се чудам на оние (не мислам на тебе) кои многу лесно отфрлаат научни теории, иако немаат нешто поголемо знаење за таа научна област од мене, или од некој друг овде. Скромноста не е лоша особина. Претходно напишав - се сомневам дека во Македонија воопшто постои човек кој има доволно знаење да оспори или собори некоја голема научна теорија. Ако имаше таков, досега ќе имавме наш нобеловец.
Не ми е јасна можноста за креатор, кој не е Бог од религиите. Кој е тој можен креатор?
Мојата скепса не треба да ја докажувам ни да уривам теории. Нели непостоењето не се докажуваше?
Сите тие недокажани или недоречени теории треба да се докажат (или отфрлат). Се додека се такви, нема причина да им се верува. Истата реченица (болдот) ќе го преформулирам вака:
Им се чудам на оние (не мислам на тебе) кои многу лесно прифаќаат научни теории, иако немаат нешто поголемо знаење за таа научна област од мене, или од некој друг овде
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Мојата скепса не треба да ја докажувам ни да уривам теории. Нели непостоењето не се докажуваше?
Сите тие недокажани или недоречени теории треба да се докажат (или отфрлат). Се додека се такви, нема причина да им се верува. Истата реченица (болдот) ќе го преформулирам вака:
Им се чудам на оние (не мислам на тебе) кои многу лесно прифаќаат научни теории, иако немаат нешто поголемо знаење за таа научна област од мене, или од некој друг овде
Болдот е апсолутно точен:cuc:

Хехе болдираното, во една друга наука или псевдонаука некој ја нарекува, е една од дефинициите за поседување комплекс.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Болдот е апсолутно точен:cuc:

Хехе болдираното, во една друга наука или псевдонаука некој ја нарекува, е една од дефинициите за поседување комплекс.
За која тоа псевдонаука станува збор?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom